1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Што ви недостига од вашето детство?

Дискусија во форумот 'Социологија' започната од Hip.Hop_MKD, 18 февруари 2012.

  1. incule

    incule Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    443
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Ми недостига се,што не се нервирав,што не сваќав некои работи,што бев безгрижна,ми фалат игрите,ми фалат седење на улица
     
  2. JaMi

    JaMi Модератор Член на администрација

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,295
    Допаѓања:
    14,328
    Пол:
    Женски
    Играњето на улица (вис,граница,жмурка,џамија,ластик)безгрижноста,слободата.Детските муабети,караници и детските бељи.
    Детската пошта,салфетките,џамлиите играњето со кукли и барбики пред зграда.Правењето специјалитети од кал и многу пари од лисја се дел од незаборавното време.
     
    На Mnogo Bitno му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    926
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Да истепам некој зошто ми ги зел играчките или не играл по мои правила.
    Да си берам лалиња, зумбули и нарциси од двор пред да расцутат.
    Да си шлапкам во вирчиња кога врне.
     
  4. bliznaci

    bliznaci Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2015
    Мислења:
    123
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Ми недостига повеќе дружбата со децата од населбата,зашто сите,баш кога ќе им се приближев,стануваа и бегаа.Многу некултурни и лоши беа и се тие деца,и тогаш и сега.Дали од љубомора или поради невоспитување од родителите беа и се такви тие?
     
  5. incule

    incule Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    443
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    И заборавив да кажам... да имам безгрижно детство
     
  6. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Истакнат Член

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,568
    Допаѓања:
    681
    Пол:
    Машки
    Секој има нешто што му фали во зависност од тоа како растел и со што,мене ми фалат многу работи пред се треба да се потенцира дека во тој период имаше деце на улица сега нема деца има коли и деца кој комуниицираат преку апликации,а денешните деца и да сакаат не можат да се прилагодат на тие игри и тој дух што владееше и е негде длабоко во меморијата на асвалтот и градскиот кал,зашто нели има разлика од градски и селски кал (блато) ..
    Како прво тие седенки на тротоар тие игри кој се зборат и ден денес,стариот кондураџија кој знаеше да дојде и да изигра една партија сервис како пример ај до 11 (демек набрзина да ве исплескам) ,а врска нема (wave) сепак моментите се незаборавни и полни со искреност во тој период,цртање коцка за граница,мавањето со костени по секој автобус што ќе помине па брканица со полиција итн,се правеа бункери во некоја да не речам шума која беше одма позади зградите,доминираше играта бззз каде што пукаа рацете каде што еден мава,а друг скока па демек да не те погодат дека си мавнал ти,баш памтам еден стар наркоман само што беше држечи во тој период,а сега сосема случајно го видов пред умирање во Влае како поминува улица во пижами (изгледа скокнал до Бардовци) како и да е лежеше он почесто на бзз и кога ќе го штракневме така пукаше што и продавачките од дуќаните се вртеа и се крстеа :cool:,фатален беше удароот и ден денес се смееме кога го удри така дечкото имаше,а и сега има 130-140 килца како го удри одма во истиот момент падна кај решетките на зградата и не можеше да стане,а овоој му дига 2 прста и му вика бззз,а ние се мочаме од смеење :x:facepalm2:igra:igra,ластици се маваа јако,џамлии на мор со порцеланки со картали,тогаш девојчињата на клупа не се ебаваа и не пушеа трева туку чуваа мачки и кучиња,со ова сакам да го доловам тиој период и овој и тоа како и колку е буквално сменето скоро се..
    Има уште безброј моменти кој се така баш познати во тоа време и го одсликуваат нашето растење,а и на многу други нели она генерациски горе доле тука ! :kafe;)... Тоа недостига ептен многу !
     
  7. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,386
    Допаѓања:
    3,766
    Пол:
    Машки
    Искреното пријателство.
     
  8. ВинаНевина

    ВинаНевина Полноправен Член

    Зачленет на:
    26 мај 2017
    Мислења:
    69
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Ми фали да излезам со кришката леб намачкана со маргарин или ајвар и да гризам среќна што ќе јадам надвор и нема да изгубам ни еден дел од играта. Ми фали да седам на тротоар и да гризам сончоглед се додека не ми се отворат рани на устата од солта. Да играм криенка и ако нешто не ми е по ќеиф да им ја растурам играта и на останатите :cool:
    Ми фали да си купувам школски прибор пред 1ви Септември, па со другарките да седнеме и да им се восхитуваме на шарените повески и на кориците од тетратките со Млади Бунтовници.
    Многу работи ми фалат. Немав безгрижно детство, напротив, пораснав многу брзо зашто животот така ми налагаше, но им се радував на малите нешта и токму тие сега се нештата што ми фалат.
     
    На Mnogo Bitno и bliznaci им се допаѓа ова.
  9. ●Untouchable°

    ●Untouchable° Истакнат Член

    Зачленет на:
    24 август 2015
    Мислења:
    1,170
    Допаѓања:
    1,111
    Пол:
    Женски
    Буквално ништо.. Толку страшно детство сум имала што и ден денес се трудам да го заборавам!

    Едит: можеби само играњето ластик и шлакањето со кал кога и ги виткав сите лажици на баба ми за да "готвам".. друго.. ич ништо поќе било лошо и морбидно..
     
  10. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Истакнат Член

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,568
    Допаѓања:
    681
    Пол:
    Машки
    Пред се духоот на тоа време атмосверата,тие чувства кој сега ги нема ни со пари,бањањето на Вардар и Треска меѓу другото,сето она кое било живо тогаш и било дел од тебе,а сега го нема да не наброојувам ќе ми треба еден саат сигурно :(:cool:
     

Сподели: