Што ве привлекува повеќе, изглед или карактер?

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Јас сакам некој да ми парира.
Во убавина, интелект, амбиции.

Карактер како карактер, колку луѓе сме, толку и карактери има. Сакам да сум сосема океј со неговиот, сакам да има нешто што малку ме нервира зошто ако е совршено се, мене ми е досадно.

Искрено не можам да разберам како луѓето викаат карактер а не лепота. За една врска да успее, мора да има хемија меѓу партнерите. Ако мене некој ми е непривлечен (Значи мене, на некоја друга може да и е привлечен), колку и да е добар карактерно, колку и да ми одговара неговиот карактер не знам дали би издржала. Од привлечноста почнува се, со човек што ми е непривлечен не би можела да се бакнам а камо ли нешто повеќе.

Тоа јес да без карактер не може ништо, ама ако некој те воодушевува само карактерно, тогаш повеќе би го гледала како другар, како некој со кој можам да живеам цел живот, да се ослонам ако ми треба помош и сето тоа, ама врската не е само тоа. Си има и дел каде партнерот те пали, те тера да правиш лудости и глупости, да внесеш малку зачин во физичкиот дел од врската. Ако некој ти е непривлечен, колку да е карактерно добар, кога светлата ќе се изгаснат ако нема огномет, пиши пропало.

Сега не алудирам дека само убавина треба да се гледа, некој празноглав воопшто не би го ни погледнала. Мислам карактерно ми е битно само да е отворен и да ми кажува што мисли, зошто затворени и интровертни луѓе на кои треба да си ја чукам цел ден главата за да сфатам што мислат МРАЗАМ, сакам директно и јасно да кажува што мисли. И никогаш не би можела да бидам со некој од кој имам поголеми м****а, јас да треба да ги носам панталоните. Јас сум доминантна и знам што сакам, и сакам таков партнер. Ако некој нон стоп ми вели да, така е, во право си и е мекуш не би изржала.

Се си има свој дел, и убавината и карактерот.
Ама некој да ми кажува не ми е битно да е убав, само да е карактерно добар нема да поверувам. Јеа, рајт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Во денешно време и еве тука како што гледам во повекето мислења на членовите на прв поглед паѓа изгледот. Потоа неколку слободни места па карактерот. Јас на пример Во секогаш бирам последен. Односно однапред знам дека сите би се залетале бо убавите на изглед девојки а би ги изоставиле понеубавите. Токму во тие се крие вистинската љубов и карактерот кој што може да те задржи и поддржи во секаква ситуација. Карактерот кој што може да те разбере. А во таква ситуација секој Маж би имал вољја и со мерак и дрвја да цепа, и деца да чува и на работа да оди, и во кујната на жената да и помогне.... Уверен сум во тоа.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ама некој да ми кажува не ми е битно да е убав, само да е карактерно добар нема да поверувам. Јеа, рајт.

Морав да те цитирам :)
Ако некој ти го каже тоа размисли дека сигурно е така.
Нему му е битно да има карактер... И секако дека ќе бара некој што му парира на изглед, ама нема да бара лепотан од по шаблон... Сепак ќе даде предност на карактерот :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mila mila and Selene

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Од што сакаме да бидеме интересни,сме дури и смешни :wub


Изгледот ме привлекува а се заљубувам во карактерот.
Некако вака му доага (wasntme)
Битен ми е изгледот,но сепак џабе изглед ако не ми се допага карактерот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Повеќе од јасно е дека прво што човекот го привлекува е физичкиот изглед. Е откако е остварен првиот контакт покрај тоа, ме привлекува Интелектуалната синхронизација. Не во стил на исто мислење за било која тема, напротив - не барам да имаме исти идеи но ист начин на размислување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Не сум сигурна но мислам дека имаше некоја слична тема.Но нема врска.
Ние жените сме баш интересни.Кога сме во помладите години бараме лепотани,со вакви очи,со таква коса,еднакво на откачени момци.Барем јас таква бев.А многу подоцна сваќаме дека тие лепотани не вреди да ги имаш,оти тој ќе биде и твој и на многу други жени.Па и во паметот летаат и баш е тешко да се симнат на земја.]:)
Па така почнуваме да си бараме на нашето поклопче капаче што стварно одговара,почнуваш да бараш карактер и разбирање.А љубовта сама по себе си доаѓа.
 

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Колку ли глупо ќе звучам?(think)
Ме привлекува повеќе карактерот и секогаш приоритет давам на тоа.
Можеби затоа што сегашниов прво го запознав по карактер а потоа по изглед(nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
И карактерот и изгледот ми се подеднакво важни.
Ако започнам врска со некој кој го нема едното или другото, знам дека со тек на време ќе ми смета неговиот "недостаток" и ке почнам да го барам во други луге.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Lena