1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Што ве привлекува повеќе, изглед или карактер?

Дискусија во форумот 'Љубов и секс' започната од Legioner, 31 јули 2012.

  1. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606
    Сите сме се нашле во ваква ситуација на избор на својот партнер.
    Некогаш колку и да е физички убава девојката, ако ја нема онаа карактерна особина на добра девојка попуста е нејзината убавина.
    Кои се Вашите размислувања по однос на ова??
    Сепак карактерот е трајна особина физичкиот изглед е минлива категорија.
    Исто може да изнесете и Ваши искуства по однос на оваа тема.
    Мене лично важен ми е физичкиот изглед али сепак не е пресуден многу поважно ми е девојката да е мирна прибрана и да има добра душа и срце.
     
  2. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    [​IMG]
    Offtopics are coming.

    Он: Мене ми е најважно да знае да меси леб, да вари манџа, да биде добра сопруга и мајка на моите пет деца кои ги планирам. Изгледот не ми е битен, нема да ја носам на изложба.

    :^)
     
    На Licno taa, brineta31, existence и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,442
    Допаѓања:
    3,792
    Дефинитивно Изгледот..иако и карактерот е важен..! :)
     
  4. Hkakashi

    Hkakashi Староседелец

    Зачленет на:
    13 јуни 2012
    Мислења:
    1,543
    Допаѓања:
    1,694
    Изглед ме повише привлача али карактер е пресудан
     
  5. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,045
    Допаѓања:
    6,653
    Мх, чекав друг прв да пише, да не биде пак јас му ја уништувам темата.
    Де бре, удрете сефте да се развие дискусија.

    Ако не си гледам од носот подалеку, па може и ќе ми е битно да ме видат со Бред Пит калибар.
    Мене ми е битно првенствено да биде маж, а не плачипичка, па јас да бидам мажот во бракот/врската.
    Битно е да знае да цепи дрва, а ако не цепи, нека има пари за струја, да знае и да чува деца, а не само да ги прави, да не пие ко говедо со нозете на маса и да не ми носи многу пропалици со смрдени чорапи. Нека се врти по други женски, очи не му ваѓам, ама се` додека само се врти. Појде ли со рачињата накај нив, после има со пинцетка да си го држи при мочкање.
    Е сега, нормално дека има тип што ми е по вкус, и што не ми е, ама штом ги поседува горенаведените карактеристики, па и богами ќе подразмислам за изгледот.
    И онака еден ден има да остариме и да виснеме ко магарешки кожи, барем битно да си бидеме потпора на други полиња, if you know what I mean.
     
    На Female, street_chic, WomanInRed и уште 8 други им се допаѓа ова.
  6. TIGERWOMAN31SK

    TIGERWOMAN31SK Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 јули 2012
    Мислења:
    822
    Допаѓања:
    698
    КОМБИНАЦИЈА ОД ДВЕТЕ.САМО СЕ ЧУДАМ НЕКАД КОЈ ЛОШ ВКУС СУМ ГО ИМАЛА (facepalm),АБЕ МАЖ СЕ БАРА ДА Е У ПРАВА СМИСЛА А НЕ ОНОА БАЛКАНСКОТО ЗАТУЦАНОТО
     
    На emzzy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Каков треба да е идеалниот маж според тебе, тигра?
     
  8. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,145
    Допаѓања:
    2,487
    Реално луѓето се визуелизирани суштества пред се. Ја сакаат естетиката, сакаат убава слика да им се создава низ очите.
    Изгледот привлекува - карактерот задржува е изреката која би ја употребила тука.
    Не мора типот да поседува непроценлива убавина, доволно е да е симпатичен и убаво да се смее, поважно ми е кога ќе проговори и слушнам како размислува - да е тоа размислување на зрел човек, кога нешто ќе направи - да сум задоволна од постапката.
    Ако ме почитува и цени изгледот е занемарлива варијабила.

    Патем Легионеру добро е што после толку неуспешни обиди за креирање тема оваа е подобро прифатена и нејзината дестинација не е корпата. :giggle
     
    На WomanInRed, melpomena, Aristokrat и уште 1 член му се допаѓа ова.
  9. TIGERWOMAN31SK

    TIGERWOMAN31SK Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 јули 2012
    Мислења:
    822
    Допаѓања:
    698
    да седне ако има проблем да дискутира а не да бега низ врата неможел да слуша,да ме почитува,да ме изненадува од време на време со нешто,да не паѓа по влијание на други,да ме штити како негова послаба половина а не јас да изигравам маж па после да ми рече нема ништо женствено во тебе,со еден збор да ме третира како кралица за да му биде возвратено со иста мера.А не да седне со новината у раце,телевизорот и пивото.е така Мортидо башка да биде малце како мене ;) психички
     
    На LittleButterfly, WomanInRed и emzzy им се допаѓа ова.
  10. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Да дади Госпо да си најдиш еден таков пастув. :*
     
    На TIGERWOMAN31SK му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: