Што ве научи животот?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
По којзнае кој пат,дека ова ми е омилена боја (inlove)
574545_535016913187929_2097420487_n.png
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Сватив дека колку е понекогаш тешко да ја свртиш главата од личноста која некогаш ти значела све ! Треба да одиш против своето срце, да стиснеш заби и да продолжиш напред да си ја најдеш среќата !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and melpomena

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Сфатив дека времето поминува пребрзо кога ти е избројано, авионите секогаш доцнат по најмалку 10 минути (доволни за да се средиш пред средбата), вистинската слика за луѓето и нивната вредност ја дознаваме по нивната смрт, завидливите се секогаш околу нас и злобно не демнат и конечно сфатив дека е време за да бидам вистински среќна. (sun)
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Да не се сожалувам...да бидам борбена...лесно да не се откажувам од ништо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
Животот ме научи...

- Ме научи дека на све треба да гледам позитивно и само така можам да опстојам во овој свет полн со дволичности,
- Проба да ми го смени карактерот, понашањето, неколку пати за да на крај сватам дека тоа е лично мое и така треба да си остане. Кој љуби дека повелии, кој не пријатно.
- Да се ослонам на самата себе во било која ситуација
- Да ставам голем ? на пријателските, роднинските врски
- Да се запрашам зошто некој што го знев 30 години - не го знам
- Ме научи сама го поплочувам патот по кој одам - сама одлучувам каква подлога ќе ставим и со какви кондури ќе газам,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Female

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Покрај другите работи ме научи дека е непредвидлив и никого не помилува.
Уште на почеток може да биде суров, а може да биде и цело време.
Удира шамари немилосрдно баш за да не потсети дека вистина живееме.
Но, нели некогаш знае и да претера?
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
За да успееме во животот треба да се потрудиме, напорната работа и ризикот кој го носи со себе, одењето по вистинскиот пат, секогаш се исплаќа. Постојат падови и подвизи кај секого, се што треба е да издржиме кога е најтешко. Треба да го живееме животот максимално, зошто е еден и прилично краток за се она што ние го сакаме, затоа треба да се потрудиме да ги оствариме соништата. Парите доаѓаат и си одат, џабе се ако немаме со кој да ги трошиме. Љубовта е таа која останува да живее и не прави среќни.....па затоа љубете и бидете среќни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Licno taa and Mameha

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Сфатив дека кога навистина сакаш некого тоа се гледа и приметува...
Сфатив дека поважно е да бидеш добар одколку да бидеш во право...
Сфатив дека секогаш можам да се помолам за некој доколку немам сила да му помогнам поинаку...
Сфатив дека колку и да бара животот да бидеш сериозен сепак ти треба некој со кој ќе можеш да се глупираш...
Сфатив дека понекогаш е подобро само личноста да ја фатите за рака и да ја разберете со срцето...
Сфатив дека мали работи го прават денот извонреден...
Сфатив дека никој не е совршен додека не се заљубиш во него...
Сфатив дека кога вдомуваш огорченост,среќата ќе отиде кај друг...