1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Шпанија

Дискусија во форумот 'Држави' започната од Marick14, 8 април 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Тенерифе, најголемиот од седумте Канарски острови, познати и како Острови на Среќата е идилично место за одмор и прав рај за туристите. Секоја година преку пет милиони туристи го бираат Тенерифе како место за совршен одмор и релаксација.

    Популацијата на островот изнесува 906,854 жители. Санта Круз де Тенерифе е втор најголем град во архипелагот, главен град на островот и седиште на Владата. Исто така, е официјално главен град на Канарските Острови, заедно со Лас Палмас де Гран Канарија, со која ги дели државните институции како што се Претседателството, Парламентот и министерствата. Овој остров е седиште и на универзитетот Ла Лагуна, основан 1792.

    7527a082177f4273818a1aa7691eb475.jpg 317300-obiavi-costa del sol 3.jpg tenerife.jpg tenerife1.jpg
     
  2. Lady*

    Lady* Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2012
    Мислења:
    1,965
    Допаѓања:
    6,161
    Убаво али јазикот нивни страшно ме нервира:)
     
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Мајорка годишно ја посетуваат осум милиони туристи од целиот свет. На овој остров со богата историја и волшебна природна убавина, постојат дури 1495 ексклузивни хотели.
    Покрај ексклузивни хотели, на островот се наоѓаат скоро три илјади вили чии сопственици се воглавно богати странци-припадници на светскиот џет-сет. Меѓу нив се наоѓа и кралскиот летниковец “Marivent”, на шпанскиот крал Хуан Карлос I од Бурбон, кој летува исклучиво на Мајорка.
    [​IMG]
    Палма се наоѓа на дното на заливот, кој се протега длабоко во Јужниот Остров. Градот има многу стари градби, кои може да ви покажат духот на минато и богата историја на овој остров. Во стариот дел на градот има тесни кривулести улици и во него се наоѓаат палати од 16 и 17 век. Во Палма може да ја видите и катедралата, црквата Сан Франциско, готски манастир, Белви замок, палатата Алмудани и многу други историски градби. Познат е и хотелот Гран, изграден во почетокот на 20 век, по идејата на големиот архитект Луис Доменик Монтанер. Тој е првиот дел од т.н. “модерни каталонски”.
    [​IMG]
    Исклучителната клима во Мајорка привлекува туристи од целиот свет. Летата се топли и суви, а зимите се благи. Влажноста се карактеризира со мали флуктуации, задржувајќи просек од околу 70% во текот на годината, од која има корист човечкото тело. Сончеви денови без ниту еден “oблак” во небото, во просек има 170. Повеќето врнежи се во ноември и декември. Во просек до 75 врнежливи денови годишно.
    [​IMG]
    Вниманието на туристите го привлекува забавниот парк Marineland, кој се наоѓа на дест минути од Палма, главниот град на Мајорка. На ова место се наоѓаат најдобрите делфини, морски лавови, пингвини,фламинга, гуштери, полинезиска градина, игралишта, кафетерија и плажа, кои се само дел од она што можете да го видите на ова место.
    Поради културни и историски мотиви и природни рекреативни удобности, од некогаш малите рибарски села се создадени во многу атрактивни и посетени туристички места: Puerto de Andratks, San Telmo, Banialbufar, Puerto de Polensa, Alkudia, Kala Ratjada, Kala Bana, Porto Kolo (се смета за родното место на Кристофер Колумбо), Porto Krist (едно од најубавите места во Мајорка), Kala Figuera. Постојат и многу места во внатрешноста на островот со развиена туристичка функција: Valdemosa, Liuc, Deia, Alfabia, Soler …
    [​IMG]
    Така, во градот Valdemosa, кој се наоѓа во планините околу 400 метри надморска височина, може да го посетите манастирот каде што зима 1839 година, ја поминале авторот Жорж Санд и композиторот Фредерик Шопен. Тука се одмарале и познатиот шпански писател и филозоф Мигел Унамуно и поетот Рубен Дарио.
    [​IMG]
    Доста посетени се и местата Инките (со работилници за кожа, крзно и керамика), AIgaida, Manakor (вториот по големина град Мајорка), а таму е исто така се наоѓа позната фабрика на бисери и накит, Perlas Majorika …
     
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Ибица е еден од Балеарските Острови што припаѓаат на Шпанија и е трет остров по големина. Населението изнесува 133.000, а зафаќа површина од 571 километри квадратни. Најголем град е Ибица, 50.000 жители.

    Островот Ибица е познат по ноќниот живот, но и по големиот број плажи во кои можете потполно да уживате преку целиот ден.“
    Најпозната плажа е Las Salinas која што се наоѓа на југот на островот и е поврзана со останатиот дел од островот. Но, подеднакво добри се и останатите - Talamanka, Figueretas и Playa den Bossa. На јужната страна на островот се наоѓа симболот на Ибица, 400 метарската карпа во морето - Es Vedra.

    Градот Ибица
    Градот Ибица е сместен на крајот на заливот со сликовит поглед на пристаништето. Градот е заобиколен со средновековна тврдина и во него се наоѓаат бројни мали трговски центри, тесни улички, барови, клубови, ресторани..

    Talamanca
    Talamanca е место за малку помирен одмор на Ибица со прекрасна песочна плажа. Инаку тука се наоѓа најпознатата дискотека Pacha, а и доколку сакате да се прошетате Ибица е на само 15 минути пешки од тука.

    Santa Eulalia
    Santa Eularia e идеално емсто за фамилии и за сите оние кои бараат мир. Одалечено е на 15 км од Ибица и 21 км од аеродромот. Мирот тука ви е сигурен, а доколку посакате луда ноќна забава, веднаш ќе ја најдете..

    Playa Den Bossa
    Ова е нејголемата плажа на островот која што се наоѓа помеѓу градот Ибица и аеродрмото. Покриена е со прекрасен песок и долга е околу 2км. Покрај самата плажа има бројни хтели, ресторани, барови, ноќни клубови...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Барселона е главен и воедно најнаселен град во Автономната заедница Каталонија и втор по големина град во Шпанија со население од 1.615 908 жители во 2008 година. Барселона е единаесетта по ред најнаселена општина во Европската Унија и шеста најгусто населена урбана област во Европската Унија по Париз, Лондон, Областа Рур, Мадрид и Милано со население од 4.185 000. 4. 9 милиони жители живеат во метрополитскиот дел на Барселона. Ареа Метрополитана Барселона (АМБ) е составена од соседни градови и општини со население од 3.186 461 на простор од 636 km² (со густина на населеност 5010 жители на km²).
    Таа се наоѓа на медитеранскиот брег во устието на реките Џубрегат и Базос, а на запад се граничи со гребенот Сера де Колсерола ( 512 м/ 1680 стапки).
    Барселона е признаена за глобален град поради нејзината голема улога во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметностите и меѓународната трговија. Барселона е главен економски центар со едно од најзначајните медитерански пристаништа, додека пак Меѓународниот Аеродром Барселона е втор по големина после Аеродромот Барахас во Мадрид. Основан како римски град, Барселона станала главен град на грофовите од Барселона. По спојувањето со Кралството Арагон, таа станала еден од најзначајните градови во него. И покрај тоа што често пати била освојувана во историјата, денес Барселона е значаен културен центар и главна туристичка дестинација со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО. Од неодамна градот стана познат по Летните Олимписки игри од 1992 година. Седиштето на Унијата на медитеранските простори е сместено во Барселона.
    Како главен град на Каталонија, во Барселона се наоѓа седиштето на Каталонската влада, позната како Генералитат де Каталунја. Доста важни институции се и извршната власт, парламентот и Врховниот Суд на Каталонија. Градот е исто така домаќин на „Барселонес комарса“.

    Во Барса ќе сe почуствуваш како дел од “Вики,Кристина Барселона“ на Вуди Ален или како дел од некоја песна на Хулио Иглезиас. Ќе имате можност да шетате по најпознатата улица La Rambla и ќе посакате никогаш да нема крај. Овде е рајот за шопинг и за запознавање на преубавите Каталонки.
    La Rambla почнува од старото пристаниште и трае и трае и трае се до плоштадот Каталонија. Од двете страни е опкружена со продавници за облека, парфеми, сувенири, ресторани и кафетерии. Уличните изведувачи ви го одземаат здивот, додека треба да бидете внимателни и претпазливи од крадците и дилерите на дрога. На самиот почеток од Рамбла се наоѓа споменикот на Кристофер Колумбо кој со показалецот го покажува правецот кон Америка. Интересно е, а што многумина малку знаат дека постои лифт во самиот споменик кој ве носи на врвот од споменикот од каде што имате прекрасен поглед на самиот центар од Барселона.
    [​IMG] Прекрасна шанса и прилика е да се посети и Вториот по големина воден музеј во Европа. Незаборавна глетка е да стоите на подвижен ескалатор, а над вас да пливаат ајкули,риби и морски коњчиња. Низ целиот аквариум има поставено одличен sound around кој ви ги носи директно звуците од морската длабочина.
    Ајде да спомнеме нешто и за шопингот. Во Барселона девојките може слободно да го доживеат чуството на Кери Бредшо во „Сексот и Градот“. Шетањето по огромните продавници со голем избор на модели и броеви на маички, штикли,чанти и accessories. Интересно е да се напомене и вие да знаете дека модните марки Zara, Bershka, Pull & Bear, Stradivarius, Massimo Dutti се дел од Inditex групацијата која е основана во Шпанија. Поради тоа и цените на самите се далеку поефтини од останатите пазари.

    Клубот Барселона е сосема друга приказна. Доколку имаме можност да погодиме кога фудбалскиот клуб Барселона игра во некое натпреварување, ќе имате прилика да го почуствувате спортскиот дух на градот. Барселона е град со магични фонтани, со изворендна Гауди архитектура,град на олимписки игри,град кој никогаш не спие. Let’s Travel Ви ја овозможува оваа приказна…

     
    На LMFAO му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Шпанија е на „големо“ позната по големиот дијапазон на обичаи како што се Фламенгото, борбите со бикови, фестивалите, преполнетите плажи, прекрасната архитектура и културата која што го претставува развојот на човекот од западниот дел од Медитеранот.
    Но, Шпанија е и повеќе од тоа. Оваа ’природно обдарена‘ територија е домаќин на многу работи и места кои што ги има создадено самата природа, плажи, смарагдно зелени планини, острови и неверојатно пејсажи.
    Од друга страна пак при посетата на Шпанија ќе се изнагледате на креативност и инвенции од страна на луѓето – и тоа во голем број – конструкции направени уште пред многу векови кои опстојале во времето; капели, базилики, мостови, кули и многу други културни атракции низ целата земја. Добро организираните туристички тури низ Шпанија обично ги опфаќаат сите главни атракции на земјата и многу активности преку кои ќе го поминете времето на квалитетен начин, истражувајќи прекрасни дестинации. И кај нас веќе повеќе години Шпанија е актуелна во понудата на туристичките агенции и се нудат најразлични аранжмани. А доколку патувањето сакате да го извршите на своја рака, ние само ќе ве упатиме на сајтот наJet2.com, каде што можете да резервирате ефтини авионски карти.
    Границите на Шпанија се протегаат од самиот Гибралтар, потоа соседни држави се и Андора, Франција и секако Атлантскиот океан. Таа земја со најголем број на градови кои се ставени на картата на Светското Културно Наследство: Avila, Caceres, Cordoba, Cuenca, Salamanca, Santiago de Compostela, Segovia и Toledo, секое од овие места има свои особености и атракции и нормално огромна туристичка промоција.
    Шпанската култура се рефлектира преку пријателскиот карактер на луѓето, јазикот, забавниот ноќен живот, фолклорот и фестивалите, а сите тие во текот на својот развој биле под влијание на многу култури, посебно Римската и Арапската.
    Какви и да се вашите мотивации за посета на Шпанија, едно е сигурно – а тоа е дека оваа дестинација ќе ги исполни сите ваши очекувања, дури и повеќе (што би рекле ние: „чак што више и дапаче“) и ќе го направи вашето искуство интригантна мешавина од духот на стариот свет кој што се крие овде и карактерот на модерниот ритам на живеење.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    7 величенствени погледи во Мадрид

    Кога би можеле да бирате која земја да ја посетите, на листата задолжително нека ви се најде Шпанија. Шпанците се народ со сличен менталитет на нашиот...

    ...а главниот град, Мадрид е еден од најубавите европски градови со фантастични вибрации.
    Места кои навистина вредат да се посетат се прошетка по Авенија Гран Виа, плоштадот Пуерта дел Сол, фонтаните Нептуно и Сибелес.
    Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на Миро, Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”.
    Препорачуваме посета на Кралската Палата од 18 Век, една од најдобро зачуваните во Европа, симболот на Мадрид, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери, приеми...
    Ова се 7 величествени погледи во Мадрид:
    1. Palacio Real
    [​IMG]

    2. Plaza De Cibeles
    [​IMG]

    3. El Retiro Park
    [​IMG]

    4. Prado Museum
    [​IMG]

    5. Mercado De San Miguel
    [​IMG]

    6. Las Ventas Bullring
    [​IMG]

    7. Caixa Forum
    [​IMG]
     
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    ТОЛЕДО – ГРАДОТ НА КРАЛЕВИТЕ

    Прогласен за национално богатство на Шпанија. Овој мал град ќе Ве маѓепса со својата чудесна убавина. Легнат во прегратките на преубавата река Rio Tajo и Кастињските брда, недалеку од главниот град Мадрид, парче земја со убавина за сите сетила.
    Толедо некогаш бил главната престолнина на кралството Шпанија. Се смета за религиозниот центар на многу култури. Разноликата архитектура, од Готска до Барокна, испреплетените религии низ вековите, местото каде Христијаните, Мауримите и Евреите живеат во вековен мир и соживот, преставува вистински пример како треба да сочува се она што го создавало човечката рака. Шармантни улици испреплетени во наживописен лавиринт создаваат чуство дека шетате низ далечното минато на кралевите и принцезите…
    [​IMG]
    Романтиката, испирацијата за животот, вкусовите на шпанската национална кујна се најмалку што можете да го очекувате од „La Ciudad Imperial” – Градот на кралевите.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Дестинација – Марбеља

    Некогаш малото андалузиско рибарско селце, на самиот југ на Шпанија, со име Марбеља, денес е пример на тоа како може да дејствува волшебната формула за трансформација преку вложување во туризмот, која Шпанците тука ја разработиле до совршеност.
    [​IMG]
    Големите булевари, средното крајбрежје на Коста дел Сол. Пространите паркови и раскошните градини издигнати крај песочната плажа и чистото море, се повеќе од доволно за почетокот Марбеља да се преобрази во една од најпосакуваните дестинации за одмор. На ова, можат да се додадат и сочуваните приказни преку традицијата и културата, преку фламенкото и тореадорите, арените и популарната „Сангрија“ на кои совршено се надоврзува модерното време отсликано преку луксузните хотели, приватните резиденции, голф-терените и грандиозните реорси што ги полнат очите, скапите бутици, елегантните статуи на познатите шпански уметници, јахтите и бродовите…
    [​IMG]
    Куќата на Антонио Бандерас во Марбеља
    Домаќините нема да заборават да ве потсетат дека во Марбеља е роден Антонио Бандерас, кој секоја година се враќа тука, но и дека во Марбеља ужива да летува Дејвид Бекам, дека сите најголеми ѕвезди се тука некаде но можеби и не можете да ги видите зашто се „засолнети“ во своите огромни апартмани откупени крај самиот брег.
    „Ја сакам Марбеља затоа што таа ми ја дава неопходната приватност“, неодамна се огласи самиот Бекам во еден од шпанските весници. „Ја сакам, зашто можам да седнам во некој од локалните ресторани и воопшто да не се чувствувам напнато. Тука има некој специфичен шарм, што не може да се сретне во ниеден друг град во светот. Тука дури и луѓето се дискретни.“
    Марбеља е идеална локација за оние што се подготвени да платат нешто повеќе за задоволство, оправдувајќи го мотото на градот, кое гласи „начин на живот“.
    Просечната годишна температура е околу 18 степени и поволната клима (во текот на летото температурата е околу 28 степени, а зимите се благи и никогаш под 15. степен), се уште една причина повеќе за да се посети Марбеља во кое било годишно време.
    Не напразно дури 75 терени за голф се изградени околу градот, кои ги задоволуваат стандардите на голферите професионалци и аматери, меѓу кои се вбројуваат и добар дел од светските „џет сетери“. Голф индустријата во Шпанија генерира минимум 2,5 милиони евра, секоја година. Во непосредна близина на Марбеља се наоѓа и голф-теренот „Вале Романо“ проценет за најлуксузен во светот, поставен на 200 хектари земја со поглед на секогаш разбрануваното море. За магијата на „Вале Романо“ придонесе и Кабл Робинсон, кој дизајнираше 27 голф дупчиња во близина на летните резиденции, а останатите 36 се поставени на Доња Луча, каде што Лар Сол Естепона инвестираше 100 милиони евра за изградбата на медитеранското село, со 389 апартмани и сите вклучени луксузни сервиси.
    [​IMG]
    Голф индустријата во Шпанија генерира минимум 2,5 милиони евра, секоја година
    Ноќниот живот на Марбеља е опишуван во најугледните туристички водичи. Само во „Пуерто Банус“ ќе го најдете амбиентот за кој до неодамна мислевте дека постои единствено во филмовите.
    Во центарот на градот се контрастите на структури на интернационалниот врвен туризам вметнат во амбиентот на шпанскиот град од 16 век. На Плоштадот на портокалите, како и на околните тесни улички што водат до него, често ќе ве привлече последната атракција на градот или перформансите на најдобрите светски музички бендови.
    Славниот парк „Ла аламеда“ се наоѓа во непосредна близина на Марбеља, а тука може да се изнајми коњ и така со стил да се продолжи патувањето до околните места кои нудат различни забави, од историски музеи преку водни спортови до арени за борба со бикови.
    [​IMG]Само на Марбеља отпаѓа 26 километарска песочна плажа која е дел од крајбрежјето Коста дел Сол, кое се протега на површина од 250 километри.
    Од Велика Британија и Германија туристите пристигнуваат во Марбеља со секојдневни чартер летови. Но ако патувате од другите европски земји, најчесто ќе треба до тука да смените два до три авиона. Марбеља има околу 15.000 жители но секојдневно тука престојуваат уште најмалку 300. 000 туристи.
    Освен по гламурот, градот е познат и по деловните луѓе со „сомнителни бизниси“, кои тука го наоѓаат своето засолниште. Домаќините на градот, на ова само се насмевнуваат, и се согласуваат дека во нивниот луксузен дом законот не го спроведува полицијата, туку локалните богаташи, па така Марбеља практично е „држава“ во самата држава Шпанија.
     
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА ПОМИН ВО СТИЛ НА СЛАВНИТЕ

    Реномираната туристичка дестинација-Палма де Мајорка најголемиот град и пристаниште на островот Мајорка и престолнина на автономната област Балеарските острови, е жив и космополитски град кој ја чува правата шпанска традиција.За центарот на градот се карактеристични се трговските центри кои динамично се градат,лавиринт од тесни улички и обновени стари згради опкружени со рушевини од антички градски ѕидини и модерни булевари.
    Како и самата Шпанија и Мајорка и Палма биле по мавританска власт помеѓу 9 и 13 век се до ослободувањето од страна на Daume I од Арагона.Мавританското наследство е сеуште очигледно,баш како и траговите од златните години на Палма, која била најмоќна и најугледна во 15 век,кога претставувала главно пристаниште и сообраќајница помеѓу Европа и Африка.Покасно овој град сместен во пркрасниот залив Bahia de Palma, стана омилено одмаралиште на кралскиот пар Фернанд и Изабела, а благодарение на тоа и на други познати и богати.
    [​IMG]
    И покрај инвазијата на странски туристи,Палма го задржала својот локален колорит, посебно во стариот ден на градот, преполн со кафичи и барови.На улиците често се слуша домашниот дијалект, што исто така е едно од карактеристичните обележја на Палма де Мајорка.Мајорка е најголема меѓу Балерските острови(3.640 километри квадратни), а првиот чартер лет тука стигнал во 1950 година.Денес островот го посетуваат околу 10 милиони туристи годишно, во главно за одмор на сонце ипесок покрај море додека локалното население брои 781.600 луѓе, од кои скоро половина живеат во престолнината.Меѓутоа Мајорка не се состои само од плажи.Покрај центарот, тука е и североисточниот брег ,кој доминира со планинскиот ланец Сера де Трамунтана,познат по маслинките,боровите шуми,селата со згради од теракота и спектакуларно крајбрежје.Најубавите плажи на Мајорка се наоѓаат на северниот и источниот брег.Убави плажи има и на делови од јужниот брег.
    Тури
    -Фурналуч и Бинијараич-села кои вреди да се откријат,сместени во миризливи градини на потрокал и лимон
    -Палма-Во престолнината се посебно импресивни готската катедрала, една од најголемите во Европа и стариот дел од градот кој е полн со живот
    -Деја-собиралиште на уметниците,прекрасно село сместено високо на брегот
    -Kastel d’Alaro-Замок во рушевини од кој има прекрасен поглед во долината
    -Национален парк Албуфер-Мочуриште во кое е сочувано богатство и разновидност на птичијот свет
    -Поленча-Живописниот град Поленча во северна Мајорка некогаш било дестинација на аџиите
    -Ковес дел Дарк-Пештера со најспектакуларни украси на Мајорка
    -Капокорб веј- Урнатини кои ќе ве однесат патување во древното минато
    Лја де Кабрера-Остров кој ви овозможува уживање во автентични и недопрени плажи
    -Елс Калдерерс-Фарма на која е реконструиран автентичен живот на селското благородништво на Мајорка
    [​IMG]
    Културно наследство
    Арапски бањи
    Единствен споменк на муслиманската власт на островот.Сочувани се само две мали подземни одаи, од кои една има зсводен плафон потпрен со столбови.Секој од столбовите има различен рељеф и сите потекнуваат од разрушени римски згради.

    Катедрала
    Огромната катедрал во готски стил градена е од 1230 до 1600 година.Во почетокот на 20 век во модернистички стил делумно ја обновил Антони Гауди.
    [​IMG]
    Наследството од Легат Пилар и Хуана Миро
    Сместено е во уметничките атељеа во Палма и содржат стална збирка на колекции на дела кои биле пронајдени по смрта на уметникот.Има повеќе од 1000 слики,мала колекција на скулптури и стотина цртежи.

    Музејот на современа уметност
    Овој спектакуларен музеј се наоѓа во ренесансната тврдина Ес Балуард, во чии ѕидини е вграден футуристички бетонски комплекс.
     

Сподели: