1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Шминка - да или не?

Дискусија во форумот 'Лице' започната од lady_blue, 14 февруари 2012.

?

Дали преферирате шминкани девојки или девојки без шминка

  1. со шминка

    3 глас(а)
    50.0%
  2. без шминка

    3 глас(а)
    50.0%
  1. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,419
    Каде е границата? Незабележителна, нежна, нагласена?
    Што е попривлечно, со шминка или без, нагласени очи или нагласени усни?
    Особено ме интересира како реагираат машките после првата заеднички помината ноќ, поточно - си легнувате покрај еден лик, а се будите покрај малку поинаков лик ;)
     
  2. Baronessa

    Baronessa Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    524
    Допаѓања:
    751
    ШМИНКА, нежна со нагласена сенка... да дојдат до израз очите... креон на усни за да ги истакнете но не премногу нападен...
    ми се има случено, но наредниот ден се разбудив со негов бакеж а за шминката не му беше битна.. убава бев и со неа и без...
     
    На Bibi@ и lady_blue им се допаѓа ова.
  3. Glorry

    Glorry Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    261
    Допаѓања:
    369
    Јас на пример си се шминкам секогаш кога излегувам од дома,но различно секако зависи од тоа каде одам
    За на школо ставам нежна шминка,а вечерна се знае сенки,кармини,руменила....
    За нагласувањето сметам дека тоа што е убаво вреди да се истакне :D
    Искрено сметам дека машките сакаат да ги гледаат своите девојки поспани наутро,со малку размачкани очи..нели изгледа секси ? :)))
     
    На Rosana и Baronessa им се допаѓа ова.
  4. Proton

    Proton Староседелец

    Зачленет на:
    12 февруари 2012
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    262
    Да, ама со усул. Кога ќе видам пудра 2 кила на лице на девојка јасно е дека нешто не штима :)
     
    На WomanInRed, Сара.13, Luckky и уште 5 други им се допаѓа ова.
  5. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,419
    И уште нешто :) За кого се шминкаат и дотеруваат жените? За себе, за мажите или за да бидат поубави од другите жени? ;)
     
  6. Primrose

    Primrose Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    680
    Допаѓања:
    1,288
    И мене ова не ми е јасно?!
    Инаку јас и покрај тоа што сум женско, да признаам ретко се шминкам... Многу ретко, само за посебни пригоди...:)
     
    На jasmina и Scars31 им се допаѓа ова.
  7. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,419
    Натпревар :) Започнува од најрана возраст, споредби со другарките и желба да се победат. За себе... хм... најудобно ни е во памучни пижами, нели? За мажите... додека трае освојувањето, потоа некако се опуштаме... или не? ;)
     
    На Nemirna. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Дефинитивно да.
    Но, не претерано. Јас секогаш се шминкам кога излегувам од дома, денски нежна и дискретна додека навечер понагласена.
     
    На Lara му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marrie

    Marrie Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    507
    Допаѓања:
    801
    Да за шминка. Но, не претерано. Пудра (секако не 2 кила, со лопатче ставана), малку туш, маскара, сјајче. Мерак. Зборувам за дневно.
    Вечерно малку појачано :D
     
    На Lara и Glorry им се допаѓа ова.
  10. AnneBoleyn

    AnneBoleyn Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    192
    Ау не излегувам од дома без шминка. А по дома секогаш сум само со крем за лице. Што значи сите кои ми се блиски ме знаат каква сум без пудра. :D Се чувствувам посамоуверено со пудрата, маскара и лабело. Не дека многу им мења на тие што ме гледаат. Мене ми мења и тоа ми е битно. Значи минимална шминка користам, освен за некои посебни свечености, тогаш се шлакам повеќе. :)
     
    На Bibi@, Lara и Baronessa им се допаѓа ова.

Сподели: