1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Школување на приватен или државен факултет?

Дискусија во форумот 'Образование' започната од Blueberry, 13 февруари 2012.

  1. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Врска ти нема муабетов.
    Имам неколку блиски што станаа доктори во професијата и крпат од јутра до сутра за 15ки, додека има некои кои и со едвај завршен факс (ради реда) тераат свој сопствен бизнис. Не зборам затоа што морале да завршат, него повеќе би го нарекол тоа покондуреност само за да не бидат озборувани во друштвото, егото да не им спласне кога ќе се спомне некакво школување. Баш поради тоа што шуто и сакато денес завршува факултет и има 101 шанса за упис, пауза, квадрат, куб, тетрагон више, нашето образование го доживува ваков дебакл. И приватните а и веќе некои одредени катедри на државниот се налик на курсеви, само да имаш некој кеш, ти секако можеш да го завршиш. Ради реда, нели?
     
    На Selene му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    970
    Си утнале професија де, што тука. За докор да си, па и успешен да те наречат важно е презимето. Веројатно си паметен и ќе сфатиш.
    Имаш нешто што мене директно ме прашуваш или општо ? Да не имаш и ти некој фрустрации како другар ти погоре ? Ради реда не учам јас, можеби ти си учел и струката ти е суфицитарна. Дебакл доживеа зошто тикварите стигнаа да се запишуваат на факултет и да имаат диплома.
    Кога читаш убаво читај, а ако нема врска што ме цитираш ?!
     
    На misti.diva orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Selene

    Selene Модератор

    Зачленет на:
    6 јуни 2012
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    1,866
    Ај да не се повторувам за тоа како во секој град има дисперзирани студии и има луѓе кои завршиле факултет со предавања еднаш во неделата, сите години, елаборирал Саладин. Кај нас самата диплома како документ нема важност бидејќи сме си Балканчиња.
    За фризури, шминки и нокти се спремни да дадат и до 2000 денари, на гинеколог не се појдени цел живот. Кафето не смее да е во некој маалски кафич, мора да е во Тренд, плус таг на инстаграм, оти инаку исто како да не се пиело, поздрав до постот во СДК од пред некој ден, а пломба на стоматолог е скапо да се плати. Пломбата е колку 3 кафиња во Тренд. За превод не им се дава пари, скапо им е некој што цел ден ќе се удира по глава како да преведе стручна литература на псеудомакедонски јазик во кој ништо не се разбира. На мојата биохемичарка кај што си проверувам крвна слика и има дојдено една со парфем bvlgari а прашуваше дали било можно да се испита само хемоглобин, само тоа и требало, другите анализи кои одат во пакет не и требале. Значи зборуваме за +/- цена од 100 денари.
    Затоа ве молам, немојте да зборувате како некој со средно е понизок од некој со факултет. Јас не ги хејтам ниту фризерите, ниту тие нокти што прават, си виделе што сака Македончето и си искористиле. Малку офтопик заминав, ама дипломата не е пресудна за тоа дали некој е способен да прави пари или не :)
     
    На Dorina и Iris* им се допаѓа ова.
  4. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    970
    Јас спомнав некаде дека потценувам некој ? Спомнав такво нешто ?!
    Не потценувам никој, денес ако си успешен фризер си побогат од стоматолог, а и фризерките учат курсеви. Најуспешната во БТ учеше во Белград, не знае колку пари има. За стоматолог се многу, ама за фризура секоја недела се малку.
    Како што може Много Битно да ги потценува тие со факултет и да ги нарекува дегени, јас можам директно кон него да упатам пост. Не знам само што толку вие се вреѓате.
     
  5. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Зборев за доктор како титула, не како професија.
    Немам ништо против тебе лично, едноставно дискутираме на темава апропо студии и колку тие (не) се „импакт фактор (леле изразов :zelen) во нашево општество како звање кое ќе подоцна би ни обезбедило добро платена работа. Мене ме нервира кога имам друштво кое запишало факс ради реда без притоа да има желба за студирање на тоа што го запишал. Знам и дома како им трубат на глава „синеее заврши факултет, човек ќе бидеш“ муабети. Колку само лажна идеја им се всадува на тие деца, утрешни „академски“ граѓани.
    Мое лично гледиште е после средно освен ако нема некое стручно завршено/не гаи одредена љубов кон конкретен предмет на изучување, да земе да работи година, две, да си ги заработи студиите, па после тоа да види каде му дуваат аспирациите. Глупо е прашањето кај нас „кој факс ќе запишеш после средно“ треба индиректно да видиш дали младиот има желба за нешто понатаму да изучува и прашањето повеќе би гласело „што ќе правиш после матура“.
     
  6. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    970
    Во ред мило е тогаш и може да се продолжи со муабетот. Има деца што знаат што сакаат, но има некои кои се двоумат. Јас не бев сигурна, но сега сум се поблиску до магистратура и воопшто не се каам. Има и случаеви каде што запишале факултет па се префрлиле на друг зошто сфатиле дека не сакаат тоа да го учат. Само многу ме нервира да се потценува трудот и маката од некој што не студирал, ме сфаќаш ? Во случајот има многу што се прават паметни дека без труд и мака стигнале да работат и да имаат плата колку сами да ја трошат цел месец, а да живеат уште со родителите.
    Како што кажав и претходно, да имаш завршено факултет е секогаш во твоја полза.
     
  7. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Само за последниот израз малку поинакво мислење би дал . Општо зборам, не е полза нешто што си запишал само за да имаш диплома која утре се надеваш дека би ти отворила повеќе врати. Јер, колку и да е факултетот тежок, ако си запишал ради реда, ништо нема да научиш, а од наученото нема да сработиш.
    Наспрема тоа, кога ќе почнеш да работиш па дури и било што, ти сепак учиш нешто, кое се нарекува - индивидуален/самостоен живот. И можеш секогаш истото да го прекинеш, да почнеш да студираш оноа за што се чувстуваш спремен.
     
  8. Viktor k

    Viktor k Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    818
    Допаѓања:
    535
    Абе имаш државни каде е многу полесно и поефтино од приватен без многу мака може да завршиш што сакаш.
     
  9. Selene

    Selene Модератор

    Зачленет на:
    6 јуни 2012
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    1,866
    Никој не се вреѓа, на тема на која се разменуваат мислења сме. Ако сите се согласувавме, немаше да има форум, нели? :)
    Деген е тежок збор. Деген може да си и со основно и со средно и со факултет и со докторат. Тоа е до човекот, а не до професијата. Професијата не ја дефинира индивидуата, фала Богу дека треба да се има од се по нешто. Сите неурохирурзи не можеме а и не треба да бидеме.
    Муабетот е дека подобро е некој да не учи, отколку да се запише на факултет и да се вади цело време со бубици, препишувања и прашања. Знаењето треба да се цени, ама на крај краева диплома не е еднакво со знаење. Не може мене некој да ме убеди дека во место каде се форсира 80% од населението да биде високо школувано дека сиот тој кадар е квалитетен. Не е.

    Едноставно не се согласувам дека дипломата може да ти е само од полза, бидејќи во Македонија имаш многу луѓе кои работат нешто што воопшто не е поврзано со струката.
     
    На Dorina и Saladin им се допаѓа ова.
  10. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    970

    Па не гледај само за во Македонија, тие луѓе да имаат прилика би заминале во странство, каде сите ние ја гледаме иднината и можноста за заработка. :)
    Не работат по струката, ама може да се смени нешто кога најмалце очекуваш и баш тогаш да ти треба.
     

Сподели: