Школување на приватен или државен факултет?

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Па, баш како син на јак политичар ќе се очекува од тебе да бидеш попосветен на учењето бидејќи имаш повеќе услови, отколку дете на необразован земјоделец(со ова не сакам никој да навредам, само како пример давам кога веќе генерализираме) и кое дете ќе биде под поголем притисок да учи? Но, не спорам дека има такви случаи кога богатите деца не се појавуваат ни на предавања ни на испит па зимаат дипломи. Ама тоа го има на државен исто колку и на приватен и не значи дека сите се такви.
Тоа што сакам да кажам е, не сите богати деца не учат, и не сите сиромашни деца учат. :)

А за шангајскава листа не сакам да почнам да коментирам, бидејќи политика ќе мешам а тоа на форумот рековме ќе биде избегнато. ;)
Кога плаќате за нешто, што мислите тој на кого му плаќате што ќе каже? вие сте подобри или некои други?
Значи листава, врска нема.

Туку, ме интересериса кој е овој Меѓународен Балкански Универзитет?! Првпат го среќавам, а најдобро рангиран од приватниве.. :eek
во некој паралелен универум можи е то таак... ама кај нас пошо тие се разгалени од мали со пари и со се, тешко дека ке имаат некоја навика да седнат да учат и навистина да ја добијат оценат шо ја заслужуваат.. амам наместо тоа кесе снајдат ке играат или со пари и со славаат н а родителите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
А за шангајскава листа не сакам да почнам да коментирам, бидејќи политика ќе мешам а тоа на форумот рековме ќе биде избегнато. ;)
Кога плаќате за нешто, што мислите тој на кого му плаќате што ќе каже? вие сте подобри или некои други?
Значи листава, врска нема.

Значи секогаш кога ќе се прави рангирање на факултетите/универзитетите во државава, треба да се плати, што значи според твоето мислење дека секогаш УКИМ ќе биде најдобар поради тоа што државата им плаќа?

Инаку барем јас колку што знам, Универзитетот на Југоисточна Европа, т.е. Штулов, е најдобриот приватен-државен универзитет. Колку што имам информации, 50-50 е финансиран од државата за извршување на дејноста. Многу веројатно е дека за некоја година ќе биде најдобар од сите универзитети. Единственото нешто во кое што е поназад е бројноста на кадарот и разновидноста на студиите. Сеуште ја нема потребната големина, но со тек на време верувам дека ќе го среди тоа.
 
Клара

Полноправен Член
17 февруари 2012
80
58
18
додека пак на државниот факултет има падови и успеси кои те градат како особа која е научена на порази и станува поцврста карактерно.
Поцврст карактер, или психички по НЕстабилна, исфрустрирана, напатена личност, желна за одмазда од неправдите кои се прават на државните факултети, од малтретирањето и понижувањето од страна на професорите. Јас мислам дека повеќе е второво од тоа што до сега сум го видела и искусила на своја кожа.

Платени оценки - има и на државен и тоа многу повеќе, не само со пари и во натура.
Тежина на материјалот што се учи - на државен до точка и запирка се учи и милион небитни работи, а битните веќе застарени. На приватен суштината со практични примери и професори кои се експерти не само според дипломата и академици на хартија, туку и луѓе кои тоа го примениле во пракса и станале успешни во областа која ја предаваат.
Луѓе што не учат и бараат начин како полесно да поминат и да ги земат оценките со подмитување ги има секаде. Не е битно дали си на државен или приватен факултет, ако си таков карактер секаде ќе ескивираш и ќе бараш полесен пат кон успех.
Се поминувало без учење на приватен, со прашања однапред дадени.....ај да видите во Мавровка колку прашања и комбинации има за државните факултети ;)

Бев и на државен и на приватен, па од лично искуство кога би имала пак можност да бирам би го избрала приватниот. (ама не било кој приватен од Македонија, на една рака се бројат тие што се квалитетни факултети и не им е функцијата само да соберат пари од студентите, туку и да дадат знање).

П.С. не дека не успеав на државниот, напротив си ги терав испитите ама ми се укажа можност и стипендија за приватен и си ја искористив и не се каам воопшто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars and AnneBoleyn

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
Се поминувало без учење на приватен, со прашања однапред дадени.....ај да видите во Мавровка колку прашања и комбинации има за државните факултети ;)

Во право си, има прашања во Мавровка. Ама кажи ми, колку од тие прашања ти се имаат паднато на колоквиум/испит? 0-1-2? Дури и толку ако ти се паднале треба да бидеш среќна...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Приватен е подобро според мене. Затоа што постручни професори, подобри услови за учење. Но што си е убаво и си кошта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Ако збориме за кај нас, државните се поценети,а притоа и понеуслужливи и потешки. Приватните не се толку високо рангирани бидејки демек полесно се земала диплома. Генералната поделба е таква, а исклучоци секако дека има. Ако си ептен дрво, тешко дека и на приватен ќе поминеш така лесно, а тој шо си е посветен ќе биде посветен секаде. Е сеа и двата си имаат некои предности и негативности, пример некои од приватните факултети имаат добра соработка со многу странски и домашни фирми (како шо е штулов) и ако се покажеш без проблем ти обезбедуваат пракса па и работа, професорите ретко кога се исфруструирани бидејќи така им е кажано да работат,додека нивните колеги од државните се сосема друга приказна. Велат дека материјалот на државните бил пообемен, а на приватните само она најглавното. Па сеа вие видете кај сакате.. немора да значи дека е приватен и е лош или пак дека е државен и е добар.
 
Yvette

Истакнат Член
26 јануари 2014
144
276
73
Не можам да разберам зошто повеќето мислат дека ако платат веднаш добиваат диплома. Според мене, разликата помеѓу државниот и приватниот факултет е во односот: професор - студент, службата за студентски прашања, наставната програма и начинот на оценување. На државниот факултет професорите најчесто се недостапни за студентите и покрај договорениот термин за консултации. На приватните факултети професорите им се достапни на студентите во било кој период од денот. Што се однесува до службата за студентски прашања можам слободно да кажам дека се далеку од услужливи и љубезни. Враќаат назад студенти поради тоа што уплатниците не се захефтани на пријавите. Значи јас треба хефталка во ташна да носам... Страшно. Сепак, има разлика од државен до државен факултет. На факултетите во Скопје годишно се запишуваат 12 предмети, додека на истиот факултет во друг град се запишуваат по 8 предмети годишно. Значи пред се имаме разлика помеѓу два државни факултета, а не пак да споредуваме државен со приватен. Што се однесува на учењето, се бара и на државен и на приватен. Можеби на приватниот бараат помалку, но сепак бараат. Никој не отишол да плати и да си излезе со диплома, колку - толку се помачил. Од двата факултета може, а и излегува квалитетен кадар, зависно од тоа колку студентот вложил во себе и своето знаење. Кога сега би требала да се одлучам на кој факултет би се запишала, дефинитивно би го избрала приватниот, не затоа што сметам дека е полесно туку поради тоа што знам дека кога ќе ми треба било каква помош од професорите ќе ја добијам во истиот момент, а нема да ги чекам со денови и да спијам пред нивниот кабинет со надеж дека можеби ќе дојдат.
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183

Си плаќаш повеќе и нормално, ќе бидат професорите таму за време на консултации. Кај нас на пример, ќе те кутнат една година, можеби и втора, е тек после тука е професорот, некако дошол за консултации.
Исто е и за студентските, мада кај нас до сеа си услужувале како шо треба .. без исклучоци. И си ги хефтаат таму.

Колку што можам да видам правиш споредба на некој приватен факултет со некој државен. Тоа е лошо. Требало сума сумарум да опфатиш, и да правиш споредба.
На државен не велам дека не бараат да се учи (има исклучоци де), но полесно можеш да поминеш таму, и имаш помалку знаење отколку од тој што завршил на државен, за тоа неможеш во никој случај да ме убедиш дека е обратно. Сама си кажа дека бараат помалку, па со тоа можеш слободно да споредиш.
 
Зборувам од искуство. Неможам да зборувам за другите факултети бидејќи не знам како е таму. Не можеш да кажеш дека тој што е на приватен знае помалку од тој што е на државен. Не можеш да знаеш кој колку вложил во себе за да се стекне со таа диплома. Можеби тој што е на државен едвај поминал со 6ка додека тој што е на приватен учел и добил 10ка, меѓутоа некогаш шестката значи и повеќе од десетката. Не се ни обидувам да те убедам, чисто споделувам мислење и искуство.

Затоа не можеш да кажеш дека секогаш студентите на приватен знаат помалку од студенти на државен. Тоа што реков дека бараат помалку не значи дека не бараат воопшто. Не можеш сите да ги купиш со пари. Некогаш мора и да се испотиш без оглед на тоа каде студираш.
 
Убаво ја знаеме денешницата. Се живо работи за пари. Како така, ќе гледаат да извлечат повеќе од тебе.
А тоа што бараат помалку, бараат, и оценуваат за тоа помалку со повеќе. Додека на државен има да се испотиш од учење, одиш на испит и те кутнале затоа што не си ја решил задачата како што сака професорот да биде решена.