1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Шах

Дискусија во форумот 'Хоби' започната од Marick14, 16 јули 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Шах е спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“).

    Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани какошаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век).
    Во V век во Индија настала посебна врста на воена игра на дрвена плоча која на санскрит го носи називот „чатуранга“, а што значи четвороделен. Чатуранга, далечниот предок на денешниот шах, била игра која го одразувала поредокот на тогашната индиска војска, а која ја сочинувале 4 рода: пешадија, коњица, слонови и борни коли, а во средината се наоѓа раџа (крал) и неговиот советник мантрин (денешна кралица). Движењето на фигурите се одредувало со фрлање на коцка. Во VI век играта била прифатена од Персиците („чатранг“), а од нив ја презеле во VII век Арапите и нарекувајќи ја „шатранџ“, во IX век ја пренеле во Шпанија. Според некои истражувачи, шахот води потекло од Кина или Средна Азија.
    Во новиот век била создадена легендата според која шаховската игра се припишува на грчкиот јунак Паламед. Според легендата тој ја измислил играта за време на тројанската војна за да ја разбие досадата во текот на десетгодишната опсада. Сигурно е дека Грците и Римјаните не го познавале шахот.

    Еве како се игра шах....децава растураат :biggrin


    Знаете ли?
    Дали уживате во игри? Сите игри се интересни и предизвикувачки, забавни за семејството и другарите. Една од најстарите игри и стратегии е шахот.
    Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, за кои се сметало дека се всушност, шаховски фигури.
    Во играта шах, ние и нашиот противник имаме армија од 16 фигури: 8 пиони, два топа, два коњаници, два ловци, кралица и крал. Нашата цел е да го фатиме во стапица кралот на нашиот противник, пред тој да го фати нашиот. Штом кралот на нашиот противник е фатен во стапица, и нема каде да бега, постигнуваме шах-мат и победуваме!
    Секоја игра на шах започнува на ист начин. Фигурите се наредени на своите позиции и едниот играч игра со белите фигури, а другиот со црните. Оној кој игра со белите фигури прв ја започнува играта. За секој наш потег, бираме една фигура и ја поместуваме од едно поле на друго, според правилата за движење на фигурите. Доколку на полето на кое сакаме да ја наместиме нашата фигура, стои фигура на нашиот противник, ја освојуваме таа фигура и ја отстрануваме од игра.
    Потребно е големо внимание и повеќе време, за да научиме како да играме шах. Секоја од фигурите има различен начин на движење, и секој потег треба однапред да го смислиме.
    Пионот има два начина на движење. Тој може да се движи едно поле напред, но може и две на неговиот прв потег. Се движи и дијагонално, од десно кон лево, кога освојува фигура на противникот.
    Топот се движи, напред, назад и странично (лево и десно), но не и дијагонално.
    Коњаниците се движат во форма на буквата „Г“, и можат да прескокнуваат други фигури.
    Ловците се движат само дијагонално.
    Кралицата се движи напред, назад, странично и дијагонално.
    Кралот се движи само по едно поле во секоја насока.
    Кога правиме потег, со кој го доведуваме во најблиска опасност кралот на нашиот противник, велиме „Шах“. Во тој случај, нашиот противник мора да го заштит својот крал. Доколку не успее да го заштити, победуваме и велиме „Шах-мат“!
    Шахот има многу посебни правила кои треба да ги научиме доколку имаме желба да станеме професионални шахисти.
    Да пробаме!
    Подготвени ли сте за шах? Доколку имате другар или некој член од семејството кој знае да игра шах, замоле те го да ве научи на правилата и изиграјте неколку партии пах!
    Зборови кои треба да ги научиме и користиме:
    • шах-мат
    • шах
    • стратегија
    • пион
    • топ
    • ловец
    • коњаник
    • противник
    • дијагонално

    Дали играте вие шах?
     
    На Marchisio и 4FUN им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,012
    Мразам шах. Иако постои од памти век и е интелегентна игра, досадна ми е. Пред се, зошто најчесто споро се игра и губам мотивција. Јас сум табла човек.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Порано многу играв, но сега немам многу време за шах.
     
  4. Hkakashi

    Hkakashi Староседелец

    Зачленет на:
    13 јуни 2012
    Мислења:
    1,543
    Допаѓања:
    1,694
    ма овој е спорт за тија што имав поголему интелигенцију и имав живци да размислуев по 1 или 2 сата.
     
  5. 4FUN

    4FUN Староседелец

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    894
    Допаѓања:
    1,986
    ја играм кога се има повеќе време ... се е стратегија, треба неколку потези унапред да размислиш, и да ги имаш во предвид противничките потези - ако се има живци - весела игра е :sreken
     
    На Хоуп*, parvati и Marick14 им се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Младите кај нас не се замараат многу со шах. Повеќе старите си играат, ќе седнат пензионерите во парк или пред зграда и мислат по 2-3 саата. Ќе се соберат околу нив друштвото и ајт.... :biggrin
     
    На 4FUN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. близнак

    близнак Староседелец

    Зачленет на:
    21 јуни 2012
    Мислења:
    169
    Допаѓања:
    306
    Бројот на различни шах комбинации (партии) е поголем од бројот на кварки во универзумот.
    И да, играм шах кога сум слободен..
     
  8. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,836
    Допаѓања:
    6,518
    Еее се присетив на порано ко го делкав близнак. Не велам не, и тој ме имат победено 2 пати во 5 години. :D
     
    На близнак му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Шах научив од дедо ми. И го победував. Сега знам дека ми попушташе, ама тогаш се радував.
    Како растев така се посериозно играв и, нормално, веќе и тој не попушташе кога сфати дека и без тоа знам да играм.
    Сега немам со кого. Само татко ми знае, ама му било напорно да игра...:rolleyes:
    Инаку, лесно е. Не е ништо тешко, ни комплицирано, само ако ти работи мозокот.
     
  10. близнак

    близнак Староседелец

    Зачленет на:
    21 јуни 2012
    Мислења:
    169
    Допаѓања:
    306
    лииилеее станало Мајориштево од дубок сон (bravo) и ко шо не е пиен кафе... ко џуптин мамит..
    ме делкал порано тој... дек јас само опуштено опуштено (smoke) .. и ела мисли да те видам..
    2 пати во 5 години бев трезен, и партали летаа (muscle)
     

Сподели: