Четири братчиња мрзнат за да стасаат до училиште, а таму за нив нема кифла

Статус
Затворена за нови мислења.

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје

Овие четири златни дечиња – братчиња живеат тежок живот, но најтешко се чини е за нивниот татко кому солзи му се полнат очите што нема како повеќе да им помогне на своите деца. БезПардон се приклучува на акцијата за помош на четирите дечиња од велешкото село Слп, кои немаат пари ни за кифла, а ја објави весникот Вечер. По нивната објава, се сплотија сите корисници на социјалните мрежи и организираат акција за помош. Во акцијата која ќе се одржи во сабота во 17 часот во кафулето Енигма, сите можат да донираат облека, школски прибор и прехрамбени продукти. Бидете хумани отворете го вашето срце… Малку од нас некому значи многу.
Приказната на Игор, Спасе, Никола и Филип ја потресе јавноста. Дечињата се на возраст од седум до 13 години и секојдневно патуваат со воз до Велес за да одат на училиште. Тие пешачат по десет километри и од селото доаѓаат на станицата каде со часови го чекаат возот со кој одат до училиштето и назад. Нивниот татко Ванчо со тешка мака ги гледа неговите чеда како се измачуваат, а неговите деца не добиваат ниту кифла за ужинка како останатите деца во училиштето.
„Срце ми се стега секое утро кога ги носам на воз, тие толку многу сакаат да одат на училиште, но жал ми е што патуваат толку далеку, посебно што зиме мрзнат… мои деца се, срце ме боли“, вели Ванчо.
Ванчо имал плата од 15 000 денари и добивал детски додаток, а сега зема седум и ништо не добива за децата. И покрај сите ветувања, никој не им помага. Ванчо вели дека институциите со години им ветуваат помош, која ја добиле само еден месец и потоа престанала. Единствено што тие бараат е да им бидат платени месечните карти за воз кои чинат 50 евра и децата да добијат барем една кифла.
Ванчо е прогласен за технолошки вишок од Колска каде што работел.
„Земам само седум илјади денари од бирото. Повеќе не плаќаат за патните трошоци. Ниту храна во училиштето не им даваат. Нивното школување скапо ме чини“, очајно вели таткото.
За трагедијата да биде уште поголема неодамна му бил укинат месечниот паричен надомест за детски додаток. Никој не му објаснил зошто му е укината.
Секој кој сака да помогне на несреќното семејство нека се приклучи на акцијата за помош на Игор, Спасе, Никола и Филип.
Отворена е жиро сметка на која можете да ја дадете Вашата помош за овие четири дечиња.
200001425395689 Стопанска банка, Ванчо Попов.

Преземено од: БезПардон.Мк
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Очигледно е дека државата треба да се позанимава со проблемите на обичниот народ.
Кога веќе воведува задолжително образование за сите
  • треба на сите да им обезбеди бесплатен превоз од дома до училиште
  • бесплатна ужина за сите ученици (на запад за секој ученик (млад) има млеко како дел од исхраната)
Причина за укинување за детскиот додаток може да е некој приход на некој од семејството.
***
Вчера или завчера прочитав дека децата добиле бесплатни месечни карти. Некаде по медиумиве
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Четири братчиња, а на сликата се три. Заеби тоа, ја одамна велам дека државава не ја бива. Кој сака нека биде на власт, не бива со сила убавина. Државава ни смрди на скапано.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
А нашите пратеници за да стигнат до работното место (парламент) трошат милион евра годишно. Ревизорите пресметале дека со тие пари можат да купат 13 повратни карти до месечината. Мамицу им сексовам.
Жално за децата, трагедија:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048, True_Blood and Bum-Bum

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Има многу семејства на кои им треба помош.
Факт е дека нешто е труло во државата Македонска.

Само да погледнеме од една друга страна... Би требало и таткото да се потруди и да најде некоја работа.
Колку толку, ќе биде плус.
Нека сади зеленчук, тутун.
Нека побара некоја амалска работа. Нека растовара, истовара, нека се снаоѓа...
Зашто вистината е дека никој нема да дојде дома и да ти постеле црвен тепих до некое работно место.

До такво дереџе дојдовме, снајди се па живеј.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Само да погледнеме од една друга страна... Би требало и таткото да се потруди и да најде некоја работа.
Колку толку, ќе биде плус.
Нека сади зеленчук, тутун.
Нека побара некоја амалска работа. Нека растовара, истовара, нека се снаоѓа...
Зашто вистината е дека никој нема да дојде дома и да ти постеле црвен тепих до некое работно место.

До такво дереџе дојдовме, снајди се па живеј.
Само да погледнеме и од друга страна. 40% е стапката на невработеност, тоа 32 е само илузија.
Кој ќе прими 50 годишен човек кога премногу млади се невработени?
Немој ко нов аргумент да постираш дека тој е крив што направил 4 деца. Жално е не го окривувам воопшто, со 1 лав да не се направеше, ќе згрижеа премногу социални случаи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and 048

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Само да погледнеме и од друга страна. 40% е стапката на невработеност, тоа 32 е само илузија.
Кој ќе прими 50 годишен човек кога премногу млади се невработени?
Немој ко нов аргумент да постираш дека тој е крив што направил 4 деца. Жално е не го окривувам воопшто, со 1 лав да не се направеше, ќе згрижеа премногу социални случаи.
Зборам за работа, која некако не им е омилена на денешните млади и академски образовани деца.
Берење праски, копање, товарање...убаво си напишав.

Да не ја претвориме темава во политичка, иако има такви тенденции ќе кажам само дека не ја бива да седиш дома и да кукаш дека нема. И да не превземаш ништо околу тоа ;)

Жалосно е за децата, не велам зашто ги направил, зашто тоа е глупа констатација...Створил живот, тоа направил.
И вистина е дека, ако веќе некому даваш живот би требало и да размислиш каков ќе му биде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.