Црквата како институција

Теофанија

Полноправен Член
19 февруари 2012
55
23
8
Каков е вашиот став околу институцијата Црква?

Која е улогата на црквата,а која според вас треба да биде?
Имате ли доверба во црквите,свештениците?

Јас немам доверба ниту во црквите ниту во свештениците,затоа и ја нареков институција.
Токму и заради тоа ја отварам оваа тема.
Малку пошироко ке се изјаснам во некој следен пост,да не биде во воведот.

Улогата на Црквата е да ги помага и да учи. Да ги прима кај себе и да ги просветлува сите луѓе жедни за духовна храна. Во Црквата е добредојден секој кој сака да живее правилен и квалитетен духовен живот.
Црквата е Храм Божји и е светиња за христијаните како што е џамијата, синагогата и другите зданија за верниците со друга верисповест.
Дали сте убедени дека Муслиманите би спореле околку прашањето зошто нивниот оџа вози мерцедес или руча во најскапите ресторани у Центар град? Само ние сме доволно бедни да им ставаме сопки на нашите духовни водители и учители. Доколку на накој му пречи односот на свештенослужителите, нека не се занимава со нив, сепак во Храмот Божји присуствуваат светињите и Светата Троица. Кога идеме во Црква идеме заради нив, а не заради одреден човек. Но, како ќе се причестиме доколку не примиме тело и крв Христова преку Литургијата од самиот свештенослужител? Доколку сте замериле кај некој од поповите определен според вас несоодветен однос не подведувајте ги под едно и останатите свештенослужители. Секој од нив на крајот на краиштата се спасува по своја мерка, која вие можеби и не ја гледате.
 
Теофанија

Полноправен Член
19 февруари 2012
55
23
8
Тотално да!
И уште нешто.. манастир? Сте слушнале? Таму не се плаќаат венчавките ни крштевките, ама таму не се крштева и венча секој.. затоа што таму треба да се чека и ако ти дозволат монасите.. Затоа што ХРИСТИЈАНИТЕ одат во БОЖЈИ ХРАМОВИ, а НОВОВЕРЦИТЕ одат по ЛИВАДИ ИТН ИТН.. ццц
Не се работи за некако дозволување. Во манастирите се венчаваат и крштеваат луѓе кои се познати на тамошните монаси и на игумените, кои што со нив се познаваат долго време благодарение на извежбаниот духовен живот на оној кој сака да крштева или да се венчава. Значи, тоа се луѓе кои се духовни чеда на монасите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: littleblackdress

Теофанија

Полноправен Член
19 февруари 2012
55
23
8
Отвори ја прикачената датотека 11197 како прво што е црквата ??? црквата е божји храм каде луѓето си ги обавуваат своите верски потреби.
би ја прашал “талентиранава“ пријателка со катадневниве теми на форумов. Во црква одиш за себе за свои потреби или да му се молиш на попо ???
друго попот не е светец за ти да веруваш во него, и трето никој ама баш никој не те тера да ставаш пари на икони (сем некој лаком попо ) инаку во библијата е забрането тоа !!! Твое е чисто да се молиш и своите молитви да ги упатиш кон бога. А дали попо бил тука или не тоа е најмалку важно тој ја има само посредната улога во многу обичаи како:Свадби, крштевки, погреби и слични работи .
Пари не се оставаат на икони, тоа го знае секој кој е малку упатен. :) Пари се оставаат во кутии специјално предодредени за таа намена. Ставањето пари на икони не само што е погрешно туку е крајно соблазнително за останатите присутни и се коси со Библијата. Кога човек дава милостиња не треба да покажува пред другите дека прави добро дело затоа што јавно се фали. Додека пак кога го прави скришно (пред очите на Бог, и само пред него треба) тогаш му се признава доброто дело затоа што не е направено за фалба, туку за вистинската намена- помагање на Црквата.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Улогата на Црквата е да ги помага и да учи. Да ги прима кај себе и да ги просветлува сите луѓе жедни за духовна храна. Во Црквата е добредојден секој кој сака да живее правилен и квалитетен духовен живот.
Црквата е Храм Божји и е светиња за христијаните како што е џамијата, синагогата и другите зданија за верниците со друга верисповест.
Дали сте убедени дека Муслиманите би спореле околку прашањето зошто нивниот оџа вози мерцедес или руча во најскапите ресторани у Центар град? Само ние сме доволно бедни да им ставаме сопки на нашите духовни водители и учители. Доколку на накој му пречи односот на свештенослужителите, нека не се занимава со нив, сепак во Храмот Божји присуствуваат светињите и Светата Троица. Кога идеме во Црква идеме заради нив, а не заради одреден човек. Но, како ќе се причестиме доколку не примиме тело и крв Христова преку Литургијата од самиот свештенослужител? Доколку сте замериле кај некој од поповите определен според вас несоодветен однос не подведувајте ги под едно и останатите свештенослужители. Секој од нив на крајот на краиштата се спасува по своја мерка, која вие можеби и не ја гледате.
Ама не разрешети еден по друг сите :)
Благорам на образложението кое веке го знам.Но!!
Требало да биде божја куќа,односно место каде што верниците би се помолиле,Но..
едно големо Но,мене повеке ми изгледа како институција.
Институција преку која одредени поединци си прават итекако голем профит за самите себе си.
Институција во која често можеш да затекнеш постари луге кои препретуваат низ работите кои народот ги носи и ги остава,како што е зејтинот,парите,даровите....не верувам дека тие работи одат за посиромашните луге.
Институција која често наликува на пазар или кафе бар кај што се собираат луге и разговараат на висок тон.
И да сакаш да се помолиш,неможеш,ке ја заборавиш молитвата,наместо да најдеш мир,ке дознаеш за најновите трач муабети низ градот.
Ретко кој свештеник си ја врши совесно работата.
Неможам да го наречам дом за верниците или божји дом кога во него постои ценовник.
Се надевам ги исчита и другите постови,но ете во случај да не си.
Не навлегувам во оваа тема за како,што,каде муслиманите,тоа може ако сакаш да се расчепка во друга тема :)
 
Мелпомена, ти највертојатно зборуваш на одредена Црква од каде си собрала лоши искуства. Не во сите Цркви се зборува гласно, не во сите Цркви зејтинот и парите ги земаат за свои потреби. Зејтинот всушност се користи за приготвување на трпезата кога се прават празниците и славите, а на трпеза седнуваат сите, и сиромашни и богати верници кои дошле во Црквата да се помолат за здравје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: littleblackdress

Теофанија

Полноправен Член
19 февруари 2012
55
23
8
Ама не разрешети еден по друг сите :)
Благорам на образложението кое веке го знам.Но!!

Се надевам ги исчита и другите постови,но ете во случај да не си.
Не навлегувам во оваа тема за како,што,каде муслиманите,тоа може ако сакаш да се расчепка во друга тема :)
Се извинувам, но не знам како може да се спојат сите мислења заедно, за да не изгледа вака дека пишувам по неколку мислења со ред, но не знаев како поинаку.
Ценовникот не постоел отсекогаш. Се актуелизираше во последно време кога и всушност стана збор за фискализација на Црквата и нејзините вработени (свештениците). Од друга страна, тие и навистина се нејзините вработени затоа што буквално работат на остварување нешто. Крштеваат вода, служат редовни Литургии, ги посетуваат домовите на куќни слави, осветуваат домови и други простории итн.
Сепак, не си целосно во право затоа што не во сите Цркви и не секој свештеник наплатува за услугите. :) Како што некој погоре спомена, дека само во Манастирите е бесплатно, не е точно, а исто така, никој свештеник нема да ти се качи на глава доколку му кажеш дека немаш да му дадеш пари во моментот или дека воопшто немаш пари да му дадеш. Ајде пробај, па ќе зборуваме. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: littleblackdress

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Мелпомена, ти највертојатно зборуваш на одредена Црква од каде си собрала лоши искуства. Не во сите Цркви се зборува гласно, не во сите Цркви зејтинот и парите ги земаат за свои потреби. Зејтинот всушност се користи за приготвување на трпезата кога се прават празниците и славите, а на трпеза седнуваат сите, и сиромашни и богати верници кои дошле во Црквата да се помолат за здравје.
цитирај ме мила каде имам напишано дека мислам за сите?:) и за црквите и за свештениците,ако најдеш тогаш ке речам дека ти е во ред забелешката.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се извинувам, но не знам како може да се спојат сите мислења заедно, за да не изгледа вака дека пишувам по неколку мислења со ред, но не знаев како поинаку.
Ценовникот не постоел отсекогаш. Се актуелизираше во последно време кога и всушност стана збор за фискализација на Црквата и нејзините вработени (свештениците). Од друга страна, тие и навистина се нејзините вработени затоа што буквално работат на остварување нешто. Крштеваат вода, служат редовни Литургии, ги посетуваат домовите на куќни слави, осветуваат домови и други простории итн.
Сепак, не си целосно во право затоа што не во сите Цркви и не секој свештеник наплатува за услугите. :) Како што некој погоре спомена, дека само во Манастирите е бесплатно, не е точно, а исто така, никој свештеник нема да ти се качи на глава доколку му кажеш дека немаш да му дадеш пари во моментот или дека воопшто немаш пари да му дадеш. Ајде пробај, па ќе зборуваме. :)
Еве ти ги ставаш во еден куп сите без да направиш исклучок,за кој сакаш верувај сакаш не,постојат.
а одкако знам за себе знам и за ценовникот во црквата,значи и пред фискализацијата но немам намера да се препирам,секој со својот доем и размислување.
да не се повторувам се со истите постови за истите прашања,би се поздравила засега од темава :)
 
Теофанија

Полноправен Член
19 февруари 2012
55
23
8
Еве ти ги ставаш во еден куп сите без да направиш исклучок,за кој сакаш верувај сакаш не,постојат.
а одкако знам за себе знам и за ценовникот во црквата,значи и пред фискализацијата но немам намера да се препирам,секој со својот доем и размислување.
да не се повторувам се со истите постови за истите прашања,би се поздравила засега од темава :)
Можеби има нешто друго направено, или вербално се закачал, ама дека ти се качил на глава, не ти се качил. :)
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Каков е вашиот став околу институцијата Црква?

Која е улогата на црквата,а која според вас треба да биде?
Имате ли доверба во црквите,свештениците?

Јас немам доверба ниту во црквите ниту во свештениците,затоа и ја нареков институција.
Токму и заради тоа ја отварам оваа тема.
Малку пошироко ке се изјаснам во некој следен пост,да не биде во воведот.

Точно е дека во ред е да запалиш свеќа за починати и за здравје.
Пари не гледаат, бар не од мене.

Точно денес има прилика да се доуверам дека без разлика на верата свештените лица попови/оџи се заплеткани во тежок криминал.
Сите до еден.
Зборувам за оние на врвот.

Седам на кафе, имавме мал состанок.
Од спротива седеа дечки кои се познати по посредување и дилање на кокаин.Никој од нив не е со кола која е поефтина од 50.000 евра.
Не е битно.

Доаѓа еден дебел човек, со брада, кој исто така го знам.
Го викаат Оџа.
Има завршено два факултети за оџа, еден тука еден во тие арапски земји.
Најучен оџа во мк.Моментално работи како советник на Мијалков.
Седна со нив.
Можете ли да замислите за што правеа муабет?Сигурно не кој колку верува во бога или колку пати иде во џамија/црква.

Посредуваа.
Или конкретно кажано плаќаа данок за користење на улиците за да може на раат да дилаат, како и плаќање данок за тоа што прават енормно многу пари.

Така да можам да кажам дека и поповите и оџите се исто гомно.
Од просечна македонска плата од 250 евра, што дури и тоа е многу ама ај, не можеш да си приуштиш кола на старо, а камоли на ново.
А они возат џипови луксузни, или пак лимузини од типот на мерцедеси s300 збориме производство 2010/2011, или пак bmw 730/740 исто така година две стари.

Тоа е од свеќи што купуваат луѓето? Или што оставаат по 5/10 денари на икона?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and TIGERWOMAN31SK