Црквата како институција

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Каков е вашиот став околу институцијата Црква?

Која е улогата на црквата,а која според вас треба да биде?
Имате ли доверба во црквите,свештениците?

Јас немам доверба ниту во црквите ниту во свештениците,затоа и ја нареков институција.
Токму и заради тоа ја отварам оваа тема.
Малку пошироко ке се изјаснам во некој следен пост,да не биде во воведот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and kones

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Не тија лопови не ги верују. Мани што зимав плату, па још и кт идеш у цркву за да сечеш колач и сл. ти зимав паре. Овакој за Цркву можу да кажу само дека е добро понекопут да се отиде чисто онакој ради веру.
 

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Црквата не е институција туку према верниците е божја куќа која служи за молитва.Парите што ги оставате на иконите не ги оставате на Господ туку во нечиј попски џеп.Тоа се измислици од народот Пари,Зејтин,Дарови итн.Најголем дар за црквата е свеќата и молитвата а се друго е измислено од народот а не од црквата институција како што велиш ти.Сите свештеници добро и совесно си ја извршуваат својата работа зборам за делот од службата кон црквата а што прават и дали крадат не не интересира гледај што те учи а не што прави.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Црквата не е институција туку према верниците е божја куќа која служи за молитва.Парите што ги оставате на иконите не ги оставате на Господ туку во нечиј попски џеп.Тоа се измислици од народот Пари,Зејтин,Дарови итн.Најголем дар за црквата е свеќата и молитвата а се друго е измислено од народот а не од црквата институција како што велиш ти.Сите свештеници добро и совесно си ја извршуваат својата работа зборам за делот од службата кон црквата а што прават и дали крадат не не интересира гледај што те учи а не што прави.

Седи бе, не беше црквата местото каде христијаните можеа да оставаат средства кој колку сака за потоа оние кои имаат потреба од помош слободно да си земат без да бараат од некого? Оф, не. На крај тоа се измислици од народот.
Ако црквата е божји храм зошто има ценовник? Зарем кога Исус бил крштеван од Јована, Јован го крстил за пари? Дали венчавките се благослов од Господа за кој треба да му платиш на поп? Дали погребите на христијаните се должност на свештениците кои му служат на Господа и не треба да се покоруваат на материјалните задоволства? Лицемерие.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Требало да биде божја куќа,односно место каде што верниците би се помолиле,Но..
едно големо Но,мене повеке ми изгледа како институција.
Институција преку која одредени поединци си прават итекако голем профит за самите себе си.
Институција во која често можеш да затекнеш постари луге кои препретуваат низ работите кои народот ги носи и ги остава,како што е зејтинот,парите,даровите....не верувам дека тие работи одат за посиромашните луге.
Институција која често наликува на пазар или кафе бар кај што се собираат луге и разговараат на висок тон.
И да сакаш да се помолиш,неможеш,ке ја заборавиш молитвата,наместо да најдеш мир,ке дознаеш за најновите трач муабети низ градот.
Ретко кој свештеник си ја врши совесно работата.
Неможам да го наречам дом за верниците или божји дом кога во него постои ценовник.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Како голем верник, кој навистина до ден денес а сум сигурна дека и понатаму, немам сомнеж во верата и во постоењето на некоја виша сила ќе го кажам следново. Верувам во Бог, во надеж, во љубов и во себе!
Е сега за Црквата, и за оние кои ја претставуваат црквата не сум баш сигурна.
Во мојата глава, свештеник а и самата црква треба да е материјализација на она невидливото што го нарекуваме вера, но во реалноста тоа е само една Институција која на име на верата се богати, и прави што сака. Не сакам да грешам душа, но мислам дека со оние џипови со затемнети стакла, кога ќе се сместат на оние фотељи на тркалезна маса, наликуваат на политичари кои се состанале да одлучат со што да ги лажат луѓето. За Ватикан па и да не коментирам, колку трули приказни излегоа за некои од свештениците за злоупотреба на малолетници и што не друго ми се дига коса од ужаснување.
Свештениците треба да бидат посиромашни и од најсиромавиот, да помагаат, да се борат за луѓето и да проповедаат убави работи, добрини, морални вредности , а не да пречатат вода во 30 секунди и да речат 300 ден фала пријатно. Црквата треба да е отворена за сите, а не да осудува луѓе кои животот ги навел да погрешат во одредени ситуации, како што Рекол Исус... „нека фрли камен прв тој што е безгрешен“! е кај нас црквата и воопшто тие верски институции веднаш фрлаат со цигли по луѓето.
Подобро ми е да верувам во невидливото чувство на верба, на надеж, на љубов, на добрини, на убави мисли кон ближните и кон светот, отколку во видливите институции кои на име на верата што ја имаме, изнудуваат пари и моќ!
 

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Имаш право но државата и црквата немаат никаква поврзаност а со тоа и нормално државата одбива а и не е толку моќна да финансира толку венчавки,крштевки итн...
Црквата си има свои трошкови и за тоа си има свои тарифи а за некој работи имаш право навистина претеруваат.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Секако дека немам доверба во црквите, односно во тие кои што ги раководат.

Пред некоја година, за едни велигденските празници работев во една црква, каде што полнеа голем сад од чешмата од вецето и ставаа знак дека е света вода, и ја продаваа по 20 денари во мало шишенце. Продавав разни донирани облеки и пешкири, кои некои луѓе ги купуваа само за да ги подарат внатре во црквата на некоја икона, и истите свештеникот ни ги даваше да ги препродаваме.

Порано, пред христијанството, луѓето имале храмови, светилишта, жртвеници, статуи итн, каде што дарувале секакви предмети (статуети, симболи, садови, амблеми...), кои биле вредни поради скапоцениот материјал, поради мајсторската изведба и поради својата старост т.е. припадноста на некои минати херојски времиња, или пак на некои прочуени или легендарни претставници на таа заедница, се со цел, да го изразат статусот и достоинството на конкретниот дарател. Нешто слично се случува и во христијанските храмови, дури до ден денес.

Зарем навистина можеш да го купиш твојот голем Бог со пари и други не/вредни предмети?
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Црквата како институција не би требало да постои, храмовите да си останат туристичка атракција, а поповите да престанат да мотаат филмови и да си го покажат својот вистински идентитет.... Тоа дека они се уствари џедаи од темната страна :D :D

151d1321361038-priests_lightsaber.jpg


319284_10150292335511191_550701190_8034530_1494080840_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas and Saturnia

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Е кога сме кај црквата...
Божествата се божества, а луѓето луѓе.
Желбите на луѓето секогаш имале неограниченост кога се работи за моќ.
Поповите... оние кои треба да бидат „потпароли“ на Бог сепак имаат одредена моќ над другите луѓе. Таа „мала“ моќ ги наведува на желба за поголема моќ, па уште поголема... И се’ така до недоглед.

Зборот ми беше... Тоа е причината поради која Поповите заборавија која е нивната улога и заборавајќи ја својата улога и верноста кон својот Бог се претворија во најголемите крадци во светов.
А црквата како институција (и јас се согласувам дека тоа и е) ја користат како место каде што можат да соберат материјални сретства за зголемување на својата моќ.
Исто како што се отвараат банки за луѓето да земаат кредити... И директорите да имаат профит од тоа. Исто така во денешно време а и во минатото си се граделе и се градат цркви а поповите си ги полнат џебовите :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Oleri