1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Цигара - пред друштво или потреба?

Дискусија во форумот 'Социологија' започната од Давор, 5 декември 2012.

  1. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Кај мене почетокот беше од љубопитност, а не да се правам главен фраер у друштво.
    Скоро 8 год. сум активен една кутија дневно цигари ги осеќам како потреба, имам 3 обиди за откажување но безуспешно беше. Нормално дека може и без нив тоа е само една навика треба само многу голема желба и малку инвестиција у бонбончиња,грицки и друго мезе за кога ке дојде желба за цигара. :)
     
  2. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
  3. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    Почнав да пушам од 7мо.Онака да пробам да видам како е ..во 8мо не пушев толку многу, ама од прва средно до сега тепав по пакета или две дневно ..Не е многу ама не е ни малку...Во моментов сум како жена во ПМС.. Колам , бесам и сите ги сакам исто времено.. 2 дена поминати само со една цигара ..
     
  4. apple-girl

    apple-girl Полноправен Член

    Зачленет на:
    6 декември 2012
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    73
    хм ... за да бидеш кул во друштво нема потреба од цигари ... во друштвото ми се 90% пушачи па не сум осетила потреба и јас да посегнам по цигарите .. ми сметаат не можам .. ма какво кул бре ... не се трујам да бидам кул ...
     
  5. Coelho

    Coelho Староседелец

    Зачленет на:
    2 април 2012
    Мислења:
    286
    Допаѓања:
    493
    На повеќето, ако не и на сите, зависноста кон цигарите им почнала како пропаднат обид да привлечат внимание и да бидат кул.

    Има некои кои многу отворено кажуваат дека нема ништо посебно во цигарите, ама сметаат дека изгледа кул, а и веќе им е завист, па нема што да прават, ќе си продолжат со пушење.

    Има некои кои глумат лудило т.е "ги пафкаат" цигарите како обид за внимание или некој така-наречен шок-фактор од типот на "Еј, видете сите, Петранка пуши цигари!" и тука Петранка во себе се моча од радост бидејќи ја гледаат и зборат сите, ама веројатно ќе каже нешто како "Де бе луѓе, олабавете, ја пушам уште пред да ги направам првите чекори, шо ви е?"

    И има некои кои како не-пушач не ги разбирам, оние кои навистина уживаат во пушење на цигари или ги користат како нешто што го намалува стресот.

    "Нема ништо подобро од кафе и цигара" или "Нема ништо подобро од цигара после јадење" се две од неколкуте изјави на пушачите кои никогаш нема да ми бидат јасни. Но, очигледно поради моето не-пушење цигари пропуштам некое оргазмично чувство и искуство кои е резервирано само за пушачите, па нема да коментирам.
     
  6. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Има луѓе кои стварно се зависни од цигари и пушат долго..нив ги разбирам. Навика и зависност е. Ама...денес за жал повеќето млади пушат за да се фаци и што?! Ко прво си се трујат беспотребно ко второ не се фаци.
     
    На Marchisio му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marchisio

    Marchisio Староседелец

    Зачленет на:
    4 јуни 2012
    Мислења:
    551
    Допаѓања:
    902
    имаш право и трето мислат младиве ако пушат дека станале возрасни
     
    На emzzy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Е многу мислет....
    Мислет така а мајка им уште гаштите му ги перит.
     
    На МиГ 21 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vitocorleone

    vitocorleone Староседелец

    Зачленет на:
    27 јуни 2012
    Мислења:
    75
    Допаѓања:
    39
    Да одговорам на оваа тема од лично искуство, некогаш почнав заради друштвото заради тоа што значеше да си кул ако си со цигара, денес после 10 години скоро јас неможам да се откажам и погодете зошто, пак само заради друштвото, каде сите пушат ке запалиш и ти една цигара ,,само,, Тое е :)
     
    На Roxelana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Македонец

    Македонец Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    313
    Допаѓања:
    439
    и потреба и навика, бар за мене. И нема крај на муабетов околу ова чудо. Кој пуши ке си пуши, кој не ке пропуши хх
     

Сподели: