Цвеќиња

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Кој е вашиод омилен цвет?
Дали имате навика да подарувате цвекиња?
Сакате ли да ви подаруваат?
Дали одгледувате цвекиња?
Општа дискусија за начинот на одгледување цвекиња,собни и на отворено,на вашиот балкон,тераса..
Фотографии.

Најмногу го сакам лотосовиот цвет
има околу 100 вида на лотоси
download.jpg

lily_pad_lotus_flower.jpg

Мегу омилените ми е и темјанушката,љубичицата
еве малку повеке информации за темјанушките
Темјанушката е цвеќе кое многумина го нарекуваат весник на пролетта, но ја сметаат и за симбол на скромноста и плодноста. Се користи за јадење, но и за зачувување на убавината и здравјето
Присутна и во митологијата
Темјанушката во минатото жените ја користеле за утринско миење. Според митологијата, темјанушките толку освојуваат со својот мирис и убавина што и грдиот Хефест со нивна помош ја придобил наклонетоста на божицата Афродита. Исто така, Зевс ја преплавил ливадата со темјанушки за да ја утеши својата љубовница Ио, која поради љубомората на Хера морал да ја претвори во крава. Старите Грци ја избрале за симбол на плодноста, додека Римјаните уживале во нејзиното слатко вино. Според легендата, моќната божица Кибела се вљубила во Атис, преубаво момче, па го избрала за свој свештеник за да го обврзе на целибат. Но, Атис се вљубил во преубавата ќерка на богот Сагариј, Сагаритида. Кибела го казнила со смрт, а од неговата крв која се пролила по земјата израснале цветовите на темјанушката.

Еликсир за убавина и здравје
Темјанушката (лат. Виола одората) цвета од март до средината на мај, а понекогаш повторно процветува во есен. Во коренот на темјанушката има сапонин, кој се користи за омекнување на слузта и полесно искашлување. Содржи и салицилна киселина, алкалоид виоли и одоратин, кој е најлековитата состојка во темјанушката, како и етерично масло, соли, витамин Ц, каротен... Затоа со темјанушката се лекуваат болестите на белите дробови и вените, бронхитис, ревматизам, слаба циркулација, проблеми со грлото, стресот, срцевите тегоби, главоболката, мигрената, уморните очи, коњунктивитис, воспаление на непцето и слузокожата на носот. Ефикасно ја чисти крвта, ги шири крвните садови, помага кај бубрежните болести, воспаление на мочните канали, гихт, против раздразливост и несоница, иритирана кожа, екцеми, акни и изгореници. Погодна е за сува и чувствителна кожа.
download (1).jpgdownload (2).jpgimages (1).jpg
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Ruza%20orosena_1.jpg

Ова е мојот омилен цвет...
Обожавам да подарувам цвекиња,а за мене најубав подарок е букет ружи :)
Имам и многу од они цвекиња во сакасија...Многу си ги сакам...
Се на се обожавам цвекињаа:) :giggle
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
weddings_large.jpg
292161_286330834790239_108684402554884_624344_1235524106_n_large.jpg
tumblr_m3h644k8iT1qzvul7o1_500_large.png
tumblr_m20nagOe6J1qka1dco1_500_large.jpg
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Омилени ми се калите.. порано секогаш кога ќе добиев кала плачев од среќа сега некако посмирено го прифаќам подарокот : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and - Dee Dee -

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Најомилени ми се розите, како таа на Бум-Бум погоре. А и во дворот најмногу имам рози.
За подарување немам некоја навика(освен на мајка ми за 8ми Март), но ете за Велигденот ми се случи за прв пат (срам да ми е :) ) да подарам букет каранфили и чувството беше прекрасно и обострано.
Пред некој ден мајка ми купила некои семиња, не знам што цвеќиња се но на сликата добри ми се гледаа. Ги насадивме во висечки саксии кои ги направив од пластични шишиња од 2л. :) Интересно е што земјата се гледа и од далеку не се приметува шишето и конците на кои висат. :)