Х-Фактор Адриа

Повеќе би сакале X Factor да е..

  • Македонски (само во Македонија)

    Гласови: 19 46.3%
  • Балкански (во пакет со земјите од екс ју)

    Гласови: 22 53.7%

  • Вкупно гласале
    41

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не гледам ТВ многу, па така и заборавам да пуштам телевизор кога има Х Фактор, ама чат пат следам на youtube.
Не знам зошто мене не ме расплака таа вчера што пеела...

Фаворит ми е девојчето од Босна засега, само мала замерка имам на изјавите што ги дава дека сите и љубомореле, им викала на родителите па вие не сте свесни што имате дома... Ок е и така е, ама како што прочитав во некој коментар, публиката не сака толкава самоувереност и самовоздигнување, уште подобро би прошла да е малце поскромна.

Во врска со нашите, многу неубаво што им се посветени дури цели 4 минути од цела емисија, а сите талент до талент, додека онаа лудата романска вештица ја гледав 10 минути, а тоа ти доаѓа и пола емисија.

За жирито...
За Жељко отсекогаш сум гаела симпатии, како човек што ја сакал нашата земја, добар, скромен, обичен човек и се надевам дека се тоа што го претставува во Х Фактор е само лошо сценарио. И верувам дека е сценарио, пуста желба наша се да биде исто, идентично ко на запад, а луѓево во жири се навистина лоши глумци.

Е сега, од друга гледна точка, кога е сеир во прашање, многу неубаво што си направиле една селекција со време и фриковите од типот на овој ептен ги дискриминирале и не им дале шанса да покажат што знаат, а нас ни го ускратиле правото целосно да уживаме во шоуто.
 
Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Ајде, вечерва сум на добро расположение, двајцата ќе се удриме (facepalm)

И едно прашање. Тој Никола, плавушата зошто мислам дека беше во едно друго шоу...кај што беше и Александар Белов?

Да во Оперција триумф беше Никола
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Фаворит ми е девојчето од Босна засега, само мала замерка имам на изјавите што ги дава дека сите и љубомореле, им викала на родителите па вие не сте свесни што имате дома... Ок е и така е, ама како што прочитав во некој коментар, публиката не сака толкава самоувереност и самовоздигнување, уште подобро би прошла да е малце поскромна.
Баш ме интересира по што заклучи дека не е скромна?Колку што мене ме држи памтењето,девојчето искрено си кажа дека нема многу пријатели и дека некои и љубоморат поради гласот,а таа баш би сакала да има многу пријатели.Па што и да им викала на родителите дека не се свесни што имат дома?Ако она не ги натерала да ја пријават во шоуто,можеби ќе немаше втора шанса за светот да слушне за неа.А можеби и се зафркавала.Како и да е,тоа според мене не е огромна самоувереност и самовоздигнување како ти што опиша.Девојчето ниту во еден момент не рече Јас сум најдобра ви си немате врска,јас сум најпопуларна,сите сакат да се дружат со мене..абе остај,никој не може со мене- а според мене тоа е самовоздигнување.Али како и да е,секој со своето мислење :) Извини што те цитирав,ама стварно мислам дека имаш грешка мислење за девојчето.Барем до сега не се покажала како таква.
 
Ни земам леб од нејзе, ни па нешто посебно ме занима да коментирам со толкав жар како што коментираш ти.
Ја гледав на друго интервју и си стојам на тоа дека не треба да се учи така.
И не ми се извинувај што си ме цитирал де, за тоа сме тука, да дискутираме.
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ни земам леб од нејзе, ни па нешто посебно ме занима да коментирам со толкав жар како што коментираш ти.
Ја гледав на друго интервју и си стојам на тоа дека не треба да се учи така.
И не ми се извинувај што си ме цитирал де, за тоа сме тука, да дискутираме.
Абе таман е,и јас не ја знам приватно па да знам се за неа,али по тоа што го гледам на тв заклучив дека девојчето е многу искрено.И воопшто не се величе себеси како оној што го имитира Здравко Чолиќ,па кога рече дека имал седумнаесет а кажувал дека има дваесет и пет години (facepalm) па кога ќе имал свој албум бла бла,е тоа е според мене преголема самодоверба и самовоздигнување :) Демек јас сум најдобар,нема никој подобар од мене и крај.
 
Види таа 13, тој 17 ни треба да им замеруваме, ни да им коментираме карактери, зошто пола од ова што го претставуваат сега (карактерно) ќе исчезне, нема да постои веќе, ќе се смени со други и други и други размислувања. Има време дури да пораснат и созреат. Само...
Не е убаво човек да се учи дека е над некој или дека вреди многу повеќе од другите без разлика каков талент поседува...
Јас барем сакам скромни луѓе, кој и да било фактор да се или не.
Таа може знае да пее како што не знам јас, ама затоа јас цртам како што не знае она.. Или ти небитно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Во таа тема се (и нека се) дискутира општо за X Factor, за британски, англиски, бугарски верзии и натпреварувачи, тука само за српската верзија и натпреварувачи, може?

неможе оти таму е напишано дека се работи за Х Фактор Адриа.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
неможе оти таму е напишано дека се работи за Х Фактор Адриа.

Тука воведот барем не е копиран текст :zelen

Околу девојчето од Босна се согласувам со Хоуп.
Многу нескромност изразена во толку мало интервју.
Без разлика на годините,и на таа возраст веке од прилика знаеме што е скромност а што препотентност,мада кога се работи за пубертет.
Од апект на талент за пеење нема ништо спорно.
Песната ја испеа дури подобро и од самиот оригинал.Барем мене ми се допадна повеке.

Ромите не ги гледав во емисијата,но откако ги погледнав покасно искрено ништо посебно не ми се допаднаа.
Жирито си е такво какво што си е,жирииииии :D
Сите се сметаме за добри и достојни критичари а кога некој е поставен на таков стол одма замерки имаме.
До сега барем од она што го оценува Жељко немам ниту една забелешка.
Дури и јас да сум би и кажала Не на нашата Фифи.
Таа можебиима глас,но не знае како да го испласира,многу извештачено.
И то.