Х-Фактор Адриа

Повеќе би сакале X Factor да е..

  • Македонски (само во Македонија)

    Гласови: 19 46.3%
  • Балкански (во пакет со земјите од екс ју)

    Гласови: 22 53.7%

  • Вкупно гласале
    41

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Искрено не очекував Илма да испадне ја гледав во финале но што е тука е ..се си мислев дека докторите ке си одат ама не..Во право си беа од жирито поради причината која ја испратија Илма дома ипак Маид заслужено си помина а за Илма живото е пред неа ..Ми смета тоа што не знае да се носи со поразот па само пишува статуси кои не би требало ..мислев дека е девојче на ниво дека се поднесува со стил ама не било така..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Мислам дека најмногу шанси да успее има Маид, барем на Балканов. Гледам фактор икс , зошто само тоа на македонскиве телевизии за разонода го има. Иначе ваквите шоуа ми се по малку очајни , многу преправални , многу драма....тоа само во Америка успева, овде не баш.
 

Yvette

Истакнат Член
26 јануари 2014
144
276
73
Мислам дека Маид може да направи кариера и без Х фактор. Што знае да пее, знае. Даниелчо наш пее убаво, ама отвори ли уста да збори, земи пуканки и чекај да заврши после саат време. Фаворит ми е, не дека е наш туку ете, од сите најубаво пее. Докториве звучат убаво заедно, ама одвоено... ноуп. Тамара нема ни да ја коментирам, за неа требаше одамна да заврши шоуто. Лукијан и тој не ме фасцинира, заборавам и дека се натпреварува. Додека Илма, девојчето пее за пеење, ама она што ме одби од нејзе беше самата нејзина најава уште на почетокот, како тоа нејзините другарки и љубоморат затоа што пее убаво и слично. Тоа што ми ја потврди одбивноста беше колнењето на Емина преку фејсбук за кое што немаше никаква причина, ама ете, кој губи има право да се лути. Александра Брковиќ горе доле пееше убаво, далеку поубаво од Лукијан и Тамара, па мислам дека е не беше фер на тој начин да биде исфрлена.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Секоја чест за Даниел заслужено си победи и искрено не очекував се си мислев дека ќе наместат Тамара да победи и се изненадив кога го прогласија за победник.
:igra
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Јаоо чуството коа ќе видиш дека МАКЕДОНЕЦ УСПЕА да победи на некое балканско шоу невозможното стана возможно
ЧЕСТИТКИ ДО ДАНИЕЛ СУПЕР ПЕАЧ И ЗАСЛУЖЕНО ЈА ПОНЕСЕ ТИТУЛАТА Х ФАКТОР
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Супер, фаворит ми беше и си победи, ама еднаш треба да сфатиме дека ова не е натпревар за мерење ташак каде докажуваме пред другите колку вредиме ко држава, туку дека една индивидуа се бори за своја кариера и тоа е тоа. Се погодил наш - браво, но имаме уште толку неоткриени таленти. Оние знамиња, патриотски чукања во гради и изигравање интересни по Твитер и Фејсбук - не. Какви глупости се изначитав од воини на тастатури, дури незгодно ми падна. Грците да цркнеле, овој, оној...:eek (абе, очите им отекоа од следење и плачење)
Со народ чиј придонес и интерес се плукање и (поретко) давање поддршка преку коментар на Јутуб, торенти и шунд „последни, ексклузивни“ настапи од изведувачи пред залез на кариера што се продаваат за 50 денари карта и воденикаво пиво во пакет, не се гради кариера. Немаме основна култура за настани што бараат нешто повеќе од крената мишка во транс состојба. Кој ќе го крева овде? Не дека и во Србија го нема ова, но бар се каде каде во поголем број од нас и со повеќе можности.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle, existence and Selene

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Лична слика од синоќа:
Заслужена победа. Покрај сите тамошни, Дени бој си испеа најкоректно и со што е можно помалку грешки.
Доктори како што ја живееја популарноста на публиката, ме зачуди што толку брзо отпаднаа, иако мене не ми биле никогаш ништо посебно.
Маид е добар пејач... Едина маана му е што фураше апсолутно еден жанр и тој го тераше целосно низ сите негови настапи. Затоа и досадно стануваше.
Лукијан лош беше вчера. Забегуваше и едвај чекав и типував меѓу првите дека ќе ја напушти сцената. И би така..
Е сеа за Тамара... Никогаш не ми беше симпатична на глас колку на лик. Таа боја и млакост го уништуваше скоро секој нејзин настап. Фалсет кој не се толерира. Као Dolores од Cranberries. Доволно ти се две - три песни. После е заморно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Yvette

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Среќа немам многу пријатели на фб, ама тие што ги имам во комбинација со сите лајкнати страни, ме удавија со статуси за победата и честитки. Што, вие да не добивте 10.000 евра и кола? Батката ќе си вози добра кола и ќе си живее удобен (до некаде) живот во Белград. Не таму каде што живеел до сега, не во родената му земја, туку во сосема трета. Али ајде да не испадне дека само хејтам за делови од приватниот живот, а не и за пеењето. Океј де, не пее лошо. Знае да фалшира и знае добро да испее. Ни ваму, ни таму, според мене. Но искрено, смешно ми е да се кинат коси за добар кавер. Ај да видиме што ќе направи лично свое. Да помине фамата околу шоуто, да започне да пее свои песни и да видиме како и дали ќе создаде кариера, па тогаш ќе може да коментираме каков пејач е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Баш ми е драго за победата на Даниел.
(Само желба ми е ,луѓето од целиот Балкан колку што потрошија пари за гласови по пораки за своите фаворити,во иднина да трошат исто толку на донации за болни деца и возрасни...)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN