Хуманоста за Јоце (Бидете хумани - донирајте)

boki85

Нов член
12 ноември 2012
5
0
1
38
Кратко био за Јоце Блажевски и неговата потреба од хуманитарна помош
530698_435688453161017_1824222252_n.jpg




После 24 годишна макотрпна и тешка борба, јас и моето семејство сме на граница на експлозија од среќа. После сè, ПРОГРЕС
за мене... Претпоставувам “се искачувам”.
Добив покана од Руската Клиника ” Neuro Vita” за примена (пресадување) на матични клетки, која ќе овозможи мојата диjагноза ”церебрална парализа” да се излекува. Јас сум инвалид во количка, неможам сам да се движам, моите помагала се патерица од едната страна и некоја особа од другата.
Сега имам шанса да се излекувам и да продолжам самостојно во понатамошниот живот. Цената за престој, на одделението со придружно лице и вкупното траење на програмата на третирање од 2 години базирана на матични клетки, чини 70 000 евра. Јас и моето семејство не можеме да си овозможиме толкава сума на парични средства, па затоа потребни се донации од секој вид на хуманитарна акција како и индивидуална хуманост.

До сега бев на 4 третмани во НеуроВита, имам огромен напредок. Најпрвин почнав да лазам, да седам на стол без потпирачи, да јадам сам на маса без да ми се потресуваат рацете и нозете, значи спазамот целосно изчезна.Потоа да правам подобри чекори без да ги плеткам нозете една во друга, па почнав да стојам сам на две патерици,најпрвин потпран на ѕид, бидејќи немам доволно рамнотежа, а сега од четвртиот третман веќе се движам фатен за двете раце однапред со помош на друго лице. Се чувствувам многу посвежо, помоќно и мојот организам целосно ги прими матичните клетки, без да изумрат барајќи си го местото во оние клетки кои се изумрени.
Секојдневно примам физотерапевтски масажи од професионален физотерапевт, кои исто така ги плаќаме ние самите, вежбам на некои справи дома и правам вежби на душек и на пилатес топка. Треба да одам и на базен за да биде уште поуспешно, да се активираат клетките, но не можам да постигнам со финансии и за тука за секојдневни терапии и за лекувањето во Москва.
Во септември треба да одам на 5-ти третман ( убризгување на матични клетки 5 дози/шприца + целосна терапија со вежби, масажи) , треба да останам повторно 30 дена и тоа ќе чини 10 800 ЕУ, што искрено моето семејство повеќе нема енергија од каде да ја пронајде оваа сума на пари. Затоа ве замолувам доколку сте во можност донирајте на било каков начин, на жиро-сметки, или пак со присуство на некоја од наредните хуманитарни забави што ги организираат моите сестри...во касите за донација моментално се поставени на Меѓугратска автобуска, на Аеродром Александар Велики, на Базен-Карпош...

Достапни се жиро сметки за донации во следниве банки:

*Стопанска банка АД - Скопје: трансакциска сметка 200000207845578

*Комерцијална банка АД – Скопје: бр.на сметка 300007071578620

*NLB Тутунска банка – Скопје: трансакциона сметка: 210-5016352013.14

Донации од странство:
* NLB Tutunska Banka - AD Skopje, Vodnjanska no. 1, 1000 Skopje
IBAN Code MK07210501635201314
SWIFT TUTNMK22
Jovica Blazevski
ul.Vlae br 55 Karposh, Skopje
R. Macedonia

Тел за донации :070 143 153
...Почетоците се обично застрашувачки, а краевите тажни, но не и во овој случај. Позитивниот став можеби не може да ги реши сите мои проблеми, но може да предизвика доволно луѓе сето ова да го направaт вредно за вложениот труд и напор.
Никогаш не се запрашуваме за значењето на животот додека сме среќни и задоволни, но во овој момент се прашувам и потребна ми е таа хумана моќ и подршка. Потребна ми е таа трошка радост да го исполни во целост мојот душевен мир.

Хуманоста не познава граници!

Насмевката добро ми стои! Што би дал, да ми ја задржиш оваа насмевка :)?
Линк до групата
Линк до профилот