Хуманитарност или лична реклама?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кога е спомната Есма, се сетив на една случка, па во склоп е на муабетот да ви раскажам.

Во средно за Божиќ бевме во домот за деца без родители, а таму беа Есма и Бранко Црвенковски како гости што донирале пакетчиња. Со една гарда камери позади нив.
За Есма ми беше муабетов...

Додека камерата беше уклучена, Есма плаче за судбината на детето што го држи во скут, ветува посвојување, подобрување, подобра судбина... Дојде време за пауза на новинарите, излегоа надвор на цигара, не остана ни една камера уклучена, а детево остана кај Есма, па почна да ја гушка, а оваа мртва ладна му рече "ај оди сега таму не досадувај веќе".
И после бараш хуманисти па посебно јавни личности. Кога кралицата на добрите дела е кралица на лицемерието, што останува од други.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Гледам дека повеќето од коментарите се насочени кон големината на половиот орган на дечкото што си позирал... реков да се насочам јас кон оформување на моето мислење, затоа што насловот на темата гласи „Хуманитарност или лична реклама“ а не полов орган и висење на таквиот полов орган на ѕидот од дневната соба.
- во други услови и на друго место, каде што постои тема без тема, повеќето од овие мислења ќе беа означени за оф-топик, но ете тука не важи тоа правило.

Календарот е таков каков што е. Бидејќи девојките не сакаат разголеност(толку вулгарна) нормално дека кај 90 проценти од нив ќе има одбивност, а останатите 10 ќе се осудат да си го купат. Да беше календарот со голи жени, да им се гледаше половиот орган, да беа во 1000 пати повулгарни изданија, дури да беа фотографиите од самозадоволување на девојки, календарот ќе беше купуван и поставуван на видни места - затоа што мажите го сакаат тоа.
Но, тоа е сосем различна тема(и јас заминав оф топик)


Нема врска со големината на половиот орган, не сум сигурен дека било кој споменал такво нешто на темава, работата е што ликот од спојлерот е екстремно грд и делува одвратно. Погрд е од даночна пријава. Не знам дали немале кворум па морале да се снаоѓаат или тоа е само резултат на немање огледало во неговиот хабитат, без разлика, ружноча не продаје, машко или женско, сеедно :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Или можеби помодарство? Како и сегде у свет, кај шо сите селебритис идат се сликаат со некои гладни деца у африка, лепрозни некои што ги погодила некоја катастрофа (земјотрес, торнадо или што и да е), сликање, донации и толку за луѓето кои се најдиректно засегнати. Ама затоа од друга страна сите тие селебритис си добиваат безплатна реклама за тоа колку они биле хумани. Дали ако овие 15-20 луге донираа по 500 денари немаше да ги соберат тие 10 000? Значи не дека глумат селебритис ама тоа е поентата, глумење лудило, помодарство и слично. Има и кај нас луѓе кои стварно донираат на загрозени семејства, болни луѓе на кои им требаат огромни суми за скапи операции во странство и слично, без воопшто да бидат медиумски промовирани. Знам такви случаи, даваат големи суми за да помогнат и при тоа сакаат да останат анонимни без оглед на тоа што тие (или нивните компании) се познати имиња во општеството наше. Не викам дека имале лоша намера учесниците, ама начинот на кој тоа сакаат да го протуркаат во јавноста ми е некако безврска
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Хуманитарноста за разлика од хуманоста е претежок збор да му се додели на некој човек и ретко кој го заслужува. Можеш да бидеш носител на хуманоста но многу ретко да сихуманитарист. Зошто сите се удираме во гради, теоретски, како сме хуманисти а уште повеќе хуманитарци. А колку од нас навистина сме во пракса? Мене впечаток ми остави еден дечко, кој ниту го знам ни го познавам, кога беше земјотресот во Хаити. На еден состанок во една невладина организација во која членувам кога дадоа предлог кој би одел како волонтер таму преку интернационалната мрежа, сите ние ,,хуманистите и хуманитарците” ги вперувавме погледите еден во друг или ја наведнувавме главата надолу. Само тој истапи и се пријави, не размислувајќи на се останато. И подоцна разбрав дека ја оставил сопругата со штотоку роденото дете, работата фамилијата и се останато да не редам. A јас се потресував како ќе ја пројдам матурата следната година.
Е тие се хуманитарците. Луѓето од сенка што прават многу многу повеќе од сите останати. Не постои ништо донирано или подарено како што може да помогне човечка рака. Јас не го негирам фактот дека хуманитарци се и оние што ќе подарат нешто, без разлика дали станува збор за пари или останато неопходно средство, но колку сме сигурни дали навистина ќе завршат во нивни раце? Дали ќе бидат искористени правилно на оној што му е неопходно? Дали со тоа ќе се реши проблемот?
А за светските шут од хуманитарци, немам што да прокоментирам. Зошто нели, не биле тие хуманитарци тие биле идеолози и промотери на хуманоста и хуманитарноста. Е да ги прашам тие, идеолози, како тоа ќе им помогне на оние што немаат многу време на располагање, кои не знаат како да ги решат основите проблеми како да преживеат и очајно бараат подадена рака? Како сликањето за магазин ќе им ја врати куќата однесена од поплава? Како реклама ќе го спречи семејното насилство? Како наградата за ,,најубава насмевка" ќе спречи ширење на болести кои срамно е да дозволиме како луѓе да се шират во 21 век зошто лекови постојат многу одамна? А и покрај тоа, ако навистина е така, дали се постигнува соодветно ниво на ефикасност и ефективност додека допрат средствата до тие што треба?
Оди од куќа до куќа, удри со чекан, крени, преврзи, заврзи или помогни на било кој друг начин што е неопходен ако можеш да го пружиш. Ако не можеш физички, на било кој друг начин финансиски (со доза на претпазливост дали ќе дојдат средствата на точното место)психолошки, планерски или дури биди активист. Во најмала рака, ако ништо не можеш да правиш и си ограничен, а те води таква идеа, води се од мислата ,,Иако не правиш ништо за да му помогнеш некому, немој барем ни да му наштетиш”Е тоа е маркетинг во очите на тие што треба да го видат луѓето. А не ,,идеологијата” на светско ниво испринтана на хартија, списанија или социјални мрежи. Моментот каде што проработува профитот, самопромовирањето, личните интереси, задните намери, па дури и бунтот против опшеството, навиките, расните и религиозните разлики и така натаму е делот кога се раскинува со вистинското значење на хуманитарноста, етичноста, желбата и способноста да се помогне. Зошто хуманитарноста е најкревка карактеристика од сите која зависи од многу многу фактори.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Секој пат тоа е различно
некои глумејќи добри сакаат да станат познати или пак тоа да го искористат во своја цел
некои се реално добри и хумани луѓе и тоа е вистинска хуманитарност
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Се собираа пари по училишта за едни луѓе на кои им изгоре куќата. Јас не дадов пари бидејќи од дома ние им дадовме еден кревет кој не ни требаше, душеци неколку и уште нешто, не знам што беше. Колку само беа благодарни. Кога ги прашавме дали ги добиле парите што се собираа по училиштата, рекоа дека само 6000 денари добиле, а само од моето училиште имаше некаде околу 15000(facepalm)