Хуманитарност или лична реклама?

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Епа нек се сликаф, за било и какфи цели, ама да не су вулгарни, да не се глеа патка матка, ништо, онакој тело атлетско
колко толко за календар, ама голотија и хуманитарна сфрха некако не ми иде заедно, нели
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
А каде да го видиме целиот календар?:zelen
Незнам дали е хуманитарност или нешто сосема трето,но дека е далеку од уметност е.(ако судам само по оваа фотографија,односно само по овој месец).
За да дискутираме мора да видиме за што дискутираме а не од целото само 1/12тинка.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Муабетот е за делот со хуманитарноста во приказната за твитер календарот, која беше дадена како пример во воведот од мене, па се разврза дискусијата за тоа.
Мал дел е само истакнат, но судејќи по тоа што треба да ти седи на ѕид цели 30 дена, доволно за да се земе за пример...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Јас добро ја сфатив темата,ако мислиш дека не,ете штом е тешко да ме упатите да го видам целиот,објаснете ми ја пак темата :)
По четврт пат објаснета во десетина поста може и ќе ја разберам.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
http://kalendar.ot.mk/2014/ Еве го целиот календар. Како шо кажав погоре, можеби е превулгарно, некои слики, ама потребни се вакви лудости за борба против шизофрено општество..
Апдејт: Кога веќе зборувам, ке кажам се. Ако нешто ви значи моето мислење, јас ви гарантирам дека ниту едне од тие шо се сликаја, не го направи за слава. Тврдам дека сите шо се сликаја веруваја во целта. Истите тие луѓе имаат напраено еден куп работи за кои не знај голем круг на луѓе зашто немаат армија новинари да ги слика. Само лани се напраја едно 5-6 акции за да се помогни некому. Еднократно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Еве јас ќе го кажам моето лично мислење.
Околу концептот погоре кажав дека од хуманитарна гледна точка е промашен, бидејќи помешани се лончињата, едно со друго не иде ма колку и да има луѓе да сакаат да помогнат. Да ја немаше голотијата во нашево општество би упалило десеткратно а се кладам и многу повеќе средства би се собрале.
Како крик против општеството, го подржувам. Прекуглава ми е од коментари слични на „овие вака прават, треба да фрламе напалм, и ред ред други језиви мислења. Со тоа се покажува колку сме суштински уназадени и колку треба да поработиме на себе како индивидуи. Впрочем, со издавањето на календарот нит видов јас некој да биде навреден, нит има некоја порака од малициозен карактер на публиката како индивидуи.
Од уметничка субјективна гледна точка, ми е од слаб карактер. За разлика од оној од минатата година, овде некако ми изгледа набрзинка скљафтано, недоволно собрано уметнички мотиви, естетски е многу послаб. Као да споредувам грото филмови и нивните продолженија по цена на слава на нивните претходници.

И за крај, пак ќе повторам, сеуште премногу сме маргинализирани за да ја сфатиме реалната порака на календаров. Можеби авторот бил детерминиран да го направи ова поради втората потточка - крикот против општеството, но концептот секогаш ќе ги навлекува оние што се апла ограничени со прашањето: Дали Петко од ноември месец е пешко и дали Мирка од Април месец се има кецано со пола Ростуше.

Се разбираме, нели?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
http://kalendar.ot.mk/2014/ Еве го целиот календар. Како шо кажав погоре, можеби е превулгарно, некои слики, ама потребни се вакви лудости за борба против шизофрено општество..
Апдејт: Кога веќе зборувам, ке кажам се. Ако нешто ви значи моето мислење, јас ви гарантирам дека ниту едне од тие шо се сликаја, не го направи за слава. Тврдам дека сите шо се сликаја веруваја во целта. Истите тие луѓе имаат напраено еден куп работи за кои не знај голем круг на луѓе зашто немаат армија новинари да ги слика. Само лани се напраја едно 5-6 акции за да се помогни некому. Еднократно.

Ти благодарам Јацкал,ете ти наместо да комплицираш не ти беше тешко да го објавиш целосно она за кое треба да се дискутира.
Дури сега можам да напишам мислење.
Кога нештото за кое треба да пишувам го гледам во целост а не само она на основа на кое е избрано од авторот.
Може и ќе се разбереме некогаш,избрзани коментари на основа од типот дајте да го прочитам она што сакам да го прочитам,не сакам.
Но доста околу тоа.
Јас лично не би го купила календаров.Покрај другите причини,првенствено ради она што не би забесила по дома ниту еден календар па дури и да е без пари а камоли за со пари.
Идеата како идеа за борба против општеството ми се допаѓа.
Но како што кажав веќе,не од уметнички аспект.
Дури ни оригиналноста не е целосна но тоа не е ни битно за темава,да не ме искараат :zelen
Јацкале продолжи и живеј по патот по кој си тргнал доколку ти се чувствуваш така исполнето.
Не гледам дека некому нешто со ова си наштетил а најголеми осудувачи обично се оние кои со своите,,патлаци,,наместо друго,наоколу се презентираат дека не осудуваат.
Додуша кога сме околу хуманитарноста,секоја јавна хуманитарност има основа да биде сфатена како лична реклама,поготово од типот на Калиопи и останати демек големи звезди и хуманитарци кои кога наводно нешто помагаат,плачат по емисии.Нај веројатно од жал што неможеле уште повеќе да помогнат.
Бај д веј,Фрвруар,Август и Ноември ми се така по добри.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra, Boyle and Saladin

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Искрено, прво планирав да ги прочитам сите мислења па да оформам некое мое, за да не се повторувам со некои други членови(а ако во случај се повторам, да си наведам со кого имам слично мислење). ¡ НО ! Гледам дека повеќето од коментарите се насочени кон големината на половиот орган на дечкото што си позирал... реков да се насочам јас кон оформување на моето мислење, затоа што насловот на темата гласи „Хуманитарност или лична реклама“ а не полов орган и висење на таквиот полов орган на ѕидот од дневната соба.
- во други услови и на друго место, каде што постои тема без тема, повеќето од овие мислења ќе беа означени за оф-топик, но ете тука не важи тоа правило.

Ајде сега да се навратам на насловот и главната тема.
Точно е дека дечките што го направиле овој календар имале многу убава идеа, да помогнат некому. Но, не е редок случајот реализацијата да биде многу лоша, наспроти замислата - која несомнено била прекрасна.
Календарот е таков каков што е. Бидејќи девојките не сакаат разголеност(толку вулгарна) нормално дека кај 90 проценти од нив ќе има одбивност, а останатите 10 ќе се осудат да си го купат. Да беше календарот со голи жени, да им се гледаше половиот орган, да беа во 1000 пати повулгарни изданија, дури да беа фотографиите од самозадоволување на девојки, календарот ќе беше купуван и поставуван на видни места - затоа што мажите го сакаат тоа.
Но, тоа е сосем различна тема(и јас заминав оф топик)
Ако зборуваме за хуманитарноста... оној што навистина е хуманитарен нема да се слика со секое дете на кое ќе му купи облека, оној што навистина сака да помага нема да оди од медиум во медиум и да зборува за тоа, туку само едноставно ќе помага.
Сепак, многу се ретки таквите. Преретки. Затоа мене не ме „чепнуваат“ во срце луѓето од типот на Есма, Анџелина Џоли, Тоше Проески и слично. Луѓето направиле многу за други персони. Спасиле животи, а одредени ги направиле подобри, но... дали единственото нешто што го добиле било исполнетото срце поради помошта што ја направиле или на сметка на таквото помагање нивната слава станала тродупла и нивниот паричник станал малку подебел?(или можеби многу подебел)
Не се вика тоа (Што би рекол Џамбазов) драги мои* Хуманитарност, туку се вика бизнис - и тоа од оние најпрофитабилните.
„Све за љубав“ - колку се тие дечки хуманитарни... помагаат спојуваат семејства... даваат награди, подаруваат патувања и преку ноќ стануваат познати, богати и слично.
Секако, јасно е дека за да хуманитарноста се рашири мора да има некоја организација, некој план...но тој не мора да биде истакнат на 20 плакати, не мора да се има 30 реклами по телевизиите и уште толку „вработени“ што земаат плата поради своите хуманитарни акции.
Знаете ли што е хуманитарно?
Дечињата од училиштето Кузман Јосифоски - Питу пред неколку години, за нова година, се собрале да направат честитки за сите дечиња што живеат на дното од нашето општество, нивните мајки се договориле да направат јадења, купиле некои подароци па ги повикале во холот од училиштето да им посакаат Среќна Нова Година.
Потоа, дечињата не викнаа претставници од 20 медиуми за да ги има на сите можни ТВ канали, ниту пак застанаа да се сликаат за насловната страна од „Вест“ - како што тоа го прават нашите„хуманитарци“ кога ќе подарат мастики на бездомници.
Ете тоа е хуманитарност, помагање без земање.
Ретко кој од нас е толку добродушен без желба да се пофали истакне и да се себепрогласи како најголемиот хуманитарец на сиот свет.

Значи... заклучок: Вистинската желба за помагање на оние кои навистина имаат потреба од помош е многу ретка појава. Скоро секогаш постои скриена желба зад тоа помагање.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
За жал Аркантосе, во право си за се`. Иако јас би додал една работа - има и такви богати чичковци кои не сакаат да се сликаат, за нив и не знаеме дека егзистираат, но донираат итоа како во светските хуманитарни центри.
Тоа што кај нас во нашето општество имаме 99% од „хуманитарци“ ала Есми, покажува на друг фактор. Дека сме многу мала држава и секој со два клика по медиумите станува славен - ерго, грото ја злоупотребуваат хуманитарноста за себе-промовирање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Аркантос

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
За жал Аркантосе, во право си за се`. Иако јас би додал една работа - има и такви богати чичковци кои не сакаат да се сликаат, за нив и не знаеме дека егзистираат, но донираат итоа како во светските хуманитарни центри.
Тоа што кај нас во нашето општество имаме 99% од „хуманитарци“ ала Есми, покажува на друг фактор. Дека сме многу мала држава и секој со два клика по медиумите станува славен - ерго, грото ја злоупотребуваат хуманитарноста за себе-промовирање.
Јасно е дека има и чичковци и тетки, што донираат и не знаеме дека постојат, а скоро сиот живот го минале донирајќи и спасувајќи животи.
Само тие светски хуманитарни центри, со цела хиерархија во нив (директор, заменик директор, психијатар, сметководител), со соодветна плата за своите заслуги...мене ми се само бизниси - исто и како личностите од типот на Есма кај нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*