1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Хуманитарни акции

Дискусија во форумот 'Хуманитарни акции' започната од Makedonec, 16 јуни 2017.

  1. Makedonec

    Makedonec Модератор Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,247
    Допаѓања:
    1,032
    Пол:
    Машки
    Оваа тема ќе биде поставена како ,,важна" во овој форум и ќе служи за известување на читателите на Црнобело форумот за сите хуманитарни акции и за секаков вид на помош каде е потребно.

    Во оваа тема споделувајте ги сите оние случаи каде е потребна некаква помош, било парични средства, храна, облека или што и да е, што може на некој да му помогне и да го направи посреќен. Истовремено постирајте ги и телефонските броеви, сметките за донации и локациите каде може да се донира. Со ова се надевам дека ние како форум ќе придонесеме бар малку за помошта на оние на кои им е најпотребна.


    Апел за помош на Ана Марија Васиљевска

    Ана Марија боледува од церебрална парализа и епилептични напади. Таа живее со својот татко кој поради малите примање не е во можност да ја купува потребната терапија за неговата ќерка.


    Потребни се финансиски средства за храна и лекување…

    Да помогнеме.

    Сметка за донации: Александар Васиљевски TTK Broj na smetka 290500014766142


     
  2. Makedonec

    Makedonec Модератор Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,247
    Допаѓања:
    1,032
    Пол:
    Машки
    Апел за помош на младиот Васко од Струмица

    Децата немаат можност да бираат кои ќе им бидат родители, ниту пак во какви услови да се родат и растат. Така е и со малиот Васко од Струмица.
    Роден во нефункционално семејство исполнето со многу насилство, алкохол и многу други стресни сцени, како најмлад од трите деца.

    Малиот Васко од Струмица со само 14 години, за да го преживее секој нов ден принуден е да проси по улиците на Струмица. Токму на тој начин наш волонтер го запозна и стапи во контакт со него. Имено,

    Васко е третото и најмало дете од семејството, и едниственото кое мајката го напушта, и го остава во “Домот за деца без родители 11 Октомври ” од Скопје, каде поминува 3 години, сам и напуштен. Пред 6 месеци неговиот татко успева да го земе кај себе. Но, бидејќи таткото моментално е без работа и во многу тешка финансиска состојба, не е во можност да му ги овозможи на малиот Васко најосновните потреби за храна, облека, топол дом и образование.
    Нашите волонтери од Струмица набавија нешто храна за неколку денови, како би го стивнале гладот на малиот Васко, но потребата од донирање на храна, средства за хигиена и друго сеуште е потребна.
    Понтаму, забите на детето поради несоодветна превентива и лоша исхрана се многу расипани, така да итно се потребни финансиски средства за поправка на забите или евентуално некој стоматолог од Струмица да му ги поправи забите бесплатно. Наш волонтер доброволно ќе го придружува детето при посетите на стоматолог.
    Истотака, Васко има проблем со видот и има потреба од очила. Така да потребни се финансиски средства за преглед и очила, или преглед и очила од некоја Оптика од Струмица.
    Бидејќи, семејството живее во трошна куќа, без купатило, малиот Васко е принуден да се мие во полско вц. Токму затоа е потребно да се изгради економично купатило кое ќе ги задоволува основните потреби на семејството за бањање и тоалет.

    Семејството има потреба од донација на следните средства:
    Храна, Средства за хигиена, Фрижидер, Машина за перење, Електричен шпорет, Елементи за кујна, Под (мушама, ламинат, патос…..), Поликолор, 1 кревет со механизам за пуштање, Трпезариска маса со столици, Еден голем регал (ормар, полици за книги и сл). Голема завеса, Постелнина(чаршави, навлаки за перници, јоргански навлаки), Кебиња, 2 јоргани, 4 перници, 1 голем тепих, 1 тепих средна големина,

    За изградба на Тоалет / бања:
    1 вц шоља, 1 мијалник (за бања), 1 чешма за кујна, 1 чешма за бања (за мијалник), 1 чешма со туш, Водоводни и одводни цевки, Цимент, Песок, Лепак за плочки, Плочки, и останат материјал.

    Лични потреби за малиот Васко:
    Патики број 41, Летна и зимска облека, Чорапи и долен веш, Фармерки, Тренерки, поправка на забите, очен преглед и очила.

    Лични потреби на таткото на Васко:
    Облека
    Обувки број 43
    Вработување во градежна фирма во Струмица

    Контактирајте ги Вистински дела на љубезност доколку сакате да донирате за ова семејство или пак волотнерот од Струмица Анета Дикова на телефон 077/892-242.

    upload_2017-6-17_14-52-21.jpeg

    upload_2017-6-17_14-53-3.jpeg

    upload_2017-6-17_14-53-18.jpeg
     
  3. JaMi

    JaMi Модератор Член на администрација

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,295
    Допаѓања:
    14,328
    Пол:
    Женски
    На Makedonec му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Makedonec

    Makedonec Модератор Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,247
    Допаѓања:
    1,032
    Пол:
    Машки
    СПОДЕЛУВАЈТЕ СИТЕ: 2 ИПОЛ ГОДИШНО СТРУМИЧАНЧЕ БОЛЕДУВА ОД ЛЕУКЕМИЈА, ДА ДОНИРАМЕ ЗА МАЛИОТ АНТОНИО!

    Станува збор за малиот Антонио Мавров кој боледува од леукемија и бараме целосна поддршка од вас како ние, така и родителите на Антонио да можат да се соберат средствата и Антонио да отпатува за лекување.


    Ги замолуваме повторно сите хумани луѓе да донираат на следната транскакциска сметка:

    [​IMG]
    [​IMG]

    ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ДОНИРААТ ОД МАКЕДОНИЈА ТОА МОЖЕ ДА ГО СТОРАТ НА СЛЕДНАТА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА:270700035393309 ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ Жаклина Маврова


     
  5. Makedonec

    Makedonec Модератор Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,247
    Допаѓања:
    1,032
    Пол:
    Машки
    Апел за помош на семејство Крстевски


    Фросина е мајка на две годишно детенце со кое живее во трошната куќа од 16 м2 на своите родители во која едвај има основни услови за живот.

    Само мал дел од куќата е цврста градба, додека остатокот е додаден од церади и мушами, подложно на влага, со таван кој почнува да се руши.

    Овие услови не се соодветни за на тоа место да живее четиричлено семејство вклучително и мало дете, а од целото семејство има само еден вработен, со минимална плата која ни од далеку не е доволна да се прехрани семејството.

    Семејството не бара повеќе од минимални услови за живот и затоа молат за било каква помош која ќе го подобри просторот во кој секојдневно живее семејството со малото дете.

    Секоја помош која ќе го реши или подобри нивното станбено прашање е добредојдена, вклучително и донации на градежни материјали, а сите кои не можат да помогнат на тој начин, а сепак сакаат да помогнат на ова семејство, тоа можат да го сторат и со донација на сметката на мајката на Фросина,
    Убавка Крстевска, 210 5017043254 54, НЛБ Тутунска банка АД Скопје.


    Да помогнеме едно двегодишно детенце да живее во пристојни услови за живот.
     
  6. Makedonec

    Makedonec Модератор Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,247
    Допаѓања:
    1,032
    Пол:
    Машки
    Помош за малиот Алексеј

    Алексеј е на возраст од скоро 6 годинки и боледува од ретка болест, односно Прогресивна мускулна дистрофија-Дишен (Distrophio musculorum progresiva DMD), која предизвикува изумирање на мускулните влакна. Лекувањето во Медицинскиот центар за матични клетки (ВУ) во Пекинг, овозможува лекување на оваа тешка болест, а двонеделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физиотерапија, медицински услуги, пат, сместување и останати трошоци чини 30,000 долари. Бидејќи како родители на три дечиња не сме во можност да го финансираме горенаведеното, би ве замолиле доколку сте во можност да ни помогнете околу обезбедувањето на потребните средства.
    Оној кој не е во можност финансиски да помогне, доволно ќе биде да ја сподели оваа порака на својот ѕид. Со почит, родителите на Алексej
    Може да донирате на броевите 143-115 (Т-MOBILE)
    143-461 (VIP) (ONE) ( од било кој префикс)
    ЖИРО-СМЕТКА ВО НЛБ ТУТУНСКА БАНКА 210-7000 00 6394-63 со цел на дознака ДОНAЦИЈА
     

Сподели: