1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Хроно исхрана

Дискусија во форумот 'Специјална исхрана' започната од Fashion.Lover, 22 февруари 2015.

  1. Fashion.Lover

    Fashion.Lover Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2015
    Мислења:
    297
    Допаѓања:
    83
    Видов дека нема ваква тема,па се мислев дали да ја ставам во диети или исхрана,но мислам дека во диети е посоодветна.Ако има тогаш слободно избришете ја.
    Овој тип на исхрана, која никако не спаѓа во категорија диети, е oсмислена уште во 1986 година во Франција, но дури сега се актуализира на нашите простори.

    Нејзината предност е што не ги броите калориите или количината на храна која ја внесувате, а истовремено можете и да ги комбинирате намирниците.

    Основното правило што треба да го почитувате е времето кое треба да помине помеѓу два оброци. Појадокот, ручекот и вечерата мора да ви се на растојание од минимум 4 до максимум 6 часа, односно, идеално е да ги темпирате на 5 часа.

    За појадок смеете да јадете сè што ќе посакате - масти, протеини, јаглехидрати, со тоа што ќе ги избегнувате пченицата и пченката. Од брашната дозволени се сите останати.

    Можете и да јадете сувомеснати производи, само гледајте да бидат со минимална количина адитиви.
    За ручек можете да консумирате посилни протеини, како што е јунешкото, свинското или телешкото месо, но без јаглехидрати. Ако јадете јахлехидрати, тогаш јадете ги со зеленчук. Исто така, комбинирајте што повеќе свежи плодови ви вид на салати.
    За вечера, исто така се препорачува протеински оброк, но овој пат полесен. Идеален избор е рибата или белото месо. Понекогаш, можете да каснете и салата со младо сирење. И за вечера се комбинира исклучиво или бел или зелен зеленчук.
    Слатко, па и овошје, се јаде исклучиво попладне помеѓу ручекот и вечерата. Најдобар избор е чоколадата со најмалку 70 проценти какао или сувото овошје како смокви и сливи.

    Овие правила можете да ги следите до крајот на животот, не да ги практикувате како диета.

    Ако сакате побрзо да симнете повеќе килограми, тогаш би требало да се придржувате кон рестриктивниот период.

    Во него, потполно се исфрла ужината, вклучувајќи повеќе овошје. Исто така, привремено ќе треба да се откажете и од зеленчуците со скроб, како и јаглехидратите за ручек.
    А инаку на друг сајт прочитав дека овој програм нема да успее доколку:
    -Се јаде благо и овошје првите 28 дена
    -Наутро на празен желудник се пие кафе,а воедно и се запали цигара
    -Не се придржувате кон пропишаното
    -Грицкате меѓу оброците
    -Не избегнувате кравјо млеко и јогурт барем првите 28 дена
    -Јадете по 20 часот
    -Мешате скроб со протеини навечер
     
  2. bliznaci

    bliznaci Староседелец

    Зачленет на:
    29 јануари 2015
    Мислења:
    252
    Допаѓања:
    69
    Денеска и јас ја почнав хроно исхраната.Ова ми е прв ден и да ти кажам од доручекот не ми е тешко да издржам до ручекот.Најадена сум од доручекот.Фактички се најадуваш на доручек,и после не внесуваш храна до ручекот 4/5 саати.За јадење има што да се јаде,има и книга со хроно јадења,а и на фејзбук групата рецепти и предлози за доручек,ручек и вечера.Има на фејзбук и листа со дозволени намирници за првите 28 денови.Не ми изгледа тешко.Резултати за тежината попонатамо че кажам.
     
  3. ile.jovanovski19

    ile.jovanovski19 Нов член

    Зачленет на:
    26 јуни 2017
    Мислења:
    16
    Допаѓања:
    2
    Ej ostaj ja dietata najdi ja trevata troska sto se vika i pravi caj od korenot na sabajle pijaj po edna sola. Kje vidis rezultati za 2 nedeli. A vo vrska so dietava ja probav i jas i tesko e da se pridrzuvas do nea pozdrav :D

    Sent from my 5010X using Tapatalk
     
  4. bliznaci

    bliznaci Староседелец

    Зачленет на:
    29 јануари 2015
    Мислења:
    252
    Допаѓања:
    69
    А дали си уште на траен режим од хроно исхраната?И дали ги врати килограмите?
     
  5. ile.jovanovski19

    ile.jovanovski19 Нов член

    Зачленет на:
    26 јуни 2017
    Мислења:
    16
    Допаѓања:
    2
    Не ги вратив ама најдов полесен начин за губење килограми.
    Незнам дали ти напоменав претходно од 85 кг дојдов до 64кг и сеуште настојувам во тоа за 2 до 3 месеци максимум .

    Sent from my 5010X using Tapatalk
     
  6. marijana198989

    marijana198989 Нов член

    Зачленет на:
    30 јануари 2018
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите
    Бев навистина заинтересиран за хроно исхрана, но јас се прашувам дали ви треба калориско броење и како работите. Дали користите My Fitness Pal или да работите рачно. Го пресметав базниот метаболизам користејќи го basal metabolic rate calculator и резултатот вели 1688 и мислам дека тоа е многу. Дали некој од вас поседува маса за пресметување на базалниот метаболизам?
     

Сподели: