Храната како природен лек

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Во денешно време жените сé почесто доживуваат мозочен удар. Статистиките покажуваат дека мозочниот удар е се повеќе застапен кај младите девојки. Причина за тоа е стресот, високиот крвен притисок, излив на крв, претерана консумација на алкохол, пушење, недоволна физичка активност, неправилна исхрана…
За да се заштитиме од оваа појава треба да внимаваме на исхраната и на здравиот начин на живот. Ова се неколку додатоци во исхраната кои би требало да ги внесуваме секојдневно за да не дојде до поголеми здравствени проблеми:
Калциум
Калциумот помага да се намали покачениот крвен притисок.
Магнезиум
Исто како и калциумот, и магнезиумот го регулира крвниот притисок.
Селен
Доколку во организмот ја нема доволната количина на овој многу значаен минерал постои вистинска опасност од мозочен удар со фатални последици.
Фолна киселина
Фолната киселина е исклучително ефикасна за снижување на нивото на хомоцистеин.
Лук
За да ги внесете сите претходно наведени потребни витамини и минерали треба да јадете лук.
Рибино масло
Ова масло ја намалува лепливоста на крвта и нивото на триглицериди, со што на тој начин се намалува можноста од инфаркт или мозочен удар.
Коензим Q10
Овој коензим е антиоксиданс кој исто така помага во намалувањето на покачениот крвен притисок.
извор-боза.мк
 

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
АНАНАС-КРАЛ НА СИТЕ ОВОШЈА
Ананасот е тропско овошје кое има специфичен вкус и мирис. Меѓутоа ретко кој ананасот го гледа како лековито овошје или овошје кое може значително да му помогне на нашето тело. За да ни покажат дека ова навистина е така се погрижија група од Австралиски научници од медицинскиот факултет од Квинсленд.
attachment.php

Истражувачите направиле детално молекуларно истражување на ова тропско овошје и утврдиле дека ананасот содржи исклучително моќни антиоксиданси до таа мера да се размислува дека од ананасот можат да се направат одредени лекови кои можат ефикасно да лекуваат малигни болести.

Научниците од ананасот издвоиле многу силни супстанци кои ефикасно ги убивале клетките на карциномот, додека други имале толку специфичен ефект што го блокирале протеинот кој е одговорен за појавата на речиси 30% од сите карциноми.

Ананасот е ефикасно средство за слабеење, за детоксикација на организамот, елиминација на целулитот, намалување на борите и подобрување на циркулацијата. Ананасот содржи доста јаглехидрати, натриум, калиум, калциум, магнезиум, фосфор и манган. Од витамините најзастапени се витаминот Ц, Е и некои витамини од групата Б.

Сепак, најдобро е ананасот да се конзумира додека е свеж, бидејќи само така е најдобар и најделотворен – потенцираат научниците. За анансот се тврди дека има и анелгетско дејство и дека свежиот исцеден сок од ананас е одличен против болки како и за стимулирање на работата на организмот и активната детоксикација. Со неколку збора, ананасот е овошје кое е се смета за крал на антиоксидансите.
Извор:Заздравје.мк
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Еве неколку информации околу Калинката
317920_442206559130676_770113711_n.jpg


Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Тие се добар извор на антиоксиданти. Многу клинички студии ја испитувале превентивна улога на калинката кај ракот на простатата, ракот на кожата и ракот на дојката. Исто така, многу студии докажале дека калинките го забавуваат развојот на ракот.
Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо. Може да помогне и кај лицата со срцеви заболувања. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Исто така, калинката помага и во намалувањето на симптомите поврзани со стареењето. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените.
Калинката содржи голема количина фенолна елагична киселина. Оваа фитохемикалија е силен антиоксидант и делува против ракот. Истражувањата покажаа дека делува во превенцијата на најраните хемиски реакции кои можат да доведат до рак.
Растителните хормони кои се наоѓаат во калинката го намалуваат ризикот за појава на рак на простата.
Една студија покажала дека калинката може да доведе до намалување на вредностите на ПСА во крвта. За подобрување на ПСА вредностите неопходно е да со месеци се пие секојдневно по 250 мл сок.
Сепак, има мал број на студии кои ја испитувале улогата на сокот од калинка во превенција и спречување на ширење на ракот на простатата, па затоа се потребни дополнителни испитувања, за да со сигурност се открие дали тој навистина дава одреден бенефит кај пациенти со рак на простата.
Во однос со другите сокови, виното како и зелениот чај, калинката односно нејзиниот сок, содржи најмногу антиоксиданти. Тие го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Слободните радикали го менуваат холестеролот во процесот на оксидацијата, за која се смета дека го забрзува процесот на задебелувањето на крвните садови и ја намалува нивната еластичност. Истражувањата покажаа дека сокот од калинка ја намалува оксидацијата на холестеролот.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Се тоа супер, но во денешно време колку сакаш јади овошје, залудно е. Лек си е лек, а никој не може да ме убеди дека со јадење овошје ќе се излечиш или нема да заболиш од некоја болест.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Се тоа супер, но во денешно време колку сакаш јади овошје, залудно е. Лек си е лек, а никој не може да ме убеди дека со јадење овошје ќе се излечиш или нема да заболиш од некоја болест.
А пред да биде развиена фармацијата како индустрија, како опстојувало човештвото?
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
А пред да биде развиена фармацијата како индустрија, како опстојувало човештвото?

Тогаш друго време било, затоа сите болни умирале. Со лекот се регулира животот и се продолжува до 70-80 години. Ако не пие човекот лекарства, а е болен, просечно би живеел до 50 години
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Тогаш друго време било, затоа сите болни умирале. Со лекот се регулира животот и се продолжува до 70-80 години. Ако не пие човекот лекарства, а е болен, просечно би живеел до 50 години
Просекот на животниот век е со мала бројка бидејки просекот се зема од сите умрени, а порано умирале многу новороденчиња и затоа бројката е мала околу 50-60 години инаку тие што имале имунитет живееле и преку 100. Тогаш луѓето претежно умирале од болести кои настанувале како резултат на лоши нехигиенски услови, немале канализација, немале фрижидери и тн.
Денес пак сите пијат пијат лекови и сите се болни, зарем тоа не е малку чудно, а и тешко дека некој доживува повеке од 80 и тоа преку сила, што на силни лекарства, што на разни апарати.
Храната е еден од најголемите причинители на болести на денешницава, заедно со стресот и загадениот воздух. Преку храната се добива имунитет, а човековото тело е способно само да се избори со секоја болест ако имунитетот е добар.
Лековите само ги маскираат симптомите, имаат многубројни контра-ефекти и го намалуваат имунитетот.