Хороскоп посветен специјално на дамите

Nicole

Староседелец
27 јуни 2012
249
226
643
Не дека и претходно напишаното не е точно, но ова е најточно за мене : Жената стрелец не е премногу љубоморна, но неверството никогаш нема да го прости.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
. За да можете вистински да ја запознаете, треба да имате на ум дека за нејзиниот карактер многу поголемо значење има тоа што е скриено во неа, отколку она што е очигледно..

Well played Virgo, well played.:sreken
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Жена бик

Таа стои цврсто на земја и сака сѐ што е постојано и опипливо. За неа мечтаењето претставува само душевен мир, но никогаш не се задоволува со лажни ветувања и слатки илузии.
Кон пријателите покажува лојалност и посветеност, но истото го бара и од спротивната страна. Ако некој ја изневери таа нема бурно да реагира, бидејќи нејзините реакции се бавни и не толку видливи, но затоа бескрајно длабоки и обично трајни. Доколку се увери дека некој лошо постапил со неа или ја повредил нејзината добронамерност, тоа никогаш нема да му го прости. Не ги сака промените и пресвртите и сѐ она што може да го промени нејзиниот вообичаен тек на живот. Ги почитува принципите и концизните идеи. И покрај тоа што има јак карактер, во него има и некои слабости. Во нејзиниот живот понекогаш се јавува мрзеливост и пасивност, бега од грижи и проблеми и не сака компликации.
Љубовта игра голема улога во нејзиниот живот. Таа не е синоним за страст, бурни емоции и романтика, туку за нежност и уживање. Кај мажите ја привлекува нивниот физички изглед, а што се крие зад нивната надворешност, на почетокот не ја интересира многу. Кога ќе запознае личност што ѝ се допаѓа, сака на секој начин да го привлече неговото внимание, но пред да се реши за трајна врска сака да биде сигурна дека тој е оној вистинскиот. Жената бик не се врзува лесно, бидејќи љубовта во нејзиното срце бавно созрева и чувствата постепено се развиваат. Не поднесува присуство на друга жена, па дури ни колешката на нејзиниот партнер и ќе направи сѐ за да го задржи само за себе. Ако открие неверство, спремна е да врати со иста мерка.

Само болдираново не е точно, барем за мене.
Во останатото комплетно се пронајдов.:)
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Динамичноста е нејзина најважна карактерна особина. Бескрајно ја цени слободата и независноста и не му дозволува никому да господари со неа или да ѝ ја наметнува својата волја. Многу е интелигентна, но не и прониклива. Погрешно суди за луѓето што ѝ мислат добро, па е во состојба и да ги навреди. Исто така погрешно ги проценува намерите на оние кои не ѝ мислат добро, па тоа ѝ се удира од глава, иако не е свесна за тоа. Амбициозна е, но не премногу и во работата може да го пронајде најдобриот начин кон успехот. Кога работи сака луѓето да го ценат тоа, но очекува и материјален ефект за својот напредок и никогаш нема да прифати работа која нема да ѝ донесе и материјална корист. Парите лесно ги троши.
Исто како и во животот, така и во љубовта важна ѝ е слободата, па и кога ќе засака некого се плаши да не се врзе премногу за него. Во љубовта и во бракот е верна, а доколку се случи да се разведе, никогаш нема да го заборави тој човек. Не е љубоморна и е приврзаник на современите обичаи и навики. Неверството може да го прости, но може да биде и сосема категорична. Во љубовта е особено динамична, а чувствата не ги покажува јавно.
Сака да се дружи, но притоа и да се покаже како комуникативна личност која има широк круг на пријатели, па затоа никако не може да се сложи со партнер кој не е динамичен. Во потрагата по нови познанства нема секогаш да успее, па се случува да е повеќе сама дури и кога е опкружена со друштво. Можеби никогаш нема докрај да разбере, дека понекогаш е подобро да имаш малку, но одбрани и верни пријатели, отколку многу неискрени кои умеат добро да глумат.
преточно :D
 

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
28
:igra СТРЕЛЕЦ:igra Жените родени во хороскопскиот знак стрелец се иницијативни, остроумни, снаодливи и досетливи личности, кои постојано се во потрага по нешто ново, кое ќе им го покачува адреналинот. Стекнувањето нови возбудливи искуства е клучот на жените стрелци за остварување на нивните соништа. Оваа девојка прво бара цел која сака да ја оствари, цели кон нејзина реализација и потоа веднаш трга во потрага по некоја нова цел. За нив не постојат премногу амбициозни планови кои не можат да постанат реалност. Таа, едноставно кажано, е многу енергична девојка која не може да седи во едно место.
Жените-стрелци се најчесто многу позитивни и ентузијастични личности, кои се пријателски настроени и секогаш со задоволство сакаат да запознаваат нови луѓе. Тие се најчесто „центарот на забавата“ како резултат на нивната непресушна енергичност и ведрина која создава чувство на задоволство на оние кои се во нејзина близина.
.

Тотално искрени

Ведрината и темпераментноста кои ги поседуваат овие дами, во голема мера помагаат за ублажување на нивното премногу искрено, често грубо, па дури и безобѕирно однесување кон луѓето околу нив. Жените-стрелци со задоволство ќе ви кажат доколку фустанот не ви стои, дека треба да дадете отказ или отворено ќе ви кажат ако вашиот пријател ви работи зад грб. Доколку сте премногу чувствителни или пак не сакате да ја знаете вистината, не прашувајте жена-стрелец за нејзиното мислење. Зачувајте си ги чувствата за себе и обратете се кај некој помалку директен знак.Кај жените родени во знакот стрелец секогаш постои потребата за авантура и страст за патување. Без разлика дали се наоѓаат во некоја комплицирана ситуација или во премногу обврзувачка љубовна врска, тие не сакаат да се чувствуваат задушено.
Всушност, чувствувајќи се затворено тие можат да се здобијат со исцрпувачки ефекти врз нивната психа, а несакани последици можат да се појават и на нивното тело (разни заболувања, особено на нозете и бутовите). Доколку патувањето до подалечни дестинации не е возможно, женските стрелци треба да се потрудат да останат физички активни, бидејќи тоа ќе им биде од огромна помош за ментална релаксација.
.
Жената-стрелец во љубовта

Бракот и сериозните врски се многу голем чекор за жените родени во овој знак, па така многумина од нив се обидуваат да чекаат што е можно подолго, пред да се „врзат во јазолот“. Ова е така, дури и доколку некоја од нив е длабоко заљубена во својот свршеник или момче. Тоа е добра работа бидејќи и овозможува добро да се запознае себеси. Запознавањето на сопствениот идентитет и определувањето на нејзините вредности, се два многу важни процеси за жените-стрелци.
Често, овие жени се атрактивни за луѓе од различно потекло и од различна етничка припадност. Тие на овие разлики не гледаат воопшто негативно, туку напротив сметаат дека кога постои вистинска љубов, ништо друго не е важно, па така и ја заработуваат титулата „светски граѓани“.
Дури и евентуалните партнери да се од исто потекло, тие ќе мораат да манифестираат висок степен на морал и да имаат личен интегритет. Овие две карактеристики жената-стрелец навистина ги цени. На нив им се привлечни партери кои имаат софистициран вкус и религиозна толеранција.
.
Преголема самодоверба во однос на науката

Најголемиот проблем на жените-стрелци, најверојатно е нивната неспособност да ја разграничат реалноста од фантазијата и да ја прифатат нивната моментална состојба, тежнеејќи кон исполнување на секојдневните обврски, со цел да изградат стабилна иднина. Стрелците се најголемите филозофи во зодијакот и нивниот основен интерес во животот е да учат нови работи и нивното знаење потоа да го пренесуваат на други. Затоа, стрелецот во астрологијата е опишуван како вечен студент. Меѓутоа женските стрелци имаат тенденција да веруваат дека се стручњаци во некоја област, која сè уште не ја познаваат доволно добро. Поради таа нивна карактеристика можат да настанат непријатни ситуации, во кои таа се обидува да му објасни на некој нешто „стручно“, за кое има недоволни познавања.
Недостаток на трпение

Жената родена во хороскопскиот знак стрелец е голем визионер, кој умее да ги погледне работите од поширока перспектива, но таа има тенденција пребрзо да го губи трпението, па од таа причина може никогаш доволно да не се усоврши себеси во некоја област.
.
Среќни личности

Без разлика на се, стрелецот е најсреќниот знак во зодијакот, а жената со овој хороскопски знак, не само што успешно ќе се снаоѓа во текот на животот, туку најверојатно и ќе биде многу успешна во она што го работи.
.
Со кого најмногу си одговара жената стрелец?

Жените родени во овој знак најмногу си одговараат со огнените знаци (овен, лав и стрелец) и со воздушните знаци (водолија,близнаци и вага). Сепак ова не е строго правило, па така треба да се земат предвид и индивидуалните квалитети кај двата партнери, за да се определи дали романтичното соединување ќе биде успешно.:D
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Жена вага

Жената вага не е ниту енергична, ниту одлучна личност и во донесувањето одлуки никако не може да го пронајде вистинско решение. Не е особено амбициозна и секогаш ѝ е потребен некој на кој со задоволство ќе му препушти дел од обврските. Во сѐ што прави сака целосно да се внесе и посвети, но тоа не ѝ поаѓа секогаш од рака, па тогаш кога ѝ се чини дека не може да ги совлада препреките, се повлекува и се помирува со судбината.
Сака да им се допадне на другите, друштвена е и сака да излегува. Во неа постојат две личности. Едната е таа што им ја покажува на другите, а другата е онаа која никогаш не ја покажува и која ретко кој може да ја открие, бидејќи љубоморно ја чува. Тоа што го покажува понекогаш е мирна и кротка личност, а понекогаш избувлива и експлозивна. Поради стравот да не биде откриена таа се прикажува поинаква, честопати ставајќи на себе маска на љубезност и насмевка. Таа е одличен актер, дури и кон најблиските.
Не сака бурни сцени и караници, но сепак често ѝ се случуваат, а при тоа дури не е ни свесна дека всушност сама ги предизвикала со своето провокативно однесување. Поседува исклучителен шарм, страсна е и чувствителна. Луѓето во неа гледаат нешто симпатично, пријатно и таинствено. Жените ваги се исклучително интелигентни. Многу ваги можат да погрешат во изборот на партнерот. Тие сметаат дека партнерот треба да им биде главна потпора во животот но, се случува да се врзат за некој кој станува вистински тиранин штом ја почувствува нивната слабост. Нив најмногу им одговара маж кој ќе знае да ги цени нивните квалитети и нема постојано да ги критикува поради недостатокот на енергија да ги издржат тешкотиите. На жената вага ѝ е потребен партнер со јак карактер, но воедно да биде и исклучително нежен и внимателен. Таа не е склона кон промени во љубовта.
Па се е скоро вистина :)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Жена јарец

Жената јарец има реален однос кон животот и ја сака постојаноста. Ги цени само оние луѓе кои имаат одредени вредности што се во склад со нејзините сфаќања. Во животот не сака да губи време на несериозни или невредни ситуации и ги презира лежерните и неконструктивни разговори. Оваа жена умее точно да го процени редоследот на одредени случувања и е одличен организатор.
Во работата, исто како и во животот не сака на секој начин да го привлече вниманието на другите. Таа работи дискретно и вредно како мравка, а понекогаш сака да биде сама, бидејќи тишината е нејзино прибежиште. За оваа жена не би можело да се каже дека е голем оптимист. За нејзе животот е нешто многу сериозно, но од него не очекува многу радост, ниту верува во какви било чуда.
Кога ќе добие некаква сатисфакција, ја доживува како вистински дар од Бога. Жената јарец не е лесно да се освои, а љубовта кај неа не може да дојде како гром од ведро небо. Женските претставници на овој знак ретко доживуваат голема љубов, но кога сакаат или поточно кога ќе решат тоа да си го признаат, обично тоа се случува после долго познанство со некој маж.
Кај нив љубовта бавно се раѓа, но кога ќе се врзат за некого, тоа е за цел живот, па ни времето што поминува, ниту долгите разделби не можат да ја нарушат нејзината љубов. Нејзиниот партнер треба да биде исклучително трпелив. Многу припаднички на овој знак остануваат немажени до крајот на животот, а некои пак се мажат кога се веќе во зрели години и тоа повеќе според налог на разумот, отколку по занес на срцето.
Ќе си останам стара мома јас знаев :D се ми погоди