Хип-Хоп катче

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Рап е вид на музика во која се рецитира и мора да содржи рими. Постои андерграунд и комерцијален рап. Во комерцијалниот рап спаѓаат оние артисти кои го прават за пари, слава, публицитет..додека андерграундот се прави чисто од љубов кон музката. Артистот ја презентира вистината, своето животно патешествие, инспириран од неисцрпните патеки на животот.Поимот РАП доаѓа како кратенка од Rhythm And Poetry (Ритам и Поезија). Како што кажува самата кратенка, оваа музика се состои од две клучни работи, поезија која се искажува врз ритам. Уште пред да ја добие својата светска експанзија, оваа култура почна да се развива и кај нас, на почетокот изразена преку застрашувачки мал број артисти, но денес самата Хип Хоп култура (чии начела се најдобро опишани преку овој музички правец) ја доживува својата врвна популарност. Сепак, може да се заклучи дека прилично голем број на луѓе во Македонија, ја прифатиле само модната линија на оваа култура, не знаејќи ја всушност вистинската слика за животот која таа ја носи, како и нејзините принципи и квалитети.Исто така рапот е многу убава музика и пријатна за слушање.
Хип-хоп е музички жанр кој е развиен со Хип-Хоп култура која настанала во САД во 70-тите години на 20-ти век, и станал дел од модерната култура во 80-тите. Воглавно се состои од: Рецитирање (англиски: MCing),Продукција и скречување (англиски: DJingи Scratching),Брејкденс (англиски: breakdance),Графити (англиски: graffiti).Овие се четирите главни елементи на хип-хоп културата, која ја започнале младите афро-американци од Њујорк во почетокот на 1970 година. Типично за хип-хопот е тоа што се состои од засилено ритмично рецитирање и обилно користење на техниките: асонанса, алитерација и рима.Хип хоп играњето најпрвин се играло со хип хоп музика, или се развило како дел од хип хоп културата. Хип хоп музиката, а исто така и играта може да се подели на стара школа (old school) и нова школа (new school).Врстите на хип хоп играњето се појавиле како независни, и многу луѓе денес го играат без обзир што имаат малку или никакви врски со оригиналната култура. Оригиналните играчки врсти во хип хоп културата створиле субжанрови, еден од нив е Breakdance.
https://www.google.com/search?rlz=1C1AVSX_enMK469MK469&ix=sea&sourceid=chrome&ie=UTF-8&q=Хип-хоп е музички жанр кој е развиен со Хип-Хоп
ПИШИ РАП е МУЗИЧКИ ЖАРН!!!!!!!!!!!!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Една ретроспектива, навраќање на почетоците на хип хоп културата во Македонија.

ЧИСТА ОКОЛИНА
  • Членови: Скарфејс, В.Г, Кики, Спикерот Тако, Скелеку Скас, Улав, Ицко, Пики Сипи, Самоил Царот, Миро, Деликвент, Стамче Фолк, Ване, Јане Баш Буц и Џоге.
  • Песни: Преку к*р од нешто што прави да сум изнервиран ; Римувани Способности; Јас сум Шеф; Во потрага по корените; Лигава материја; Старошколски херој; Адидас на нога; Ѕвонарот на дирекцијата.
Чиста околина се појавија официјално во далечната 1991 година со албумот насловен како ,,Новиот Аспект на Старата Школа, кој го издадоа во 1995год. Нивната олд скул музика (овој музички жанр е предок на хип-хопот) беше добро прифатена од македонската публика и Чиста Околина одржаа неколку големи концерти, во МКЦ, на Македонски железници во магацинот, итн. По успешниот албум, втор на успеаа да направат бидејќи групата се расформира и членовите се разделија по други новоформирани групи. Во 2001 повторно се собраа членовите или барем дел од нив и го издадоа истиот албум но сега на компакт диск насловен како Уште Еднаш.

THE MOST WANTED
  • Членови: Нести и Тец.
  • Постоење: од 1991 до 1997 година.
  • Песни: Интро ; The most wanted ; Нашата ебена филозофија ; Женски феномени ; Ебете се сите ; Синдикатот мава ; ул. Скопска бр.28 ; Интермеко ; Ебено луд ; Чиста Околина повторно во афект ; Апетит за уништување ; Пресудниот ден и Одјава.
The Most Wanted излегоа паралелно со Чиста Околина. Тие за разлика од Чиста, правеа Рап музика а не Old School. И во нивните песни може да се забележи ривалството кон Чиста Околина па и кон сите останати тогашни групи и пејачи како што се Ристо Бомбата, Нулта Позитив, Пис Брадерс и тие срања (како што љубеа да кажат). Инаку двајцата членови Нести (или Аго) и Тец го издадоа нивниот албум Пресудниот Ден, кој беше добро продаван. Во 1996 год. Нести се преименува во Аго и ја оформува Темната Страна така што на The Most Wanted му доаѓа крајот.

ЦРНА ТАЧКА
  • Членови: Кец, Ник и Кељавиот
  • Песни: Алкохол ; Живееме овака Црна Тачка ; Избројте колку е два минус два итн.
Нивниот стил не е класичен Рап туку доаѓа нешто како Рап Хард Кор. Немаат издадено официјален албум но имаат доста песни. Се чини групата не опстојуваше долго време бидејќи Кец се пресели во Легијата но и предходно не беше посветен само на Црна Тачка бидејќи често можеше да се слушне како гостин на други рап групи во Македонија.

ГЕТА ФОНТАНА
  • Членови: Дризла, Злате
  • Песни: Морбидно Рапување ; Гета Фонтана.
Гета Фонтана постоеа до 2002, 2003 година и тие како и повеќето немаат издадено албум. Тројцата членови успеаа да направат неколку песни со свој сопствен труд кој ги дадоа во 103ка како демо снимки во емисијата Црна Хроника. По некое време се распадна групата. За жал Дризла, еден од членовите трагично почина во 2005.

САФ
  • Членови: Еден два три - Смилен, Гоце, Пики Сипи.
  • Песни: Интро ; Стиховна гимнастика ; Револуционерот ; Мис Стоун; Фатаморгана ; Скопска ситуација; Сафари ; Раце горе.
Дефинитивно е најпопуларна македонска рап група. Имаат издадено еден албум со наслов Сафизам и имаат одржано три големи концерти.

ПРОТИВ СИТЕ
  • Членови: Да Џака Накот и Гоце.
  • Песни: Темна сесија ; Кога катастрофата ќе дојде ; Господарот на темнината ; Ебена фатаморгана ; Крајот на почетокот.
Оваа група ја формираа Да Џака Накот и Гоце во 1993 година.
Против Сите имаат доста песни, самостојни, во дуети со Темната страна и Психотим, само на Џака итн. Имаат издадено компилации, заедно со темната страна и уште некој други рап групи под наслов Долината на Сенките.

ЛЕГИЈАТА
  • Членови: Кец, Џака, Аго, Челичната тупаница, Алхемичарот, и уште многу други.
  • Песни: Како поединечни групи и автори, Легијата има издадено многу албуми. Дел од нив: Џака Накот има седум објавени албуми и тоа: „Неопходно зло“ (2001), „Нема повеќе тајни“ (2004), двоен албум „Биомеханика“ (2006), „Реанимација“ (2007), албум на кој се објавени обработки со групата „Колективното свесно наметнато“, со која настапува во живо, „Темни улици“ (2007) и во текот на декември ќе го промовира албумот „Прирачник за модерна војна“. РНС (Работам на случајот) и Малиот голем човек имаат издадено албум со наслов „Цветот на светот“ (2004). Групата „Грин аут“ има подготвен соло-албум со наслов „Само остај ми да пецнам“ од 2005 година.
ТЕМНАТА СТРАНА
  • Членови: Аго
  • Песни: Темниот се враќа ; Сонувам ; Повторно мрак ; Ебена Фатаморгана ; Царството мое ; Крајот на почетокот ; Денот е повторно темен ; Сонцето зајде ; Клетва ке ве стигне ; Вечна Борба ; Зборот се враќа назад ; Право од Скопје града; Од крај до крај; Темна сесија; Пробај ако смееш;
Оваа група ја основа Владимир Аговски - Аго во 1996 година кога од Нести се преименува во Аго и до денес има направено многу песни.
Прв македонски MC/Рапер 1987/88.
Во 1987 година на 13 годишна возраст ја оформува првата македонска рап група “Masters Of Rap” која официјално почнува да функционира во 1988 година. Првата нумера на “Masters Of Rap” е насловена исто како и групата, тогаш сеуште Аго (aka A.G.O. – Anger Of Genius Overloard).

- Прва македонска Hip Hop забава.
- Прв Hip Hop Dj.
- Прв Македонски Hip Hop албум на The Most Wanted - Пресудниот ден издаден во 1995 година.
- Прв Beat Box.
- Прв Македонски Freestyle Battle.
- Прв Македонски фестивал за афирмација на млади Hip Hop Артисти - Полноќна Миса.
- Прво школо за Hip Hop Продукција.