1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Хименот како симбол на чесност и морална чистота: глупост од антички времиња

Дискусија во форумот 'Колумни' започната од massimaux, 9 јануари 2016.

  1. massimaux

    massimaux Истакнат Член

    Зачленет на:
    4 јануари 2016
    Мислења:
    73
    Допаѓања:
    85
    Хименот како симбол на чесност и морална чистота: глупост од антички времиња

    Според митологијата на христијанството, Марија била девица кога наводно господ го зачнал Исус во нејзината утроба. Тоа значи дека пред зачнувањето на Исус имала негибнат химен, односно дека немала коитус ниту со мажот Јосиф, ниту со било кој друг маж претходно.

    Многу интересно прашање е — зошто семоќниот ентитет наречен господ одбрал мажена девица во која без коитус ќе го зачне својот син?

    Зошто, да речеме, не одбрал мажена недевица која се’ уште немала родено дете. Па, дури и да имала родено, зар е важно тоа?! Сигурно имало добри и чесни мажени недевици кои имале редовен секс со своите мажи. Според господ, ако биле сексуално активни, овие жени се нечесни и нечисти? Морало да биде сексуално негибната, а?

    Зошто би му пречело на господ да зачне свој син, да речеме, во чесна и добродушна недевица? Дајте да бидеме нелицемерни и да ги погледнеме фактите. Вистината е дека не му пречело на имагинарниот господ. Тој и онака постои само во мозоците. Им пречело на мажјаците од античко време.

    upload_2016-1-9_17-0-38.png

    Не е случајна таа потреба кај мажите да се оптоваруваат со дилемата дали наидуваат на девица или не. Тоа е еволуциски страничен ефект со потекло уште од праисторијата. Хименот како симбол за чесност настанал како резултат на исконскиот страв кај машкиот Хомо сапиенс уште пред 10-тици илјади години дека неговата партнерка може да има коитус со други мажјаци, да забремени и потоа тој да одгледува туѓо потомство како рогоносец. Тој страв не е без основа, но глупост е хименот да се третира како индикатор за чесност. Како и да е, полека ама сигурно, хименот станал предиктор за верност, а со тоа и симбол на женската чесност.

    Во антички времиња, хименот како симбол за чесност бил вметнат во религиски митологии. И тоа доста пред христијанството. Концептот на зачнување на живот во девица од страна на божество не е за првпат воведен со христијанството. Го имале други религии векови наназад (Извор: http://listverse.com/2009/04/13/10-christ-like-figures-who-pre-date-jesus/). Се’ на се’ — се работи за антички булшит што се’ уште се сфаќа сериозно од огромен процент од светската популација и претставува основа за многу проблеми.

    Не е проблемот во затуцаноста (намерно инсистирам на овој српски збор — одличен е!) на луѓето од 1. век наша ера. Проблемот е што има затуцан свет во 21. век тука меѓу нас. И важат за интелектуална елита. Зборуваат за т.н. политичка хименопластика. За нив нема ништо спорно во тоа хименот да претставува симбол на чесност, а промискуитетна жена симбол на нечесност. И, капак на се’, хименот и промискуитетните жени ги користат како метафори за нечесност, особено на политичари (!?). Правењето на паралела помеѓу хименот/непромискуитетноста од една страна и чесноста/нелицемерноста од друга страна, пред се’ не е фер спрема женскиот род, а да не зборуваме за заблудите и предрасудите кои ги генерира и зацврстува кај целата популација. Примери:

    Јадранка Костова, главен уредник на најкритичкиот неделен политички магазин Фокус: http://fokus.mk/fokus-express/sudska-himenoplastika-grujo-e-nevin-so-tapija/

    Венко Андоновски, најтиражниот и најпознатиот современ македонски писател:
    Јове Кекеновски, универзитетски професор и припадник на политичката десница: http://www.mkd.mk/71716/kolumni/politicka-himenoplastika-kekenovski
     
    На Prashina, Аркантос, Lady* и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Јес` да е анахронизам идолопоклонството кон хименот ама останува фактот дека поштовањето на хименот има спасено милиони жени worldwide низ историјата, тешко е од денешна гледна точка да се сфати милениумскиот став кон невиноста, во време на кондоми, спрееви, спирали, деј афтери и сто останати чуда, антибиотици, легален абортус во современо опремена гинеколошка ординација, механизми за посвојување и домови...

    Порано инфекција на вагина често значела и смрт...:)

    А во денешно време...повторно нема што да и се приговори на моногамијата for various reasons (не дека текстот е напад на моногамија, онака да се каже по нешто :zelen)
     
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Сѐ е ова убаво, ама идиотски е да се мисли дека чесноста на жената(претставена преку хименот) е важна во праисторијата.
    Не, не е важна.
    Чак што више, жената, во времето пред да се појават монотеистичките религии во брачната постела легнувала со веќе скинат химен, како последица на нејзината помината иницијација во која инцијацискиот водич покрај сите други вештини, ја учел и на вештината за задоволување на мажот. Нејзината „чесност“ се земала со дрвен фалус.
    На наши простори, нејзината невиност била земана од страна на кумот, кој требало да ја загарантира плодноста на девојката...
    - малку имате модифицирано факти за да стигнете до она што ви е битно на самиот крај.
     
  4. massimaux

    massimaux Истакнат Член

    Зачленет на:
    4 јануари 2016
    Мислења:
    73
    Допаѓања:
    85
    Во право сте. Ги имам побркано работите. Претпоставив дека хименот веќе бил позната работа во антиката, а сега дознав дека хименот бил откриен дури во 16. век од http://www.theatlantic.com/health/archive/2014/02/living-myths-about-virginity/283628/. Во антиката се зборува за девственост, но не и за химен. Така што, излегува дека врската помеѓу хименот и девственоста е направена во последните 300-400 години. Значи, глупост е мојата теза дека мажјаците во праисторијата знаеле и се замарале со химен и девственост. Ќе се обидам да компензирам за срамот што го чувствувам со забелешката дека сепак грешката е само неколку 10-тици илјади години, што е незначително во споредба со неколку милијарди години колку што трае еволуцијата. Хм, не помага. :)

    Се извинувам за неточните тези.
     
    На Аркантос му/ѝ се допаѓа ова.
  5. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Тезите се поставуваат за да ги потврдиш или негираш :)
    Нема зошто да се извинуваш. Си имал теза, си изградил теорија од таа теза, после си ја негирал тезата и си покажал дека е неточна целата теорија. Ни прв ни последен.
     
    На Аркантос му/ѝ се допаѓа ова.
  6. massimaux

    massimaux Истакнат Член

    Зачленет на:
    4 јануари 2016
    Мислења:
    73
    Допаѓања:
    85
    Се извинувам бидејќи можев да проверам дали е точна претпоставката. Барем за тоа има доволно достапни извори.

    Инаку, не е некоја теорија. :) Во мојот текст има неколку тези.
    Првата е за опседнатоста на античките митологии вклучително и христијанската со девственоста како симбол за чесност и морална чистота.
    Втората е дека хименот како симбол за девственоста има праисториски корени. Оваа е погрешна.
    Третата е за современото толкување на хименот/непромискуитетноста како симбол за чесност/морал. Ова ми е централна теза. Се' уште никој не ја предизвикал. :)
     
  7. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Првата ти е погрешна, монотеистичките религии се опседнуваат со таа теза за девственоста како симбол на чесноста и моралната чистота. И тоа повеќе, како што кажаа погоре, поради обезбедување здрави поколенија, а не некоја светост, само што, нормално црквата сите свои цели, како и секоја друга религија *ЕДИТ: Монотеистичка религија*, малку свето си ги поставува и објаснува.
    Прочитај ја „Царица“ од Шан Са, ќе видиш како во Кина на почетокот од оваа ера, ама ич не било важно дали ќе биде жената девица или не.
    Ако сакаш познавањата да не ти бидат на википедија база, слободно кажи, ќе ти посочам други книги, кои ќе ти покажат дека хименот и чесноста на жената е многу подоцна накалемана на општественото дрво, не е исконско поимење, што би рекол Јунг, воопшто не е архетип.
    Втората теза исто така ти е погрешна.
    За третата теза не коментирам, не сум размислувал длабоко на тој аспект.
     
    На EmilijaS, Electra, existence и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Не е воопшто идиотски, настрана хименот (party) невиноста била важна од многу практични причини како шо е гол опстанок на прво место.

    Современи романи кои се бават со животот на царскиот двор на Кина имаат врска со животот на огромното мнозинство жители на кинеската империја во времето на царицата колку и Сатурновите прстени со рандом собирач на пластични шишиња во Шутка...

    Тоа е проблем со историјата и историографијата, што има премалку инфо за секојдневниот живот на мнозинството раја а премногу за животот на кралеви, цареви и остала патологија...и со тоа се ствара лажна слика за одреден период. На царскиот двор се оргијашело hence кинезите во тоа време биле јебежљива култура и не се замарале со невиност, not really...

    Невиноста земана од кумот? :zelen
     
  9. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Ја посочив Царица од Шан Са, затоа што знам дека сведочи за практиките кои навистина се засведочени на местото, не само за тоа како Царевите биле развратни.
    Ја посочив поради сегментот: кинење на хименот пред првиот сексуален чин со сопругот од страна на жена која ја спрема девојката да му „припадне на мажот“.

    Не мешам историја со историографија, биди сигурен во тоа, знам за што зборувам.

    Да, Кумот како посредник помеѓу светот на божеството и светот на живите мора да ја загарантира плодноста на жената, токму затоа мора да спие со неа, пред таа да стане официјално сопруга на одреден човек.
     
    На EmilijaS му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Мала исправка, не може да сведочи романот пошто е белтеристика и е пишуван 1200 години од времето за кое станува збор :zelen
    Дали во тој роман се опишуваат сексуалните навики на рандом селани од некоја кинеска провинција?

    Не реков дека мешаш историја со историографија туку дека истите се премногу склони за проектирање на слика од одреден период базирана врз животот на занемарливо мал сегмент од популацијата, обично раја за која историските извори оставале некој траг, власт, елита, клер... и тоа е тоа, никаде го нема животот на рајата. Тоа ти е исто како некој од 26.век да смета дека рајата во Конго од почеток на 21.век да речеме живеела јако пошто сегашната власт во Конго е богата, патува со приватни џетови на азурна обала, шмрка кока и приредува оргии...а историските записи на располагање зборуваат само за елитата, не и за рајата.

    Ова ми е малку чудно со кумот, прв пат слушам за такво нешто, малку ми е тешко веројатно пошто ако кумот го имал првиот секс онда во многу случаи би бил и татко на првото дете пошто немало контрацепција во тие времиња (настрана што можел да биде и извор на некоја СПБ и да ја отера невестата во гроб). Сигурен си дека на овие простори се дешавало тоа?!

    Вредноста на невиноста била од сосема практични причини низ историјата, факт кој е тешко да се свари од денешна гледна точка.
     

Сподели: