1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Херпес

Дискусија во форумот 'Општи здравствени проблеми - прашања и одговори' започната од MissChievous, 26 март 2012.

  1. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,527
    Јас имав пред една недела,ставив паста прво,па се разлути,и после го лечев со маст Виру мерц,поефикасно е од Ацикловирот :)
     
  2. marjan

    marjan Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    489
    Допаѓања:
    657
    никогаш сум немал но за тие шо можеби имаат нека пробаат со чист прополис
     
  3. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Прополисот остава жолти флеки, за жал. Мене не ми помогнал баш нешто, единствено добра страна што видов е што доста многу суши. Ама како што кажав, цела уста жолта станува. :biggrin
     
  4. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Не бе братче ништо не помага. :nah На месец дена ми искача, понекогаш и почесто... Веќе цел месец пијам воден кефир, ни тој не ми помага. Дај кажете нешто што би можело да помогне да се спречи да излезе, значи не кога веќе ќе почне или веќе излегол, туку кога не излегол сеуште. И што може да е работата за толку честа појава? Мислев дека е слаб имунитет, ама очигледно ништо не помага...
     
  5. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    DarkPassenger
     
    На DarkPassenger му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,275
    Допаѓања:
    1,896
    Херпесот се појавува секогаш кога е намален имунитетот, при стресни ситуации и при покачена температура или грип...затоа мој совет ти е зголемен внес на витамини особено витамин Ц и многу многу течности...и помалку да се нервираш :)
     
  7. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    И јас мислев дека за ова станува збор, затоа зголемив и на витамини и на течности. Очигледно до стресните ситуации е, а од тоа нема спас. :giggle Единствено ми останува да се консултирам со лекар, тоа го немам направено до сега. Фала дечки, се надевам дека ќе најдам решение барем да ги заретчам, да не ми искача на секои 2 недели... :sram
     
    На MoonFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. monika88

    monika88 Истакнат Член

    Зачленет на:
    1 април 2013
    Мислења:
    454
    Допаѓања:
    644
    Различните производи од аптеките помагаат во лекувањето на херпесот на устата. Но, ако сакате да се обидете со нешто природно ви предлагам две решенија.
    1. Пресечете едно лукче на половина и со него премачкајте го херпесот. Повторувајте го тоа неколку пати во денот. Не е препорачливо да го лекувате херпесот на овој начин пред излегување.
    2. Растворете 10 капки масло од лимон во 150ml вода. Со таа течност правете си облоги на херпесот неколку пати во текот на денот.
     
  9. Annie

    Annie Нов член

    Зачленет на:
    5 мај 2015
    Мислења:
    14
    Допаѓања:
    19
    Има ли некој што го има овој проблем?
    Јас маки мачам со херпесите на уста. Најчесто ми се појавуваат околу устата, но има случаи кога се јауваат на самите усни и буквално целата уста ми пука, па ми треба време и време додека ја опоравам. Сум слушнала дека ако се појават еднаш ќе си ги имаш засекогаш, а јас откако знам за себе ги имам. Ми велеа дека се појавуваат ако изедеш нешто нечисто, на пример неизмиено јаболко, ама јас сум заприметила дека често ми се јавуваат кога сум под стрес или при подолго време изложеност на сонце.
    За среќа, научив кои се симптомите кои се чувствуваат пред да се појават, па некогаш успевам да спречам нивно проширување, затоа што навистина се многу досадни. Значи пред да се појават се осеќа пецкање, како кога устата е испукана и истовремено чешање. Потоа се појавуваат ситни меурчиња кои се исполнуваат со течност и на крај пукаат, па се создаваат рани од кои постојано истекува жолтеникава течност. Процесот на заздравување знае да биде прилично долг, отприлика од една седмица до 10 дена, а некогаш и повеќе.
    Јас користам маст, се вика Херпесан и таа на пример, го скратува времето на „узревање“ на херпесот, па исчезнува за пократко време.
    За тие што не знаат, доколку има такви, еве како изгледаат:
    [​IMG] [​IMG]

    Ме интересира како ги третирате, што употребувате? Дали можеби постои начин да се намали нивното појавување? Знам дека е вирус, но мене во поселдниве две години ми се јавуваат речиси на 2 месеци. Очајно ми треба помош, бидејќи и кога ги немам постојано сум со огледалото во рака, гледам да не решиле да излезат :frantic
     
  10. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Секој знае како изгледа херпес, тоа во спојлерот е гадно и не се препорачува да се отвара.
    Јас иначе им ставам паста за заби и ми ги снемува за два и неколку дена.
     

Сподели: