Фудбал - занимливости и факти

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
  • Извикувањето “Оле Оле Оле” доаѓа од Шпанија, каде овој извик се користел во борбите со бикови или при танцувањето фламенко. Настанал со транформација на зборот Алах кој го користеле Арабите кои ја покориле Шпанија во 8-от век.
  • Хулио Иглезијас во младоста бил голман и играл за Реал Мадрид се додека на 20 годишна возраст не се повредил во сообраќајна несреќа и бил на лекување цели 3 години. Научил да свири гитара и подоцна станува еден од најпознатите музичари на денешницата.
  • За време на фудбалски натпревар во Бразил, силен ветар донесол падобрани на фудбалскиот терен. Еден од падобраните слетал пред голманот во моментот кога тој ја уфрлувал топката во игра, па така се нашла во голот. Судијата досудил гол иако играчите протестирале, а одлуката ја образложил со виша сила.
    football_m.jpg
  • Фудбалот официјално е забранет во неколку земји како што се Авганистан, Камбоџа и Гренланд. Интересно е тоа што во Јута, САД е дозволено да се игра фудбал само доколку теренот е оддалечен 1.5 милја од црквата, додека за безбол, рагби и голф растојанието е половина милја.
  • Најпроблематичниот меч во Велика Британија се одржал на 3 Ноември 1969 година помеѓу Surrey и Hunts, кога настанала жестока тепачка помеѓу сите 22 фудбалери при што имало еден посериозно повреден и повреден линиски судија. Главниот судија морал да ги казни сите 22 фудбалери.
  • Најдолгиот фудбалски меч се одиграл од 1 до 3 Август 1981 година помеѓу 2 ирски тима. Победникот бил познат после само 65 часа и 1 минута.
  • Националниот тим на Боцвана нема победено на официјален интернационален натпревар цели 28 години. Биле сменети повеќе од 50 тренери, од кои 4 биле поранешни советски атлетичари.
  • Италијанскиот голман Гросо за време на натпревар го советувал судијата да си стави наочари по што бил казнет и отстранет од игра. Во понатамошниот расплет на случајот се утврдило дека голманот поседувал ординација за оптика, а судијата навистина имал лош вид. Дисциплинскиот комитет одлучил дека тоа не било навреда туку добронамерен совет, по што судијата си купил наочари од неговата оптика.
  • Во 1891 година, ирски експерт за фудбалски правила предложил казнет удар за игра со рака или фаул во казнетиот простор. За прв пат такво нешто било воведено во ирската фудбалска лига. Денес овој казнет удар се нарекува пенал.
  • Поразот на Хондурас од Ел Салвадор во квалификациите во 1969 година бил директен повод за 6 дневна војна помеѓу нив.
Сите занимливости и факти за фудбалот споделувајте ги тука.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars and Марија

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Најгорда сум кога гледам фудбалски натпревар, посебо во живо...лезет:sreken . Сите викаа “оле оле оле оле“ а јас гордо зјапам лево десно и како Кејт МИделтон мафкам во кралски стил(wave) лол:):):)

А тек кога ќе одам во Шпанија на борба со биковииии...ееееее тек тогаш почесен гостин ќе бидам:giggle
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
  • Хулио Иглезијас во младоста бил голман и играл за Реал Мадрид се додека на 20 годишна возраст не се повредил во сообраќајна несреќа и бил на лекување цели 3 години. Научил да свири гитара и подоцна станува еден од најпознатите музичари на денешницата.
ОооОоо што убаво сознание. Мислам не сообраќајкава - ова дека таткото на мојот најсакан пеач бил голман на Реал Мадрид. Можеби од таму Енрике е толку голем фан на Реал. :D
ех што убаво... (hug)
ги сакам и Хулио и Енрике и Реал... сите ги сакам (inlove)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Оле Гунер Солскер с'нуваја дека ке даде гол у послеѓан момент на утакмицу протиф Баерна у финале на лигу шампиони девеесдевету и Јунајтед ке биде првак.
Тој се деси истински...
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Оле Гунер Солскер с'нуваја дека ке даде гол у послеѓан момент на утакмицу протиф Баерна у финале на лигу шампиони девеесдевету и Јунајтед ке биде првак.
Тој се деси истински...

И сонуваше дека ќе стане тренер, и стана. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Цане од Џорче :sleep(facepalm)
Додека трае очајниот обид за консолидација на ФФМ, кога на сите ни пречат очајно лошите резултати на “А“ тимот, кога сите гледаме надеж во младите категории, кога основниот услов за фудбал БЕЗБЕДНОСТА ја нема на терените во Македонија – член на УО на ФФМ со член на Обединети за фудбалот биле во Џенова да го посетат Горан Пандев.

Таму, покрај билети за натпреварот што го играла ФК Џенова, тие двајца барале од Горан ДА НЕ ИГРА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. Односно, и онака слабите резултати да се уште послаби, и на тој начин Обединети без пропишана и легитимна процедура (исто како и Заев и СДСМ) да го освојат ФФМ.

Членот на УО на ФФМ е Серафим Димовски. Членот на “Обединети“ е Мирсад Јонуз (оној што го фалсификуваше резултатот 0:7 во 0:5 против Србија).

Цане и Јонуз директно работеле против интересите на државата и националниот дух. Со Пандев на пример, на само две пријателски натпревари, се виде подруго лице на “А“ тимот. Тоа секако е далеку од добри резултати, ама да се оди во Џенова и да се бара и тој промил подобрување да го снема е одвратно.

Горан Пандев ги откачил овие двајца изроди.

Ова ќе резултира со бркање на Цане од УО на ФФМ на следниот состанк на УО, околу 10-ти овој месец. Но, по тоа од канцелариите на УО ќе следи и бркање на половина дузина вработени административци (поголемиот дел во роднинско-кумовски односи со “Обединети“ и блиски соработници на Климпар) кои се обвинети за фалсификување, фотокопирање и изнесување документи од архивата на ФФМ.