Фринџ теории

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Жал ми е што дури сега ја гледам темава.
Склона сум кон верување во овие теории пред се затоа што никогаш не ме задоволувале теориите кои се признаени како точни, а чувствувам дека не се целосно истражени.
... аааа и интересни ми се, дават некој нов облик на реалноста. Речиси секогаш навивам за ваквите теории иако сум свесна дека многу од нив не се вистинити.

Ова е интересно и некако ми има лоѓика, би ми било мило да прочитам некое ваше мислење. Јас немам многу познавања од историјата за да дадам некој заклучок, но кога го слушам човекот, дефинитивно ме убедува.

Друга теорија која ми е многу интересна и повремено читам, гледам некои документарни филмови поврзани со неа е тоа дека земјата е рамна плоча. На прв поглед изгледа смешно и се чувствував како ретардирана што воопшто го трошам времето да читам нешто такво, но како што навлегував, имaв чувство дека и не е толку без врска теоријава. Првото нешто што ме навлече е тоа дека до сега нема ниту една вистинска фотографија на земјата како топка. И покрај целиот наш технолошки напредок, ние сеуште немаме фотографија од нашата планета. :eek Зошто?
... и така започна задлабочувањето. Не се осмелувам да пишувам повеќе на оваа тема бидејки сигурна сум дека ненамерно ке погрешам некој податок, а би ми било мило доколку некој кој се разбира во овие работи и напише нешто за ова. Ви го оставам видеово, па ако имате време ѕирнете ги аргументите со кои се подкрепува оваа теорија, некои од нив се доста интересни
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Bump..........blast from the past :)

Во светло на напорите да се изврши реанимација на форумот, ми текна на темава а што е подобро за таква намена од забеганите нацисти?
Иако ова не е фринџ теорија него реалност, интересен факт - група есесовци во 1935 се упатиле во Амазонија со цел да направат ариевска колонија далеку од очите на светот и да направат центар во Ј.Америка, континент кој дотогаш не добил соодветно внимание од нацистите. Подоцна ќе добие ептен но пред ратот ситуацијата била поинаква. И така, нацистите си нациствувале, ковале планови за нов свет арно ама комарците, јагуарите, анакондите и другите отровни и неотровни чудесии на најголемата светска прашума се покажале појаки и од најјакиот нацист па така на крајот до 1941 останале само 100-тина гробови со кукасти крстови и уште еден уништен сон на потомците на Один и Тор.

Изгледа единствено место каде што нацистите не се упатиле во експедиција во светот бил Прилеп...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo