Франција

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Образование

На почеток на 9 век, императорот Карло Велики наредил во црквите да се даваат часови по читање, пишување и други образовни и научни вештини. Париз уште тогаш бил значаен црковен центар во Франција и постепено прераснувал во схоластички центар. Во раниот 13 век, во црковното училиште во Нотр Дам настава одржувале многу познати учители, но многу од нив под влијание на црквата предавале контроверзни учења.Во Париз има многу основни и средни училишта, престижни образовни центри како Lycée Louis-le-Grand, Lycée Henri-IV и други. Во академската 2004-2005 година во градот со својата околина имало 17 јавни универзитети со 359.749 студенти. Тоа е најголема концентрација на студенти во Европа.Катедралата Нотр Дам била првиот високо-образовен центар пред формирањето на Парискиот Универзитет. Сорбона е најпознатиот универзитет во Париз, кој е основан од страна на Роберт де Сорбон, кој бил теолог и схоластичар, а живеел и творел во средниот век.
Спорт

http://mk.wikipedia.org/w/index.php..._France_2005.jpg&filetimestamp=20080623150220
Најпопуларен спортски клуб во Париз е фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен, кој е еден од најпознатите во Франција и игра на стадионот Парк на Принцовите. Познат кошаркарски клуб е Париз Баскет Рејсинг. Градот има и рагби тим Стад Франс Пари, кој е меѓу најпознатите во Европа.Во предградието Сен-Дени се наоѓа најголемиот стадион во Франција Стад де Франс со капацитет од 80.000 гледачи и 5 ѕвезди на УЕФА. Тука се одигра финалето на светското првенство во фудбал во 1998. На овој стадион значајни натпревари играат француската фудбалска и француската рагби репрезентација.Градот Париз бил домаќин на две Олимпијади, во 1900 и 1924, а во него се одиграле натпревари и од две светски првенства во фудбал, во 1938 и 1998 година. Париз е познат и по велосипедската трка Тур де Франс, која се вози низ цела Франција, а последната етапа од трката завршува на Елисејските Полиња.
Транспорт

http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Податотека:Vélib.jpg&filetimestamp=20081208225052
Улогата на Париз како светски центар, наметнува потреба од квалитетен транспорт до и надвор од градот. Градот има повеќе видови на јавен превоз со цел брзо и квалитетно превезување на патиници од едно до друго место во градот. RATP e државна компанија за масовен превоз во Париз. Таа вклучува 654 автобуски линии, метро, трамвајски линии, RER железничка мрежа во густо населените области и OPTIL, приватна мрежа од автобуски линии.Париското метро е назначајниот транспортен систем, со 300 станици, поврзани со 214 km мрежа и со 16 линии низ целиот град. Во Париз има 4 трамвајски линии, а во план е отворање на уште шест. Во Париз популарен е и велосипедскиот превоз со изнајмување на велосипед, познат како Велиб, со над 20.000 велосипеди дистрибуирани на 1450 јавни паркинг места. Во 2008 година е воведен и фери систем Вогу на реките Сена и Марна.Париз е поврзан со другите Француски и Европски градови со железница, со супер брзите TGV возови, како и со обични возови.Париз има два големи аеродрома: Орли и Шарл де Гол. Во близина на градот се наоѓаат и два помали аеродрома.Париз има и развиена мрежа од автопатишта, кои го поврзуваат градот со големите градови во Франција и Европа, како Лион,Лил, Стразбур, Нант и европските како Брисел, Франкфурт и др.
 

poison ivy

Нов член
20 март 2012
12
10
3
32
скопје
1.1281287778.clock-tower-on-town-wall-in-auxerre.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Кога сме кај Франција и францускиот јазик, да ве почестам со француски хип хоп рнб. Не знам колку ги познавате Sexion D'Assaut, но Desole мора да сте им ја слушнале. :)


да да позната е песнава Дезоле а си ја слушал ли ти оваа? :rofl
Миле му ја откупил на овој музикава ....пред малце го дознав тоа се убив од смеење :rofl