Форумска љубов | Форумски пар

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ќе се јадат и мекици. :rofl

И темава да се префрли во хумор и сеир. ;)
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Каква љубов очекувате од аватар? Каква?


Лично го знаеш човекот или само преку аватар и постови?

Инаку во ред е да ми се допаднат одредени мислења на членови - машки и женски, во ред е и кога не ми се допаѓаат, но љубов преку аватари? Преку куцање на тастатура?
Ме зафркавате?
Нормално е кога ќе ти се допадне некој на слика, нормално е да се запознаеш преку интернет, ама да се заљубиш, односно опседнуваш со некого, кому лик не си видел во живо? Не си ги запознал неговите гестакулации, начин на зборување/движење? Негова насмевка која те буди наутро и ти посакува убав ден или утрински бакнеж? Можеби тоа веќе го правите преку камера, гушкате лап-топ и шмрљате монитори? :)

За да бидеш виртуелен оратор е добро, но реален? Мислите дека луѓето што се "гласни" на форум се оние од кои ни зујат уши во реалност? Или сепак се мал дел, кој всушност го пишува она што реално може да го зборува.

Да, го знам и во реалноста, но го запознав преку аватар.
Значи не ме сфаќајте погрешно, не е дека се вљубив јас во него (ни на форум, ни во реалност), туку како карактер, го има најдобриот карактер на светот :)
И да, најдобрите размислувања за животот :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
Не!
Како што кажа Реми погоре...
Не иде... незнаете што личност се крие за аватарот.
Љубов преку форму е исто ко на времето јас коа киснев на mIRC, само таму имаше само ник...
Се договараш со некое девојче на кафе, закажуваш време датум се идеш 30 мин порано и седиш и посматраш ако дојде некоја wooow што ти прави мерак и пријдуваш ако не налевокруг и си одиш дома.
Јас сум правел така а и ми правеле така :)
но сепак испаднале добри другари и другарки од mIRC-от...
и муабетот ми беше преку форум според мене можеш да стекнеш само сајбер пријателче со кое имате исто мислење за се,а дури отпосле тоа пријателство да премине во нешто друго.. :cool:
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Не, не и не!
Само сакам да читам нечии мислења на форум но не да се затреска во мислењата поточно размислувањето на некој форумџија или во неговиот аватар. Благодарам на внимание, пријатано:D.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnneBoleyn