Формула 1, скратено Ф1, е највисоката класа на авто-трки дефинирана од Интернационалната федерација за автомобилизам (ФИА), светското врвно тело за моторни спортови. Името „формула“ доаѓа од низата спецификации и правила кои сите учесници и возила мора да ги задоволат за да учествуваат во натпреварувањето. Шампионатот на Ф1 се состои од низа трки познати како Голема награда кои се одржуваат во текот на секоја година, обично од март до ноември, на наменски изградени писти, а во неколку случаи и на градски улици. Резултатите од сите трки се комбинираат за да се добие вкупниот победник на шампионатот за возачи и за конструктори.
Возилата се тркаат со големи брзини на мошне сложени виулести патеки. Постигнуваат брзини над 320 км/ч. Дизајнот на возилата постојано се менува и напредува во поглед на електрониката, аеродинамиката, суспензијата и пневматиците.
Иако Ф1 трките и најголемиот дел од конструкторите потекнуваат од Европа, Големи награди се одржуваат низ целиот свет. Некои од трките во Европа и Америка се заменети со Бахреин, Кина, Малезија и Турција, а од 2010 и Индија.
Ф1 трките се голем телевизиски настан следен од милиони луѓе во двесте земји.
Натпреварувањето е регулирано од ФИА, а комерцијалните права за Ф1 се пренесени на Формула Еден Групата.
Официјалната страна на Формула1: http://www.formula1.com/
Оваа година (2012) како и претходната, титулата треба да ја брани германецот Себастијан Фетел (Sebastian Vettel) кој вози за Ред Бул Рејсинг.
http://www.f1almanah.mk/formula-1
Кој е вашиот омилен возач и тим, и зашто?
Како почнавте да навивате за тој тим/возач?