1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Флеки од акни на лицето

Дискусија во форумот 'Лице' започната од Sugar, 2 март 2012.

  1. Enduu

    Enduu Староседелец

    Зачленет на:
    4 септември 2012
    Мислења:
    23
    Допаѓања:
    7
    Зборувам за акни на лицето, иако имам мозолчиња и по грбот, рамениците. Сум пробал на разни начини, со разноразни средства, креми, лосиони, и за жал ништо не помогна :/. Планирам да одам на кожен лекар, па ако знаете некој добар кожен лекар (приватен), од лично искуство, да ви помогнал за ваков сличен проблем, ве молам дадете ми негов/нејзин контакт. Верувам дека во Скопје ги има, меѓутоа, не ги знам јас.
     
  2. LittleButterfly

    LittleButterfly Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,272
    Допаѓања:
    1,887
    На пример Др.Анчевски...:)
    А можеш и да даруваш крв, онака да си го прочистиш организмот...припазувај на исхрана, избегнувај мајонези, салами, виршли и такви слични калорични глупости полни со конзерванси, пиј повеќе течности...
     
    На Enduu и Butterfly^^ им се допаѓа ова.
  3. Кристина Јанг

    Кристина Јанг Нов член

    Зачленет на:
    12 август 2015
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    1
    Одете каде сакате во СКИН СОЛУШНС во Дебар Маало НИКАКО!!! Не ми беше толку лоша кожата и не знам кој ѓавол ме натера да одам таму, ама лицето ми го направија катастрофа после тие хемиски пилинзи и абразии. Флека до флека и тоа кафеави што не минуваат. Па уште имаше дрскост да ми каже дека било на генетска база, што е апсолутно неточно. Добар доктор треба да те води низ целата процедура, пред третман и после, да објасни за несакани последици, да се потруди да ги излечи, а нив само им е важно до пари да стигнат. Катастрофа, после 3 месеци уште не можам да си простам. Размислував дури и тужба да и пуштам. Сега одам по други дерматолози и читам по интернет што треба и требало да правам ко да сум ја дерматолог. Непрофесионалност и неодговорност!
     
    На Аркантос му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mellanie

    Mellanie Нов член

    Зачленет на:
    4 јануари 2016
    Мислења:
    7
    Допаѓања:
    0
    Јас сум возрасна (колку не е битно), но сум над 32 г. но имам проблем со кожата на лице. Имам акни и постојано ми излегуваат нови и не можам со ништо да ги спречам. Сум користела скоро се што постои на нашиве простори: Авон, Виши, Авене, Алое, Клиндамицин, зелената линија од Еуцерин итн, итн, парите не ми биле проблем никогаш, а посебно кога се работи за лице. Бев и на дерматолог и пак ни со тоа ништо!!! Не знам што да користам повеќе. Ако имате некој совет, ве молам помогнете!
     
  5. Big Berta

    Big Berta Староседелец

    Зачленет на:
    7 февруари 2015
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    202
    Си проверила хормони?
     
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    Јас кога бев тинејџер и имав мали проблеми со акни правев смеса од таан и мед (нема некоја мерка, мало филџанче доволно е за една недела само убаво треба да се измеша) и ставав тенок слој од тоа саат време пред спиење, па ми помагаше.
     
  7. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,044
    Допаѓања:
    6,652
    @Mellanie ако веќе си испробала свашта, најубаво е сама да си увидиш што ти ствара акни.
    Провери прво хормони и надбубрежни жлезди, види да не си нетолерантна кон глутен или нешто, пошто џабе ги третираш со препарати ако ги предизвикува внатрешен фактор. Може само повеќе да се воспалат ако се запушат порите од кремот.
    Јас и хормони проверував, па алтернативна медицина, па козметичари... кај сите се замив само, па почнав сама да си гледам што ми пречи.
    Сфатив дека посебно ренде се правам од сирење. Пробај така одреден период да намалиш храна што мислиш дека ти пречи, па ќе видиш ако е до тоа.
    Акни ретко имам сега, претежно пред нашите омилени денови, ама имам по некоја флека и дупчиња на слепоочници пошто козметичариве беа обучени и паметни да стискаат гнојни акни на 13-14 годишно дете со нежна кожа во развој. :^)
    За флеки и регенерација на кожа, речиси година го имам гелот, ама дури пред недела дена почнав да го користам, а гледам многу е фален од рандом корисници, не овие платениве да пишуваат пофалби. Се работи за екстрактот од полжав CELL-1 (Celltone). Црвенилото околу се повлекува уште по првите 3-4 дена и кожата ја прави многу мазна. За друго е рано да зборам.
    Ако се решиш, гледај ако имаш од странство (по запад) да ти го донесе некој (во денари е околу 4000 од кутивче).
    Во последно време и Бугариве гледам нудат некои троа поевтини алтернативи, ама не ми се многу за верување.
     
  8. елена петровска

    Зачленет на:
    21 септември 2017
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    \
    И јас имам слично искуство со акни и црнки и поред еден месец бев на дерматолог а тој ми пиша себактазе Sebactase ' тоа се прородни француски таблети пакованје за еден месец и по еден месец користенје јас веќе немам акни и црнки

    Поздрав
    елена


    Јас посетив лекар на клиника за проблем со мозолчиња на пице ама имав и по телото и тоа прилично многу
    јас би те советувала да пробас со Sebactase себактазе јас ги купив од еурофарм од рамстор и по месец дена користенје 80% од акните а и црнките по лицето ги немам и мисма дека уште едно паковање целосно ќе ги немам.престанав да одам по козметичари зошто џабе било се.

    поздрав



    И јас сум пробала разни креми но многу ми помогнаа таблети себактазе ми ди препорача Др. Николина а ги има во еурофарм и средуваат повеќе проблеми со кожата.Јас лиќно не би ги сменила sebactase то зошто единствено тие ми помогнаа.

    Поздрав

    Елена
     

    Прикачени податотеки:

    #18 елена петровска, 21 септември 2017
    Последна промена од модератор: 22 септември 2017
  9. stole04

    stole04 Староседелец

    Зачленет на:
    23 мај 2012
    Мислења:
    37
    Допаѓања:
    12
    Против акни на лицето користев Проакне гел од Апимел и сум задоволен
     

Сподели: