Фитнес - прашања, одговори, заблуди, совети, мотивација...

Колку пати неделно вежбате?

  • Еднаш неделно

    Гласови: 8 6.8%
  • 3-5 пати неделно

    Гласови: 62 52.5%
  • Секој ден во неделата

    Гласови: 28 23.7%
  • Не вежбаам воопшто

    Гласови: 20 16.9%

  • Вкупно гласале
    118

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
И уште нешто да се надополнам со ова погоре, во врска со масните наслаги.
Еден килограм мускул троши 30 калроии дневно, а 1 кг сало троши 7 калории, па вие изберете ;)
Бидете (muscle)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Јас одев во теретана во Октомври и Ноември имам голема желба за вежбање но неможам поради обврски во училиште. Trajche гледам дека доста знаеш околу суплементација и тие додатоци, што мислиш дали би можел да користам L-Carnitine. Имам 14 години за 2 месеца полнам 15, имам 75кг. и висок сум 180цм. Дали би можел тоа да користам или уште сум мал ?
 
Добредојде на форумот. Убаво е тоа што имаш желба за вежбање, а време се наоѓа за се само ако се сака. Твојата цел сигурно е да топиш масни наслаги, гледам дека сакаш да земаш л-карнитин, но најдобро би било најпрво да ти е средена исхраната на твоите потреби и цел со кои би имал супер резултати, доколку не ти е средена исхраната ќе имаш ефект само со л-карнитинот, но не и како што посакуваш и за џабе си ги фрлил парите. Кога веќе одлучуваш да потрошиш и вложиш пари во себе, подобро би ти било за тие пари да купиш дали јајца, или стек, бифтек и тн.
 
Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Благодарам. За исхраната дека морам да ја средам знам за тоа, него ме интересираше да е сум мал за да земам такво нешто, да не има несакани последици.
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Благодарам. За исхраната дека морам да ја средам знам за тоа, него ме интересираше да е сум мал за да земам такво нешто, да не има несакани последици.

Тоа ти е исто како да прашуваш дали да јадам јагнешко, срнешко или говедско месо во кое е најмногу застапен л карнитинот, така да немај гајле ;) Само следи го упатството на производот и не го злоупотребувај.
 
Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Тоа ти е исто како да прашуваш дали да јадам јагнешко, срнешко или говедско месо во кое е најмногу застапен л карнитинот, така да немај гајле ;) Само следи го упатството на производот и не го злоупотребувај.

Благодарам многу за советов, сега сум 100% сигурен дека сакам да земам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Јас на темава сакам да кажам само едно нешто... У п:cenzuraку матер колку мразам кога ќе си го загубам рендето па морам да ги користам стомачниве :mad :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor and Trajche

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Благодарам. За исхраната дека морам да ја средам знам за тоа, него ме интересираше да е сум мал за да земам такво нешто, да не има несакани последици.
Земи трчај,вратило, склекови и стомачни... батали теретана, на 14 години премал си за хемија... остај го Трајче тој е алхемичар ги кажува само позитивните страни.;)
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Земи трчај,вратило, склекови и стомачни... батали теретана, на 14 години премал си за хемија... остај го Трајче тој е алхемичар ги кажува само позитивните страни.;)

тогаш немора протеини да зима уште сега ако не сака, ама може да ја јаде потребната храна, пилешко посебно стек, ориз, риба, варени јајца, без жолчките нормално овошје и зеленчик, многу шеќер и сол не...
инаку не е страшно да вежбаш уште сега, деца и за натпревари се спремаат на овие години...
Ако се придржуваш на природниот и правилен начин на исхрана и вежбаш ќе бидеш топ
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
тогаш немора протеини да зима уште сега ако не сака, ама може да ја јаде потребната храна, пилешко посебно стек, ориз, риба, варени јајца, без жолчките нормално овошје и зеленчик, многу шеќер и сол не...
инаку не е страшно да вежбаш уште сега, деца и за натпревари се спремаат на овие години...
Ако се придржуваш на природниот и правилен начин на исхрана и вежбаш ќе бидеш топ

Знам за здрава храна и знам дека најдобро е преку неа да се слабее и се тоа, но неможам бидејќи сум единствен во четиричлена фамилија кој сака да користи здрава храна. Еднаш пробав со здрава исхрана и издржав еден месец, но многу беше тешко, моите за појадок јадат бурек, ова-она, јас пијам јогурт или јадам овошје зеченчук и сл. Јас имам 14 години неможам да живеам сам. Мислев да одам средно во Скопје и таму да си седам, но не ми даваат моите бидејќи нема да излезам од кафиќи и нема книга да отворам. Да можев да запишам средно во друг град и да си живеам сам со некој пријател ке беше друго.