Фитнес - прашања, одговори, заблуди, совети, мотивација...

Колку пати неделно вежбате?

  • Еднаш неделно

    Гласови: 8 6.8%
  • 3-5 пати неделно

    Гласови: 62 52.5%
  • Секој ден во неделата

    Гласови: 28 23.7%
  • Не вежбаам воопшто

    Гласови: 20 16.9%

  • Вкупно гласале
    118

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Која теретана на реон Центар, Аеродром е асална за 3-4 пати да отидам на по еден тренинг?
Гладијатор во Пелагонија ја реновираат до 11 март, а ми се вежба, ми се гризе :)
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Која теретана на реон Центар, Аеродром е асална за 3-4 пати да отидам на по еден тренинг?
Гладијатор во Пелагонија ја реновираат до 11 март, а ми се вежба, ми се гризе :)
Во Аеродром Атлета кај железничка, наспроти ОНЕ.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Совети:
За да ги намалите масните наслаги околу половината
Салото над задникот, на струкот и стомакот може да биде и резултат на проблеми со инсулинот, кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Ако тој не е ускладен тогаш тоа води кон таложење на масно ткиво во пределот на струкот. Ако премногу внесувате шеќери ќе го имате ефектот појас за спасување. Храната богата со антиоксиданси може да ви помогне во процесот на топење на масните наслаги. Затоа јадете цимет, чили, брусници, боровинки, брокула, и пијте зелен чај.
За слабеење во пределот на колковите и задникот
Женскиот хормон естроген го поттикнува таложењето на масните наслаги во овој предел. Голем дел од количината на овој хормон го внесуваме со водата и месото. Затоа јадете повеќе овошје, зеленчук, и интегрални житарици. Тие содржат посебни состојки кои помагаат да се врзе вишокот на естроген. Избегнувајте алкохол, седативи, пијалоци со конзерванси. Пијте многу јогурт, тоа ќе ви помогне.
Заоблен стомак
Маснотиите на стомакот сигнализираат на проблеми со надбубрежни жлезди и претерано лачење на хормонот кортизол. Долготрајниот стрес исто така го зголемува нивото на овој хормон. Тој предизвикува зголемено лачење на инсулин, што доведува на таложење на мастите на стомакот. За да се решите од стомакот пробајте најпрво да го намалите стресот. Студиите велат дека одморот влијае на намалување од потребата за калорична храна. Јадете повеќе овошје, зеленчук, житарици, риба и месо, а намалете го внесувањето на шеќер, млеко, млечни производи, вино, пиво, суво овошје, овошни сокови и кафе. Умереното вежбање исто така ќе ви помогне.

извор: www.boza.mk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Sugar

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Значи да нема заблуди, кога си на некоја диета и сакаш да ги намалиш масните наслаги, нема дел каде што ти сакаш само таму да изгубиш масни наслаги, туку губиш од цело тело подеднакво, е сеа на некои места ги има повеќе на некои помалку наталожено.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Секогаш многумина ме прашувале, како најлесно да ослабат т.е. да го намалат вишокот на масни наслаги. Нормално дека храната е најбитниот фактор до стигнување на целта, а најефективен фитнес кој е и без пари, не е потребно одење во фитнес сала или не знам каде, а тоа е трчањето по скали.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Bibi@

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Едно прашање дали е добро да се мешаат Амино Киселини и Креатин? :)
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Уште подобро е кога се зема креатинот со протеин, глутамин или амино.
Јас мешав Креатин Монохидрат како што веќе ти пишав на другата тема и Amino 5600 scitec nutrition
scitec_amino_5600.jpg
A како што тргнало пак ќе се вратам на таа комбинација.. :D
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Јас мешав Креатин Монохидрат како што веќе ти пишав на другата тема и Amino 5600 scitec nutrition
A како што тргнало пак ќе се вратам на таа комбинација.. :D


Немам некоја посебна информација за производов, и не сум ги користил, ама амино што сум користил биле Leutor и сум бил презадоволен, колку што слушнав веќе се не произведуваат, туку ги има во нова форма AminoCore, треба да се пробат :)

leutor2.jpg
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Немам некоја посебна информација за производов, и не сум ги користил, ама амино што сум користил биле Leutor и сум бил презадоволен, колку што слушнав веќе се не произведуваат, туку ги има во нова форма AminoCore, треба да се пробат :)

leutor2.jpg
Сум слушнал за овие и читал. Има едно добро:
http://www.napumpajse.com/shop/amino-kiselini/leutor.aspx
Lеutor 70 се заснова на проучување спроведено во лабораториите на Институтот Каролинска - Стокхолм, добитник на Нобелова награда. Неговите суштествени состојки докажано ги престројуваат мускулите во анаболичка состојба. Lеutor 70 е катализатор кој го зголемува бројот на мускулните клетки до 350 %. Примен пред истоштувачки тренинг, Lеutor 70 значително ја зголемува телесната способност за создавање на чиста мускулна маса, преку два основни процеси:
1.Го покачува анаболизмот *(250-те мг. чиста KIC се врзуваат за мускулното ткиво и ги уништуваат штетните мускулни отрови (токсини), на тој начин обезбедувајќи ви долготраен и неуморлив тренинг.
2.Го смалува раскинот на мускулното ткиво (повредите на микро план) за време на напорните тренинзи* (Целосниот спектар од Б витаминот ја поткрепува протеинската синтеза и мускулниот опоравок)
d4934e025be76a2874488804dbee468bleutor2222222.jpg
Накусо, Leutor 70 е решавачкиот предвежбовен додаток за брз анаболен раст. Не содржи забранети состојки. 100 насто природен, без никакви несакани дејства.

Начин на употреба:
Најдобро резултати се постигнуваат кога се зема 1 доза 30 до 40 минути пред тренинг во зависност од телесната тежина.
5 таблети за лица до 75 кг.
7 таблети за лица до 90 кг.
9 таблети за лица над 105 кг.
Во деновите кога се паузира од тренинг 1 доза се зема 20 мин пред 1 оброк.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche