1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Фитнес - прашања, одговори, заблуди, совети, мотивација...

Дискусија во форумот 'Фитнес и рекреација' започната од Trajche, 14 февруари 2012.

?

Колку пати неделно вежбате?

  1. Еднаш неделно

    8 глас(а)
    6.9%
  2. 3-5 пати неделно

    61 глас(а)
    52.6%
  3. Секој ден во неделата

    27 глас(а)
    23.3%
  4. Не вежбаам воопшто

    20 глас(а)
    17.2%
  1. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,554
    Средина на Февруари, помина Јануари, месецот со најмногу празници и сите си јадеме што ќе ни дојде при рака, многу калории, повеќе масти-напроти квалтитенти нутриенти, но такви се деновите, сега веќе нема изговори! Време е за влегување во форма за на плажа :) или некој со поголеми амбиции? Кои се вашите цела годинава? да си помагаме и да ги оствариме заедно...
     
    На Krofna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,070
    Јас веќе една недела како вежбам редовно.
    Најпрво се загревам потоа некоја вежба со тегови од по 1килограм и н акрај малку кардио. Од наредна недела одам во теретана.:biggrin
    Целта ми е да симнам некое килце и да имам убав рамен стомак.
     
  3. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,554
    Супер!
    Одлично е тоа што ќе почнеш во теретана, исто така голем број почетници пред да почнат со тренингот не се загреваат, би било убаво да ја задржиш таа рутина. Кардио може да правиш за почеток по 20-30 минути, веднаш после тежинскиот тренинг, или рано насабајле на празен стомак, и секако мора исхраната да ти биде прилагодена кон твоите потреби и твојата цел.
     
    На Elena, Bibi@ и Selma им се допаѓа ова.
  4. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Јас од понеделник почнувам со вежбање и мала промена на режимот на исхрана. Секој загубен грам ќе биде успех.
     
  5. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,554
    Браво! Секоја чест за вашиот чекор, штом почнувате да вежбате и да се храните поздраво и сакате да постигнете некоја цел, со тоа обрнувате повеќе внимание на себе си, повеќе се заксакувате и цените.
    Запомнете резултати преку ноќ не се прават, само бидете упорни и имајте трпение.
    Еве нешто што ќе ви помогне да го имате како основа, за се друго може да се обратите на темава
    http://forum.crnobelo.com/threads/Правилна-исхрана-најважни-стостојки.301/#post-2797

    Исто така најбитна е мотивацијата, поставувајте слики, видеа и цитати кои вас ве мотивираат.
    http://forum.crnobelo.com/threads/Мотивација-видеа-песни-слики-и-цитати.219/
     
  6. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,070
    Кога е препорачливо да се вежба пред јадење или некој саат по јадењето? :)
     
  7. Grim Reaper

    Grim Reaper Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    326
    Допаѓања:
    338
    Trajche Гледам дека си доста упатен во оваа работа, па сакам да те прашам дали има некоја добра комбинација на храна и суплементи ( како на пр. протеин) ?
     
  8. Клара

    Клара Полноправен Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    80
    Допаѓања:
    58
    Си гласав во анкетата дека не вежбам воопшто :eekops:
    Си викам ај од утре, ај од задутре и никако да почнам да вежбам. Некако изгледа немам доволно мотивација, мора да ја најдам :nah Не дека ми треба за слабеење, ама за затегнување дефинитивно морам. Не ја бива вака, симпатијата спортист.....јас ни Ц од спорт и вежбање :biggrin
     
  9. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,554
    Не знам како мислиш пред јадење, сигурно имаш најмалку 3 оброци барем дневно, ако се работи за кардио тренинг може да се прави на празен стомак насабајле, а доколку се работи за тежински, мора да имаш јадено, и се зависи од храната што ти е пред тренинг колку време и е потребо за да се свари, 1-1 ипол час, а може и 2.

    Протеинот одлично ти доаѓа како дополнителни хранливи состојќи во дневниот режим на исхрана, се зависи од целта која сакаш да ја постигнеш, суплементацијата(додаток во исхрана) не и замена за оброк.


    Секако дека мотивацијата е нешто најважно, мора нешто да те измотивира за да почнеш да вежбаш. Најчест изговор е почнувам од утре, но нема утре, има само денес ;)

    http://forum.crnobelo.com/threads/Мотивација-видеа-песни-слики-и-цитати.219/

    Преку темава ќе се обидеме сите да добиете некоја мотивација, инспирација постирајте ги вашите слики кои ве мотивираат, вашите идоли, нешто кон кое што вие целите..
     
    На Bibi@ и Selma им се допаѓа ова.
  10. Grim Reaper

    Grim Reaper Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    326
    Допаѓања:
    338
    Дали би можел да ми пратиш линк или нешто слично за исхрана за качување на маса, со редовно вежбање во теретана со или без користење на суплементи?
    Бидејќи имам вежбано скоро година дена во теретана, ми направија програма, но немав некои посебни резултати, освен дефиниција и мало покачување на мускулна маса...
     

Сподели: