Филозофија на слободата

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Изгледајте ја оваа интересна презентација, па ке можеме да дискутираме за слободата и борбата што би требало да ја има против државата која ни ја ограничува истата.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не го покажувај ова видео во држава во која е забрането да се дише. Те молам.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Иииииииииии.....што сега...да ставиме гас маски и мирно на газот да си седиме!?
М, да ми го сфатеше малку пошироко мислењето... немаше да изреагираш вака, но ајде да појасниме.
Во оваа држава...бездомникот не е човек, а тој со вратоврска и актовка е господар. Во последно време сфаќам дека не е само тука така, туку таков е овој свет на разнишани вредности.
Порано, луѓето се сакале себе си, не сакале да бидат робови и затоа го промениле тој робовладетелски свет, а денес луѓето се желни за окови околу врат и синџири со кои ќе ги управуваат некои луѓе во костими кои најчесто не знаат сами по пат да одат, а не некој друг да водат.
Според мене, виновни се медиумите, затоа што го пласираат таквиот начин на живот: кој ќе се осуди да го каже сопството мислење утре читаме дека е во Шутка за притајување на данок, кражба, злосторство извршено во '92 - луѓето се заплашуваат, си го оставаат јазикот зад заби и молчат за да можат „мирно“ да си живеат. Не е решение... ама секој си го избира сопствениот пат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Мене многу ми се допаѓа оваа цртана анимација, и мислам дека е многу убаво објаснето а и дека може да се извади поука. Слободата треба да ја бараме прво кај нас самите,да почнеме сами од себе,од внатре,па кога ке почнат така повеќе луѓе и полека ке се створи слободно друштво.Слободата треба да се освои,но на голема наша трагедија,кога бараш слобода во држава во која има разни култури,јазици и истории,таа слобода ке заврши крваво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Македонија е слободна држава, можеш слободно да си кажеш што сакаш, можеш да отидеш во Чаир или Сарај и да кажеш дека мразиш Албанци, можеш пред влада да отидеш и да ги пцуеш сите внатре што се, никој ништо нема да ти направи само ќе те убијат.
Каква слобода барате, кој да се избори? Кој и да проба ќе го видиме во затвор или на бандера во црнобело издание.
Прво требало еден да почне па по него уште еден и така ќе стигнат до 5 души и толку од слободата, ај ќе си речат заееби слобода страв ми е од слободата. Ее Македонија земја на најглупите луѓе во светот.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Нема каде, насекаде држави виреат, освен Антарктик, ок некои се помало зло од други...
Е ако де и на Антарктикот е супер, ќе си изградиш игло и готово. Никој ни те замара ни ништо. Добро сега ќе нема нет и тв ама ќе се навикне човек.