1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Дискусија во форумот 'Филм' започната од Saladin, 15 јуни 2013.

  1. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Утре го гледам сигурно Облаков. Неделава само лесни филмчиња гледав, поради обврските не можев да си замарам мозокот. :zelen
     
  2. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Новиве комедии нит ги знам толку, нит ги сфаќам. Смешни ми се само од што се дебилни.

    Последно го гледав Скери Муви 5, и искрено, повеќе на Стеф Шеф се имам смеено отколку на филмов. Делуваше ко некој нискобуџетен обид за комедија снимана во нечиј подрум. Жими што се насмеав на сцените со дадилката кога стануваше рандом навечер.
    Стари, добри комедии ми се Airplane и неговата секвенца. Врвна сатира, хумор на ниво за правење стомачни, само што не е за буквалисти.
    Исто би гo препорачала и Throw momma from the train. Ен Ремзи - грампи бабичка која го држи анти-социјалниот син под контрола. Pain in the ass.
    Clue и Murder by death, филмови со иста тематика. Неколку души поканети на вечера и затворени во замокот кај што се поканети, имаат задача да откријаат кој од нив е убиецот. Сплетки и алтернативни завршетоци. Милина.

    Туку мене вчера ме импресионира Se7en.
    Кој е по трилери и мистерии, не смее да го пропушти.
    Го имам гледано многу порано, но поради језивите призори од кои затворав очи, сега гледам дека сум пропуштила клучни елементи.
    Класика со Морган Фримен и Бред Пит, нема утка. Детективи на задача да фатат психопат кој убива според седумте смртни гревови. Фримен глуми стабилен, воздржан детектив пред пензионирање, со големо искуство и трпение, додека Пит е понеискусниот, избувлив и зајадлив лик.
    Кевин Спејси генијално го одигрува студениот психопат кој верува дека спроведува правда косејќи ги ништожниците на општеството. Поседува некој сличен ладнокрвен шарм како Хопкинс во улогата на Ханибал Лектер, а такви негативци ми се фасцинантни.
    Крајот постојано те тера да мислиш дека детективите се крајот на алката, со оглед на тоа што фалат уште само 2 жртви за Џон Доу да го создаде својот т.н. мастерпис, ама штом стигна пакетот, знаев што да очекувам. Малку развлечен, но убаво склопен.
    Интересно е и Гвинет Палтроу да се види во помладо издание, ама искрено, немаше некоја впечатлива улога, ниту глума од нејзина страна.

    Ако знаете вакви слични, пукајте.
     
    На Хоуп*, Slims и True_Blood им се допаѓа ова.
  3. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Silver Linings Playbook е еден од убедливо најдобрите филмови ЕВЕР!
    Јас два пати го гледав во неполн месец (nod)
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.
  4. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Имам пишано збор два во друга тема. 10ка има од мене. Не е чиста комедија, ама ме насмеа повеќе од некои комедии.
     
  5. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    А, поентата не е да биде комичен. Барем јас не го доживеав така. Филмот носи длабока порака и начинот на кој таа порака допира до нас ( кои го гледаме) е толку умешно, допадливо и суштински доловен.
    Стискав палци да земе Оскар за најбољи филм, али коа се појави Мишел да каже збор два, пред прогласувањето се знаеше дека сепак ќе си остане мастерпис без златната статуетка.
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Му ја сфатив и пораката и се. Само ти посочив дека филмот има добра содржина, содржи елементи од сите наведени жанрови на Филмската база, добар хумор. Мала му е 7мицата на ИМДБ и едниот оскар што го зема. :)
     
    На True_Blood му/ѝ се допаѓа ова.
  7. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Јас малку лошо се изразив, сакав да речам дека и покрај тие комични моменти ( кога ќе земеш во предвид во каква психичка состојба се луѓево, не би требало ни комично да е) пораката е сосема нешто друго од замислата да не насмее.
    Не знам дали ќе се сложиш со мене, дека сепак Бредли требаше да го земе Оскарот, зашто човеков се надмина себе си.
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Се согласувам со тебе за Олимпот, типичен амерички филм.
    Ама мене ми го направи ќефот, зашто одамна не бев гледал акција, а и Батлер е главниот бедес. :zelen
    За White House Down мислам дека нема уште ни кино снимка на нет, пред 4 дена го пуштиле во америчките кина, а кај нас во кино доаѓа дури 18 јули.
    И уште да си прашам, кај го гледаше Now you see me? Јас го барав на нет, ама само лоши снимки најдов, а баш се загреав за филмот откако прочитав неколку добри зборови за него. :zelen
     
  9. foREVer

    foREVer Староседелец

    Зачленет на:
    20 март 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,505
    Now you see me во кино го глеав, таму планирам и White House Down. :)

    Иначе, само што го изгледав Silver Linings Playbook. Аман. Не знам ни јас што очекував од филмов. Неколку месеци константно читам колку е страшно многу најпреубав... епа мене не ми се допадна нешто посебно. Едвај чекав да заврши. Толку.
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    И јас уште не можам да се решам да го гледам, од една страна читам прекрасен од друга ништо посебно едвај чекав да заврши..И не знам дали и ќе го изгледам воопшто.
     

Сподели: