1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Дискусија во форумот 'Филм' започната од Saladin, 15 јуни 2013.

  1. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Јаки се Wayne's World и ќе ги поврзам со Jay and Silent Bob Strike Back, така се глупираат слично. Со Крис Фарлеј добар е и Black Sheep, а од Дејвид Спејд Joe Dirt. Не знам зошто сите овие филмови ме тераат да мислам и на Airheads, веројатно поради што се направени во горе-доле ист период.
     
  2. Lillian

    Lillian Истакнат Член

    Зачленет на:
    7 април 2013
    Мислења:
    198
    Допаѓања:
    263
    Не би те разубедувала ама грешиш.Тоа е и убавината во филмот,да не го расипувам моментот на тие што не го гледале.Сакаш да кажеш дека нема родители како Кевин Спејси што сакаат помлади девојки или како жена му хистеријата или како таткото на наркоманот-хомофобикот?Сите тие постојат и се меѓу нас,секој лик беше прекрасно отсликан.
     
    На Хоуп*, True_Blood, Redhead и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Добро, секој има различен вкус. Не можиме сите да мериме исто. :)
     
  4. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    СДК дека последни гледани филмови ми се Source Code и Grown Ups. Првиов има 7,5 и оправдано е супер филмче. Препорака до оние што не го гледале. Додека само 5,8 за Grown Ups на IMDB? Од мене заслужува барем 7ца, ме пресмеа филмот. Сендлер е нормален во филмов, доста смешки има, добра актерска екипа, фина порака. :zelen
    Хоуп* еве ти уште една комедија, доколку не си ја гледала. :zelen
     
    На BlackTulip и Хоуп* им се допаѓа ова.
  5. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Knife ми текна и овој во погоренаведените поради Spade ама викам гарант ќе ти текне сам да го спуштиш. Интересно филмче, проба за враќање на старата гарда комедии.
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Сите филмови од Адам Сандлер ги имам гледано. Сега ја чекам 2ката од Grown Ups.

    Исто и Source Code го гледав сега брзо и јас ти се придружувам во препораката за двата филма. (y)
     
    На BlackTulip и The Tramp им се допаѓа ова.
  7. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Следен го гледам Silver Linings of Playbook. Предложете од листава кои филмови да ги гледам по него. :zelen
    rsz_screenshot_from_2013-06-17_174921.jpg rsz_screenshot_from_2013-06-17_174931.jpg
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lillian

    Lillian Истакнат Член

    Зачленет на:
    7 април 2013
    Мислења:
    198
    Допаѓања:
    263
    Вреди да се ѕирне кој не копнал во темана кај краткометражни Мирче_мкД го има ставено
     
    На Saturnia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. foREVer

    foREVer Староседелец

    Зачленет на:
    20 март 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,505
    Мене ми е Waiting... еден од најдосадните филмови што ги имам гледано. Многу ми беше монотон, цело време како да чекав да се случи нешто за да почне да станува интересно.
    Wanderlust го глеав само заради Џенифер Анистон и многу бев разочарана, филмот ми е ептен безвезен. (Плус Paul Rudd едноставно ми нема фаца за комедии.) The Bounty Hunter на пример ми беше доста поинтересен.
     
  10. warr

    warr Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    187
    Допаѓања:
    215
    [​IMG]
    Кога веќе дискутирате за комедии, последен филм на кој сум се смеел е A Few Best Men.
    Британска комедија, која ме насмеа приказната, т.е. случките, како се одвива дејството на филмов, ама под тоа не мислим на глупирањето на актерите како што ги има во другите филмови.
    Дебела препорака од мене 9/10. Не знаем зошто има толку слаба оценка на имдб...
     
    На foREVer и The Tramp им се допаѓа ова.

Сподели: