1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Филмски клуб

Дискусија во форумот 'Филм' започната од Хоуп*, 7 ноември 2014.

  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    А демек ќе го гледавте филмов :cool::rolleyes:
     
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Јас го гледав до пола, денес ќе го догледам. Порано ќе седнам зошто пред спиење не можам веќе да гледам, почнав да заспивам...
     
  3. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Го изгледав јас и штом сум го изгледал значи добар бил. Дека обично ако филмот не ми е добар во првиот пола саат, не го нк гледам понатака.

    Вакви филмови сакам, со нацисти и војни, и шпиони, евреи и слични работи.
    Актеров ми е познат од некаде и никако не можам да се сетам, не се ни обидов да побарам што е најтрагично. :)

    Имаше моменти во филмов кои беа баш онака добри, како на пример кога се после толку време му се врати таа и тој мислеше е жената што ја сакаше, а тоа уствари сестра и. Се изненадив и јас тука.
    Колку ми беше смешен црнецот со нацистичка униформа. :)
    Исто така ни на крај памет не ми беше дека стариот е руски шпион.

    Жално иначе што не го открија човекот дека бил шпион туку го оставија на Евреите да му судат. Тој секако се обеси ама можеа да го спасат. И штета што сите го памтеа по лошо. :)
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Филмот е работен према роман на Курт Вонегат, книга која ја немам читано а која не би имал ни желба да ја читнам после една ваква екранизација.
    Се работи за драмски писател кој стицајем околности живее во немачка и како таков е особено погоден за врбување како шпион.
    Се ближи ратот, обавештајните служби роварат а Хауард В. Кембел Јуниор е аполитичен и си живее како да не ги перцепира срањата околу него. Но тоа е само на прв поглед...

    Хауард (Ник Нолти во веројатно својата најдобра улога) си има своја емисија на радио Берлин каде што на посебно подмолен и иритантен начин еманира во етерот нацистички пропаганди, антисемитски глупости и општо-нацистичко лудило. И секако, кодирани реченици измеѓу редови кои се од големо значење за сојузниците.
    Во сето тоа море на ужас, мизерија, ноќни бомбардирања и двоен живот - единствен остров е неговата сопруга, просечна немачка глумица за која често пишувал драми. Љубовта е обострана и двајцата остануваат единствена подршка на самите себе, паралелен свет во сиот хаос, Das Reich der zwei како што го нарекуваат, нација од (за) двајца а.к.а. нивниот брак и нивната меѓусебна посветеност.

    И тоа трае се до трагичната смрт на неговата сопруга од советска граната некаде по фронтот каде што е пратена да игра претстави за наци-јунаците.
    Црвената армија се ближи кон Берлин а Хауард иако ја игра двојната улога одлично - не планира да загине како резултат на тоа.
    Поминува и војната и животот на Хауард осамнува во ново светло - во кое нема место за признание за неговото херојство поради очекувањето на студената војна и политичките игри. Најмногу што неговиот `хендлер` може да му понуди е нов идентитет и нешто ситно...Хауард го сема ситното а го задржува идентитетот и оди во Њу Јорк каде што во милионите жители се надева на заборав.

    А таму се појавуваат чудни ликови, рисјанско-фашизоидни занесењаци, црниот фирер на Бронкс :patosи група нео-нацисти кои го препознаваат и почнуваат да го обожаваат како наци-херој. Успева да склопи и пријателство со еден комшија и животот малку по малку добива на рутина...
    Но ѓаолот никогаш не спие а уште помалку КГБ.
    На сцена стапува мртвата сопруга која наводно преживеала па и покрај се`, Хауард сака да верува во еден таков развој на настани иако знае дека се` самозалажува. Испаѓа дека тоа е сестрата на неговата жена која што беше затрескана во сопругот на својата постара сестра уште во ратот.
    Но реалноста е сурова како и обично и на крај преварата е разоткриена - наводната љубов е само советски агент, наводниот пријател исто, иднината е прекината - а најискрени френдови му се неколку нео-нацисти, ликови кои Хауард ги презира.
    Сепак неговата нова љубов која што беше скоро идентична физички на старата - го сакаше, тоа дојде до израз при откривањето на картите кога таа инстант се откажа све само за да има шанса да биде со него, било каде само подалеку од Њу Јорк или Москва, но беше прекасно за да се избегне смртта...

    Гледајќи една своја стара снимка, му текнува дека напоредно со тоа што завршил одлична ствар за сојузниците - бил толку добар во двојната улога - што истовремено мотивирал купишта нацисти и манијаци да прават зулуми. Нема храброст да си пресуди, доаѓа до епската сцена кога се закочи како мумија пред еден музеј бидејќи немаше причина да тргне во било кој правец.
    Ако веќе самиот не може да се убие - тука е Мосад кој лови наци-воени злочинци. Хауард сам се пријавува и го носат во Израел каде што е комшија со ќелијата на Ајхман. Пишува кратка биографија во обид да остави некому сведоштво дека бил само марионета на судбината а не некаков луд нацист.
    Неговиот хендлер пак, и покрај тајноста на операцијата - се одлучува да го спаси и праќа документ на судот кој открива дека Хауард бил двоен агент.
    Но Хауард не сака да биде спасен и кога се појавува шанса за такво нешто и надежите за стрелање стануваат се` помали - конечно му досадува од плот твистовите и се беси, со тоа конечно завршувајќи еден трагичен и мачен живот.

    Филм кој мора да се гледа во контекст, не е нешто за тепање време, уште помалку за да биде земен несериозно.
    Одлична љубовна приказна во филм кој е се само не романтичен.
    Филм за иронијата створена од виорот на околностите посилни од било чија воља, каде што нео-наци-лудаците испаѓаат искрени пријатели, а оние кои треба да бидат пријатели по секоја логика - испаѓаат предавници, каде што огромното херојство и саможртва не значат ништо повеќе од јамка околу вратот :(

    Не знам зошто но кога прв пат го гледав недела дена имав грутка во грлото, изгледа потајно сум сентиментална будала :x
     
    #394 Outrider, 29 ноември 2015
    Последна промена: 29 ноември 2015
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Може јас да предложам филм? :)
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
  7. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
  8. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Заинтересирани за клубов има годинава? Еве еден јас :)
     
  9. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Јас еден предлог имам да ви дадам. Зошто не отворате тема за секој филм, па после спојувајте ги со оваа :) Така ќе се покажуваат темите на десната лента на почетна во „последни теми“ и полесно ќе бидат видливи за членовите кои не ја пратат темата па ќе ви се придружи може уште некој.
     
    На Altaïr и Хоуп* им се допаѓа ова.
  10. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Епа ај нека почне друг, и така мојот филм не може да се најде за симнување. :)
     

Сподели: