Добри актери, интересно сценарио, примамлива сценографија, вакви, такви и онакви ефекти.... и се разбира режисер со доволно умешност сето тоа да го спои во една целина...
Сепак, целината не би била така целосна без филмската костимографија.
Да се даде конкретна визуелизација на ликовите од една приказна, времето во кое приказната се одвива, да се засили впечатокот и дообјасни она што преку глумата на актерите не може, не е едноставна задача, ниту така мал предизвик.
Потребно е точно и прецизно познавање на карактеристиките на одреден временски период ( денес или илјада години наназад).
Потребно е точно и прецизно познавање на карактеристиките на местото каде се одвива приказната (Италија или Египет, Македонија или Јапонија...).
Потребна е огромна креативност и уште поголема умешност, фактите да се подредат на потребите, а Богами и можностите, без притоа да се изгуби автентичноста и квалитетот.
Лично би издвоила неколку филмови, каде костимографијата ме воодушевила:
1.Shakespear in Love - Sandy Powell
2.Bram Stoker's Dracula - Eiko Ishioka
3.Girl with a Pearl Earring - Dien van Straalen
Какви се Вашите размислувања?
Кои филмови би ги издвоиле?
Што мислите за костимографијата во македонските филмови?
Дали можеби некој од Вас студира филмска костимографија?
Дали би сакале?
Кој филм, во однос на костимографијата, има недостатоци или можеби е целосно промашување?