Филмови со мал број актери

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Пошто немаат посебен жанр или категорија, ги нареков вака, па ако има некој подобра идеја нека каже.

Се работи за филмови во кои главната и единствена улога ја имаат мал број актери и најчесто се на исто место. Во ваквите филмови акцентот е даден на помалце ликови одошто во другите филмови, па така се полесни за собирање искуства, размислување и анализирање. Најчесто е во прашање доведена човечката издржливост и способност за преживување (заглавени ликови на пусти острови, лифтови, соби), па затоа е интересно да се набљудуваат потезите на ликовите и нивните расудувања и проценување, па и дискусии во такви безизлезни ситуации...
Ќе напишам неколку вакви филмови, некои и не сум ги гледала, па може да ги погледнете и да раскажете повеќе, покрај вашата листа на филмови (со кратка рецензија се разбира).

Hard Candy (2005) - Имам напишано рецензија некаде низ темите за овој филм. Локален педофил, направил лош избор на жртва. Дејството се случува само меѓу нив двајца, во една соба.

Devil (2010) - Група луѓе заглавени во лифт, преживуваат терор и хорор. Дејството се случува само во лифтот, меѓу нив. Иако е пишан како хорор, не е нешто посебно страшен, може да се погледне. Сличен на него, со иста тематика е и Elevator (2011).

Frozen (2010) - Тројца пријатели се заглавуваат на ски лифт на сред планина. Изборот им е да замрзнат до смрт или да се борат да преживеат. Дејството е на лифтот, меѓу нив тројца. Заприметив дека не е баш омилен филмов кај другите, можеби зошто се случува на исто место и само со тие актери, ама мене ми беше интересен баш поради тоа.

The Sunset Limited (2010) - Двајца пријатели со свои ставови и размислувања околу повеќе теми. Дејство само меѓу нив и нивните дијалози.

Panic Button (2011) - Четворица избраници за наградно патување преку социјална мрежа на која се членови доживуваат вистинска драма во авионот. Приказната е таа, како кај многу филмови, за негативното влијание на интернетот, дејство само во авионот меѓу нив четворица. Ништо посебно...

Misery (1990), Cube (1997), All Is Lost (2013) и Buried (2010) знам се со малце актери (последните два се само со еден).
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Увек сум зборел за тој филм.
The man from Earth

Инаку за ваквите филмови неам нешто као „ми се свиѓаат“ или не. Сум гледал филмови со малку актери као овој погоре или Cube кои што ми биле убави зашто ете имале приказна да ме заинтересира, ама сум гледал и еден ни насловот не му го паметам со двајца во камион низ пустина (и толку е приказната, они се возат, па се скараа и се истепаа) кој што ми бил еден од најзалудно потрошените саат ипол.

Конкретно за овој линкнатиот погоре, филмов е нешто као собир на колеги (професори) кои го испраќаат својот колега кој решил да се пресели и ги викнал заедно да прослават, ама низ муабет почнуваат многу интересна (добро де, мене ми е интересна) тема и ја разработуваат до детал. Интересна приказна, убаво склопена, убаво склопени бои кои одговараат на атмосферата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene and Хоуп*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Amour на Михаел Ханеке (2012)
Европски филм за два лика и описот во една дадена состојба каде едниот го губи памтењето додека другиот поради голема љубов, здравиот разум. Одлична психолошка драма, фрла слика на моментите кога работите кои најмногу ги сакаме почнуваме да ги губиме, како и тоа како реално би изреагирале во одредени дадени моменти.
 

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Од ваквите филмови, сум го гледал само Buried 2010. Филмот ме воодушеви, а причината е идејата како е претставена приказната (односно замислата на режисерот). А можеби и фактот што не го погледнав трејлерот и не очекував ништо од филмот.

Не е баш само еден лик (на останатите им ги слушаме гласовите). Главниот лик во филмов работи во Ирак, како возач на камионче. По еден напад на бунтовниците (нз како да ги наречем, Талибанци, Ирачани...), се разбудува во ковчег 2 метри под земја, само со мобилен телефон. Трка со времето дали ќе преживее и ќе се спаси...

Драматичен и неизвесен филм кој те возбудува и поттикнува да размислуваш како им е на луѓето што работат во регионите каде што има воени конфликти. ГОЛЕМА препорака, 9/10 од мене.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
The others - Колку што се сеќавам на филмов, само Никол и двете деца беа, со тук-таму појава на неколку други ликови.
Верувам речиси и да нема кој не го изгледал. Мајка на две фотосензитивни деца почнува да верува дека куќата ѝ е опседната, некој хорор елемент и пресврт.
Clue и Murder by death - Два филма со иста тематика. Група од 5-6 луѓе добиваат мистериозни покани за вечера во дворец на непознат домаќин, а кога ќе сфатат дека се затворени без можност за излез, им се кажува дека еден од нив е убиец и самите треба да пронајдат кој. Имаат и по неколку алтернативни завршетоци.
Забавни и смешни филмчиња.
La cara oculta - Шпански филм кој воглавно се врти околу главната актерка која во име на љубовта прави глупост, па останува заглавена во соба за евакуација, без можност да биде чуена. Прилично интересно сценарио, иако е само една типка и уште 2 лика кои повремено се појавуваат.
127 hours - Филм со само еден типац, со исклучок на двете девојки што ги беше сретнал накратко. Борба за опстанок базирана на вистинска приказна.
Closer - Четири карактери кои се справуваат со својата збунетост и љубовен живот. Испреплеткани стории и чувства, доста интересна драма.
Тука некаде би го вброила и Stoker - Филм кој се фокусира на три комплексни лика и врската која ја градат меѓусебно. Монотон и морбиден, но силен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мислам и Saw (2004) т.е првиот дел треба да се смести во темава.
Двајца странци изненадно се будат заробени во непознат подрум. За да го спасат својот живот треба да започнат една мала игра... Колку што се сеќавам само двајца до тројца ликови се во овој дел.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Секс, лаги и видеоленти (1989)
Одличен психолошки филм, врла светлина на 4 лика, една жена закопана во своите принципи, нејзиниот маж кој е незадоволен од тоа како таа се поистоветува со дева марија, нејзината сестра - отракано човече кое се убацува во врската ко џокер у покер и најдобриот пријател на маж и` кој има едноставни сфаќања и ќе пробува да ја разубеди жената од нејзините конзервативни сфаќања. Приказната е клише, поентата е влегувањето подлабински во суштината на секој лик посебно, преку взаемните односи.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Buried ми се чини 2010 година.
Се работи за човек кој е закопан жив во ковчег... се обидува да најди начин да излези, има телефон, нож и запалка ми се чини во него. Изгледајте го, психолошки филм.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Најгледани се филмовите со мал број на актери.Најчесто двајца, а некаде повеќе под жанрод Gangbang.

Сум го гледал Frozen, филмот е доста интересен.Уствари мислам оти не зависи бројот на актери колку што зависи приказната и глумата на актерите.
The man from the earth,иако го испофалија секаде, ми беше најзалудно истрошено време.Досаден,доттука бидува.
Обичен човек кој на крај испаѓа дека бил сите познати личности во светот.