Фејсбук смешни статуси и гафови

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Топ 10 статуси што ме вадат од кожа


Просто кажано, 10те најодвратни, досадни, ужасно некреативни, лоши, грди, никакви статуси на facebook. Одиме со ред:

10. <3 | :* | :) | ;) - Ова статус е или што е? Демек сака да каже: Те сакам, те бацувам, се смеам, ти намигнувам. Ова креативно дело се постира од ѕид на ѕид (или тајмлајн по ново), најчесто помеѓу лица од женски пол, или пак од женско на машко (али поретко), кои што не се виделе одамна (скоро 21 час) и со ова праќачот сака да му даде на сознание на примачот дека мисли на него, дека го бацува, гушка и сл.


9. Стави го ова на твојот ѕид - Стави го ова на твојот ѕид ако ја сакаш мајка ти, татко ти, баба ти, дедо ти, братучетката, стрина ти, вујна ти, сватовите, шурата.... Нема крај. Која е поентата? Зарем некој од нив ќе биде среќен што си го ставил тоа чудо на ѕид? Сигурно.
8. Секој лајк донира 1$ - Огромна лага што неверојатно лесно пали кај тотално неедуцираниот наш наивен народ, кој клика на што ќе стигне, а особено кога се работи за хуманитарност сме први, ги имаме искликано сите можни линкови со сите 7 лажни профили, и сме само на чекор до излекувањето на сите болни од сида и рак, и тотален спас на децата од Африка.
7. Копирана изрека - Пр. „Не им го прави на другите, тоа што нејќеш да ти го прават на тебе“, „ Only God can judge me“, „Се што лета, не се јаде“ и милион други посрани изреки кои ги прекопираат веќе 4-5 години а истите постојат толку долго, што кога Аце му ги кажал на татко му Филип он му рекол „сине, стара финта, нова будала!“
6. Стихови од некоја песна - Обично постојат повеќе видови на статуси од овој тип. Ама најбоље се маалските гангстери кои често пастираат стихови од некоја новокомпонирана генгста рап песна која е хит во моментот, или била некогаш, рецимо: "Many man wish on me" или нешто со тепање, дилање дрога, дрогирање, пушење трава, е***е, женски нешто ово - оно, брате стил, тренерка стил, „ми смо та екипа“, “у твоим колима“...​
5. Вечер ќе се направиме дрва / Вчера топ беше - Тука да коментирам?
4. Ќе спијам, Станав, Добро утро, Јадам, Кењам - Искрено, дали мислиш дека на некој му е битно во колку саат секој ден правиш било што?
3. Статус од апликација - Ужас! „Јас сум магарето од Шрек, ти што си?“, „Јас сум Снежана, кликни да видиш кое џуџе има акции во Охис!“. Немора се да се постира бре луѓе, иако вика share таму, немора да го кликнете, или бар избришете го после. Има 20 албуми од тоа што е у некој цртан, некоја игра или незнам што.​
2. Политички кампањи - Не зборам за општи муабети на тема политика, туку на оние кои секој ден, секоја минута ја користат за промовирање на својата партија. Пр. „Бранко ко што кажа, така и исполни! 23ца беа вакцинирани од кравјо лудило во Мирковци! Каде е власта да го подржи овој акт на СДСМ?“, „Реформите продолжуваат! Денеска отворивме 90 хот дог стендови ширум Македонија. Каде е Бранко да купи хот дог и да придонесе за економијата?“
1. Спамирања - Некој го пријавил глушецот за учесто во најубав глушец од Липково. И сега сите пријатели мора да гласаат со лајк на сликата на глушецот, но претходно мора да кликне лајк на страната и да направи share на неговиот ѕид. После тоа да ги покани неговите пријатели и они да гласаат. Додека они гласаат глушецот веќе умрел. Ве осеќам како ме мрзите пошто го убив глушецот. Да умрел газдата ќе беше смешно нели?
 

Troll

Нов член
26 март 2012
4
1
3
- Зошто камиказите носеле шлемови?

- Зошто јасновидците и гатачите прашуваат за нашето име, наместо сами да го погодат?

- Ако намерно правиш да не успееш, а си успеал, тогаш што си направил?

- Ако желката го загуби својот оклоп, останува гола или бездомничка?

- Кој е синонимот за зборот "синоним"?

- Можно ли е во барем во еден момент да мислиме на НИШТО?

- Дали ќе му верувате на човек кој ви кажува дека секој негов збор е лага?

- Каде ќе се јави операторката на брза помош доколку добие срцев удар?

- Зошто авионската "црна кутија" е всушност портокалова?

- Кој ги затвора вратите на автобусот кога последен ќе излезе шоферот?

- Како се викал Капетан Кука пред да ја загуби раката?

- Зошто шишињата со вода имаат амбалажа на која пушува "состојки"?


Заклучок.

Постојат ли глупави прашања?
- не, постојат само глупави луѓе!
 

Goran

Нов член
26 март 2012
1
0
1
38
gorans.cgsociety.org
Дечки за дополнителни забавни статуси посетете ја групава ИНТЕРЕСНИ ФЕЈСБУК СТАТУСИ :):):) :)
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Горан добре дојде на форумов се надевам ке се снајдиш.. инаку само да нагласам едно од правилата на форумот а тоа е дека е забрането рекламирање на други страници , фесјбук групи и слично.. знам дека го постави линкот со најдобра намера но ке мора да биде тргнат поради прекршување на погоре споменатот правило.. можиш да преземиш некој статус од таму и да го објавиш тука, така ке нема проблем.. поздрав и се најдобро и ако има некаков проблем контактирајме ...
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Могу да не повреде ал не и да не повреде :giggle го видов на слика кај едно другарче, го имаше на шала ставено и слика во веце ау како само сум се смеела на сликата.
Сега гледам дека Jackal го ставил ова, ептен ми е смешно.:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jackal

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Могу да не повреде ал не и да не повреде :giggle го видов на слика кај едно другарче, го имаше на шала ставено и слика во веце ау како само сум се смеела на сликата.
Сега гледам дека Jackal го ставил ова, ептен ми е смешно.:D
Светлана душо срце...