Феномен - енергетски вампиризам

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Секојдневно доаѓаме во контакт со разни луѓе,а многумина од нив,најчесто несвесно,делуваат на нашиот живот,па дури и го менуваат.Некои луѓе делуваат позитивно на нас, а некои како овие т.н.луѓе вампири,може многу негативно да дејствуваат,со последици по здравјето.Овој феномен познат како енергетски вампиризам, претставува директно земање на животната енергија од други луѓе,и со тоа се нанесува штета на менталното,емоционалното и физичкото здравје,т.с.настануваат болести.Такви луѓе вампири,цицачи на вашата енергија,може да бидат и вашите родители,пријатели,комшии.Сигурно имате почувствувано досега,после моабет со некои особи,да бидете уморни,исцрпени,безволни.Ако дозволите некој стално да ви ја "краде"животната енергија,ке бидете неуспешни,блокирани,ке ви се редат малери,може да имате вртоглавици,гушење,нервоза идр.Има луѓе кои можат брзо да се регенерираат откако некој ке им ја собере енергетската сила,но многумина неможат,и така се разболуваат.Познавате ли вие вакви луѓе со овој феномен-луѓе вампири?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Сите ние црпиме енергија од се она што не опкружува, па и од лугето околу нас. Децата секогаш црпат од своите мајки и мажите од своите жени, но тоа е нормален и природен проток на енергијата. Уметниците најчесто ја даваат својата енергија преку своите дела бидејки ја имаат премногу и кога ке престанат со давањето најчесто се раболуваат, стануваат склони кон пороци или се самоубиваат.
Оваа тема е многу сериозна иако е многу непозната помеѓу лугето, но како што постои физички, така постои и духовен или енергетски свет.
Крадењето енергија е обид за преживување. Оние луге кои во себе ја изгубиле способноста сами да ја филтрираат енергијата која ја добиваат од природата, немаат друг избор освен да ја крадат истата. Еве како доаѓа до тоа.
Ке ви објаснам со еден мал пример. Кога водата тече таа е свежа, кога ке ја ставите во чаша на пример, таа после неколку дена ке замириса, се згуснува, леплива е и во нејзе те таложат отровни материи. Кога во една просторија воздухот струи, се проветрува... тогаш воздухот е пријатен, лесен и свеж, кога ке ја затворите просторијата воздухот ја губи свежината, замирисува, станува густ... сето тоа е поради (не)движењето.
Така е и со енергијата. Ако енергијата која ја добиваме, струи низ нас и ја даваме понатаму, тогаш таа е позитивна и нашите чакри нормално работат. Ако ние само примаме енергија, а не даваме, не и дозволуваме да се движи... таа застанува во нас и се згуснува. Нејзината густина им оневозможува на нашите чакри да работат и да ја филтрираат истата. Во тој случај ние не можеме да ја користиме таа енергија, па крадеме од другите и доколку не почнеме да даваме, негативната и густа енергија ке ни направи големи психо-физички проблеми.

Сите ние крадеме енергија, но постојат луге кои тоа постојано го прават и на тој начин преживуваат. Интересното е што енергеските вампири многу долго живеат. Тие се како паразити кои опстојуваат од туѓата енергија, но никогаш не се здрави, а уште помалку среќни.
Не за џабе се вели дека колку даваш толку ти се враќа. Со секоја наша позитивна мисла, насмевка, убав збор, добро дело ние даваме некому, но пред се се исцелуваме и себеси. Така негуваме здрав дух, стекнуваме повеке пријатели, имаме повеке успеси во сите сегменти на нашето живеење.

Доколкку сме исцрпени од некоја личност можеме да се регенерираме доколку нашите чакри нормално работат и имаме голема аура, но ако тоа црпење е секојдневно и таа личност сериозно ни го загрозува здравјето, во тој случај треба да ја одбегнуваме или да и простиме, да и возвреќаме со убави мисли и чувства, бидејки позитивната мисла повлекува позитивна енергија.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Многу познат феномен...
Постојат личности кои се ептен дигнати во розовите облаци, позитивизам шикља на све стране од нив.
Ги има и оние кои не им е денот.. А ги има и оние кои не им е денот - секој ден.
Воглавно се работи за увек-незадоволни-од-себе личности, кога ќе седнеш со нив да муабетиш, немаат никакви позитивни аспирации, секогаш бараат дежурен кривец во своите неуспеси, живеат во некој меѓу-свет од (пре)високи очекувања а секое мало сопнување за да постигнат нешто, го доживуваат како апокалипса од библиски размери.
Виновноста никогаш не треба ним да им се припишува... што знаат па тие за подобро, кога и реално немаат ни видено а камоли почувствувано. Едноставно така си живеат они. Повеќе се виновни оние другите кои дозволуваат овие да им го загорчуваат позитивизмот. Знаејќи дека се такви, самите си се лажат дека некогаш работите ќе се променат и се обидуваат нешто да сменат барем малку на подобро. Но реално што може да сменат кај нив е само гардеробата од лето за зима.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Еве еден интересен пример за една девојка која живее заедно со својата мајка.После смртта на таткои,нејзината мајка несвесно и ја одзема животната енергија,така што со нејзината тага по починатиот сопруг она станува "човек вмпир".Постојано ја критикувала како е неспособна,и држела предавања,и наоѓала мани и сл.Девојката почнала секојдневно да има главоболки,и паднал имунитетот,дечкото ја оставил,почнала на работа да греши,едноставно кажано,ништо не и одело од рака.Се чувствувала збунета,депримирана,неспособна за ништо,а врз цела таа нејзина психичка состојба,коментарите од мајкаи не престанувале.После 6 мес.девојката се сретнува со еден астролог кој и прави астролошка карта,и и вели да се исели од дома,да си оди од мајкаи,инаку нервно ке попушти.Девојката се сели под кирија во една соба,и уште првата ноќ почувствувала како да има крилја,како да се ослободила од некои стеги.Се сретнувала со мајкаи,ја посетувала,но животот одвоен од нејзе и донел нова среќа ,нов дечко,немало нервоза,главоболки.Наравоучение-погледнете со какви луѓе се дружите,анализирајте ги,и ако некои ви предизвикуваат проблеми,емоционални или физички,веднаш елиминирајте ги,што може повеќе да ги избегнувате.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Поради ова и многу бракови се распаѓаат. Мажот секогаш црпи од жената, најчесто тоа е нормално, но понекогаш излегува од нормала. Мажот е зависен од својата жена, појавува љубомора кон децата и станува агресивен кон нив (бидејки тие најмногу црпат од енергијата на својата мајка). Појавува љубомора кон пријателите и семејството на сопругата, сака да го контролира секој нејзин однос со нив и да учествува во нивните заеднички средби, а кога доаѓа време за таква средба, тој ја одбегнува за да направи драма и неговата жена наместо да ужива во дружењето, таа чувствува вина што го запоставила мажот...
Тој драматизира за секоја нејзина постапка, и дава премногу обврски, од нејзе бара помош кога тој работи нешто. Има поголема сексуална енергија од порано. Сето ова ја исцрпува жената и таа најчесто се разболува. Децата не можат да растат нормално бидејки нивната мајка нема доволно енергија за нив.
Ако мажот не бил ваков порано, туку за време на бракот се претворил во енергетски вампир, тоа е пред се поради положбата на спиење. Знам дека звучи глупо, но ако жената спие свртена со грб накај него, а тој накај нејзе, тогаш нејзините чакри се директно отворени и во текот на спиењето тој добива многу од нејзината енергија. Станува зависен од истата и на секаков можен начин сака да ја извлече од својата жена. Опседнатоста со нејзе го прави себичен и неговата енергија доживува застој.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Енергетски лук, крст и глогов колец би требало да завршат работа :zelen

Ако се земат наведените карактеристики на евентуален емоционален вампиризам тогаш испаѓа дека државата на Хунзите е легло на вампири...
Сепак има нешто во тоа, знам особи кои веќе не се дел од мојот хабитат кои беа екстремно напорни и тешки, цело време опседнати со некои свои повеќе замислени него реални проблеми, несигурности и комплекси, не ми беше јасно зошто мислат дека поимот пријателство треба да подразбира трпење на секакви срања, решението е лесно, избегнувајте ги таквите и готова ствар.
Има и злобни луѓе, фуструрани луѓе, социопати и психопати на кои им треба туѓо внимание па би можело да се каже дека се `хранат` со нечија енергија.
Психопатите одат и чекор понатаму, но тоа е веќе друга прича...

Нешто слично, често кога ќе видам рандом политичар некаде на ТВ ме фаќа некаква мачнина, непријатност, слично како кога одам по улица и гледам гомно. Знам дека нема никаква опасност од гомното ама нагонски ми е одвратно. Има една теорија дека најголем дел од политичарите се психопати и ако тоа се поврзе со еволуцијата тогаш човекот развил некаков аларм кој го предупредува да не стапува во интеракција со психопатот бидејќи може да настрада а ако настрада ништо од ширењето на днк. Far fetched but kinda makes sense. Исто како и непријатноста од мрак, стаорци, змии, инсекти, г**на... ствари кои во 99% од постоењето на човекот биле закана за неговиот опстанок hence еволуцијата вградила аларм. Секако денес стравот од мрак е троа ирационален ама порано бил сосема реален. Стаорците предизвикувале епидемии, загадувале храна и вода, инсектите биле напаст а гомната контаминирале вода и храна па затоа колера, туфус и умирачка...

Во бракот се претвора раја во енергетски вампири?! Зошто баш во бракот?
 
Зошто баш во бракот? Не реков дека само во бракот се претвораат во такви, но дадов еден пример за тоа што се случува во еден брак кога ке се случи тоа за кое што зборуваме овде на темава.
Енергетските вампири се насекаде. Сите ние можеме да бидеме такви, а и сите ние во одредени ситуации сме биле. за жал некои луге така го поминуваат целиот свој живот.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зошто баш во бракот? Не реков дека само во бракот се претвораат во такви, но дадов еден пример за тоа што се случува во еден брак кога ке се случи тоа за кое што зборуваме овде на темава.
Енергетските вампири се насекаде. Сите ние можеме да бидеме такви, а и сите ние во одредени ситуации сме биле. за жал некои луге така го поминуваат целиот свој живот.

Па зависи, има на пример тотално интровертна раја која никако не може да биде вампир (освен оригинален како Влад Тепеш) кои се пасивни, ненаметливи, гледаат да се склонат од други луѓе...
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
За жал познавам многу цицачи од групава енергетски вампири.
Некои успеав успешно да ги елиминирам од мојов живот, но останав заглавена со два.
Некои луѓе можеш да ги тргнеш и изришеш од својот живот без ронка грижа на совест, но ете некои не можеш.
Дома ти се. Нема бегање.
Главоболки имам секој ебен ден благодарение на споменативе цицачи. Чаре?
По еден до два кетонали дневно, 2-3 бедоксини и огромен труд истите да ги ставам на игнор.
Има периоди кога ептен успешно ги игнорирам и успевам да се оградам и да не дозволам сите тие негативни вибрации да допрат до мене, арно ама, човек сум па не ми оди тоа секогаш од рака и така, некогаш потфрлам и се нервирам до изнемоштеност.
 
Енергетските цицачи не можат да те исцрпат ако не дозволиш да те провоцираат. Во една книга (таа која не сакав да ја споделам на форумот јавно) пишуваше вака - дека секоја лутина, секоја омраза, гнев... е само молба за љубов. Кога некој е лут на тебе и те провоцита, тој не е свесен дека всушнот мисли ``сакај ме, посвети ми внимание, мисли на мене...`` енергетскиот цицач најчесто прави драма за да те испровоцира и кога ти се нервираш енергијата што ја испушташ оди кај нив. Кога повторно тоа ке се случи само помисли си дека тоа е само едно кутро несвесно суштество кое не е свесно за тоа што го прави, дека сака само да биде центар на твоето внимание и му е битно да го сакаш. Кога тие луѓе ке почнеш да ги гледаш на таков начин, а потребен е труд за да го постигнеш тоа, тогаш нема да ти ја одземаат енергијата, бидејки ти тогаш нема да ги мразиш, да се нервираш поради нив, да имаш гнев и лутина кон нив. Ке бидеш рамнодушна и мможеби малку ке ги сожалуваш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4 and MoonFairy