Фенг шуи

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг шуи: бамбус во домот


bambus_feng_shui1.jpg
Бамбусот е идеално растение за подобрување на фенг шуи во вашиот дом. Ова растение ја симболизира мудроста на прилагодувањето и според фен шуи е одличен заштитник во тешки времиња. За кинезите, тој е симбол nа сила, издржливост и отпорност. Бамбусот, исто така, е добар избор и за оние на кои не им успева најдобро одгледувањето на растенијата бидејќи брзо растат, а не бараат премногу грижа.


Лесно се одгледува

Растенијата во домот имаат посебна улога во компензирањето, најмногу на негативната енергија, и секогаш треба да бидат добро негувани и здрави, бидејќи овенатите растенија ќе имаат спротивен ефект.

Бамбусот дава многу, без многу нега и внимание. Една од причините поради кој е популарен е лесното одржување. Не бара голема количина на светлина, и не треба директно да биде изложен на сончеви зраци. За негово одржување е доволен сад со вода, а може да се одгледуваат и во земја.

bambus_feng_shui2.jpg
Според фенг шуи, постојат собни растенија кои во животниот простор внесуваат повеќе придобивки отколку некои други. Една од овие е и бамбусот. Тој донесува просперитет и среќа на оние кои го чуваат во својот дом. Исто така, исклучително корисно е да се смести во работна соба, канцеларија или во близина на место каде што се чуваат пари.


Симбол на долговечност и добро здравје
Бамбусот е симбол на долговечност и добро здравје. Носи позитивно Чи во домот, а се верува дека дејството на бамбусот е попозитивно кога е присутен во форма на поголем број стебла. Најдобро место за чување на бaмбусот е правецот на истокот или југоистокот.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг шуи: избор на врата


feng_shui_vrata1.jpg
Според принципите на фенг шуи, вратaта се смета за “уста на чи” поради фактот дека енергијата влегува во домот преку влезната врата, како и преку останатите врати.

Сите поважни врати во куќата треба да бидат направени од цврст материјал. Во нив спаѓа главната влезна врата, како и вратата која што води во спалната соба. На тој начин животниот простор е поповолно дефиниран. Лизгачките врати и вратите направени од стакло може да се употребуваат како помошни врати.


Според фенг шуи, цврстата врата наговестува правилна заштита за домот и го задржуваат лошото чи. Кога главната врата е слаба, тоа значи дека и вашиот дом не е осигурен од влезот на лошото чи.

Втората фенг шуи напомена вели дека најдобро е кога главната влезна врата е најголемата врата во домот.

Трета напомена во врска со вратите која би требало да се земе во предвид е евентуалното постоење на помошни влезни врати. Тие се добри за фенг шуи, па затоа е добро да постојат. Имајте го во предвид и следното:


feng_shui_vrata2.jpg
• Ако вашата главна врата е лоцирана на север, тогаш помошната врата треба да биде на запад или на северозапад.

• Ако главната врата е лоцирана во јужниот дел од домот, тогаш помошната врата која е на исток или на југоисток би била благотворна за домот.

• Ако вашата главна врата е лоцирана во југозападниот дел или во североисточниот дел на домот, тогаш помошната врата во јужниот сектор би била добра за домот.

• Ако главната врата на вашиот дом е лоцирана на запад или северозапад, тогаш помошната врата на југозапад или на североисток ќе биде поволна за домот.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг шуи: Kупување на нов стан


zgrada.jpg
На што треба да се внимава при купување на нов стан според фенг шуи?
Анализирајте ги долу наведените точки за да купите стан кој ќе биде по ваша и фенг шуи мерка.


1. Локација на зградата и енергија
Енергијата на зградата влијае на енергијата на становите во него. Чист, добро осветлен влез, пријателско опкружување секогаш е паметен избор.


2. Кат и локација
Доколку е можно, подобро изберете стан на повисок кат отколку на понизок. Причината е очигледна: колку сте повисоко, помалку станови има над вас, што значи полесна енергија за вашиот стан. Исто така, има повеќе природно осветлување, како и подобар поглед/подобро Чи кое влегува во вашиот стан. Според фенг шуи, најдобро е да се избегнува станот чија влезна врата е директно насочена кон лифтот или скалите. Изберете стан кој малку ќе биде оддалечен од забрзана енергија која доаѓа од лифтот и скалите.


3. Распоред на просториите и протокот на Чи
Многу е важно да го проверите текот на Чи, односно на енергијата, пред да купите стан. Подоцна може да биде прескапо или дури и невозможно да ги направите неопходните промени за подобар фенг шуи. Дали се соочувате со ѕид при влегувањето во станот? Дали веднаш влегувате во кујна? Водете сметка дали Чи има лесен проток во станот или пак дали може тоа да го постигнете со неколку едноставни декоративни детали или положби на мебелот. На пример, проблемот со ѕидот кој е во линија со вратата може релативно лесно да се реши, но положбата на кујната и бањата да се промени е невозможно.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг шуи: распоред на мебелот



Распоредете го правилно мебелот за да овозможите движење на Чи (животна енергија) низ вашиот дом.



Движењето на Чи низ домот ќе зависи од начинот на кој е распореден мебелот и останатите предмети. Соодветниот начин на аранжирање и избор на местата на коишто се поставени предметите служи за водење и управување со Чи околу и во просториите во домот.

Чи треба да се движи бавно во домот; не треба ниту да се забрзува ниту да се запира во било кое место. За таа цел, мебелот и другите предмети треба да бидат поставени на начин што ќе овозможи удобност, складност и баланс во просторот. Идеално ситуација е кога Чи може да циркулира во централниот дел на домот, односно во централниот дел на секоја просторија. Ако го пренатрупате овој простор, ќе го задушите Чи во вашиот дом. Затоа, најдобро е кога средишниот дел на просторијата е празен. Исклучок треба да се направи во трпезаријата, каде што масата за обедување треба да биде поставена на средина.

Мебелот треба да биде поставен паралелно со ѕидовите, што ќе создаде чувство на сложување и едноставност. Ако просторијата е доволно голема, во нејзините агли може парчиња мебел да се постават дијагонално, со што ќе се создаде чувство на опкруженост и совршенство.

Непожелните препреки за Чи во домот се случуваат поради несоодветно распоредување на мебелот, поставување на преголем број на парчиња мебел во просторијата, или пак поради користење на мебелот кој е преголем во однос на просторот.

Избегнувајте било какво блокирање на ходникот, вратите или прозорците. Исто така, немојте да блокирате или изолирате одредена просторија од останатиот дел на домот. Просторијата која е изолирана создава стагнација на Чи.

Ѕидовите на просториите претставуваат заштитни бариери. Затоа, креветите, фотелјите, столиците со своите задни делови треба да бидат насочени кон ѕидот, а не кон вратата или прозорецот во просторијата. Во спротивно, според фенг шуи, се создава чувство на несигурност.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг шуи: елементот огин


1.jpg
Од сите пет елементи во фенг шуи, огинот има најистакнати јанг карактеристики. Затоа, со него треба да бидеме внимателни и во просторот не треба да го има премногу, за да не се добие премногу јанг уредување. Фенг шуи учењето вели дека на огинот треба да му пристапува со голема почит, да се користи умерено и на соодветен начин.



Доколку имате впечаток дека тапкате во место, немате цели или често ги менувате, безволни сте и апатични, според фенг шуи, треба да ја искористите моќта на елементот огин.


Елементот огин се карактеризира со голема сила, па така тој придонесува за добра среќа, поволни прилики, успех, признание и движење напред.


2.jpg
Како да се внесе во просторот? На овој елемент припаѓаат црвената, розовата и портокаловата боја, од облиците пожелен е триаголникот, ѕвездата, пирамидата. Материјалите кои го претставуваат елементот огин се вештачките материјали. Исто така, може да се внесе и со свеќите, арома ламбите, осветлувањето, каминот, сонцето и сончогледите.



3.jpg
Подрачјето во кое владее е југот – затоа погледајте како е уредено целиот јужен дел на вашиот простор, како и во секоја просторија посебно. Доколку југот е затрупан со неред, во него се создава устоена енергија која оневозможува да се постават целите во животот. Затоа, треба да се исчисти, треба да се отстранат сите оштетени и неисправни предмети и да се стават неколку активатори кои ќе го засилат дејството не елементот огин.



Такви се, на пример, огледало во облик на сонце, прекривка за маса или завеса во боја на огин, неколку свеќи или арома ламби, како и убава ламба, кои редовно ќе ги употребувате. Бидејќи огинот се храни со дрво, пожелно е на јужната страна да се постават растенија, особено оние со висок раст.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг шуи: финансии


1.jpg
Финансиите се поврзани со југоисточниот дел од просторот. Затоа добро е да се разгледа овој сегмент од просторот на домот, односно деловниот простор. Ова важи за секоја поединечна просторија. Лошо е доколку во ова подрачје има неисправни, расипани и оштетени предмети, напукнато стакло, поткршени вазни, искршени штекери или предмети кои со години не ги употребуваме. Сите тие допринесуваат за создавање на устоена енергија кој доведува до стагнација и проблеми во циркулирањето на енергијата на парите во нашиот живот.

Доколку имате балкон односно лоѓија на југоисточниот дел, искористете ја за активација на благосостојбата така што во неа ќе ставите многу зеленило, како едногодишни така и трајни растенија, како и мебел од дрво. Најлошо што може да направите е на ваков балкон да држите ѓубре, предмети кои не ги употребувате, односно тој да биде претворен во неуреден склад.

Елементот вода има голема улога во активација на финансиите и благосостојбата. Водата е исклучително битна во фенг шуи, па така се дава големо внимание на изборот на активатори кои ќе го претставуваат елементот вода.

2.jpg
Во прв ред кога ќе се каже вода, се мисли на вода во движење – собните фонтани или каскади, како и аквариумите. Овие активатори со својата големина треба да соодветствуваат на големината на просторијата бидејќи со преголем аквариум или фонтана ќе се постигне спротивниот ефект.

Водата која стои во садовите го претставува јин сегментот и не допринесува на активирање на благосостојбата.

Елементот вода исто така може да се претстави и со ликовен приказ. Може да одберете слики, фотографии, постери и сл. на кои е прикажана река, море, поток или езеро. Внимавајте притоа на сликата да не е прикажано бура (која може да доведе до бура во вашите финансии), но исто така не треба да има ни премногу мирна состојба. Значи, умерено големи бранови кои не делуваат застрашувачки се добар избор.

Елементот вода во просторот може да се внесе и со помош на слики или фигури на делфини, риби, морски коњчиња, и сл., како и со макети и слики на бродови.

3.jpg
Исто така, и школките може да бидат добар активатор, особено доколку ги ставите во стаклен сад и во него додадете неколку монети.

Во фенг шуи се препорачува активаторите на благосостојба да се постават во југоисточниот дел од просториите на домот. Не е добро ниту да се претерува со бројот на активатори, односно доволно е да се постават 2-3 активатори и едно растение.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг шуи: бои и комбинaции


Боите се едно од најважните помагала во подобрувањето на фенг шуи, со чија помош може да се промени енергијата во одредени делови од домот, а целта на фенг шуи е создавање на здрави и складни животни средини, зголемување на хармонијата, здравјето, благосостојбата и зачувување на семејството.


1.jpg
Црвената на јужна страна носи енергија – Има повеќе поволни и помалку поволни нијанси на црвена боја, па така ако сте нејзин љубител обрнете внимание на следното: многу поволна црвена е цинобер црвена, како и “новогодишна” црвена за кои се верува дека се бои за поволни почетоци. Потемната црвена го “натопува” домот со сила на влијанието и авторитетот. При употреба на циноберот и темната црвена боја подобро е да се употребува помалку отколку повеќе. На пример, нека ја има во детали во јужниот дел од домот, а ако го бојадисувате ѕидот нека тоа биде еден дел од него. Доколку сакате, може да употребите и други поволни нијанси како што се корално црвена, кармин црвена ...



2.jpg
Црвена и златна – Среќа во вид на признание се создава со употреба на црвена боја, а златната боја создава среќа поврзана со богатство. Бојата на златото е поволна бидејќи ги симболизира парите, а во комбинација со црвената симболизира големо богатство и просперитет. Овие две бои се поврзани и со висока положба во општеството. Нивна употреба не е добра единствено во спалната соба.



3.jpg
Бериќетна пурпурна – иако нема кралски призвук, таа се смета за боја на најголем просперитет. Добра опција е северниот и јужниот ѕид во оваа боја, но само доколку ви се допаѓа да живеете со неа.



4.jpg
Пурпурна и сребрена боја – во домот пурпурната и сребрената боја може да имаат прилично “hi-tech” изглед, а погодна е за домови со претежно западна ориентација.



5.jpg
Зелена и сина за раст и развој – Сината со зелената е хармонична и урамнотежена и е одлична како комбинација во соби наменети за деца во развој. Посебно е поволна во источните делови од домот. Кога ги применувате овие бои во комбинација, трудете се зелената да доминира над сината. Во игра е и комбинација на зелена со црна.



6.jpg
Зелената и црвената создаваат хармонија и успех – Овие прекрасни, вечно популарни бои не само што прават хармонична комбинација, туку носат среќа и безгрижност. Воведување на зелената и црвената во јужниот сектор на домот може да донесе почест и почитување.



7.jpg
Белата и жолтата боја се бои на светлината – Жолтата ја шири топлината и добрата волја. Светлите тонови на жолтата до беж во комбинација со белата секогаш се добро решение.



8.jpg
Црвената и жолтата се чудесна комбинација – Кога правилно ќе се комбинираат, одлични се во комбинација, а за оние, кои не можат да ја поднесат нивната тежина, може да создадат лош ефект. Затоа, полека почнете со комбинирање кај помали предмети и видете каков ефект ќе донесат. Оваа комбинација употребете ја на југозапад и североисток.



9.jpg
Црна и бела за хармонија – Белата боја може да ја користите сосема слободно, без страв дека ќе претерате. Доколку сакате да одите на сигурно, сите ѕидови и тавани обојте ги во бело, а потоа употребете други бои за добар фенг шуи. Црната се употребува за да се зголеми среќата поврзана со богатството. Таваните би требало да се бели бидејќи таа симболизира јасност и цврстина. Таа е и духовна боја, не притиска, носи во себе скриена живост и позитивна духовна енергија.



10.jpg
Црна и зелена за раст и изобилство – Ако употребувате значително количество на двете бои, според фенг шуи, тоа им носи благосостојба на децата. Зелената нека биде млада, свежа, а црната нека биде јасна, а никако бледа, разредена или матна.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг шуи: кристали во домот


Во фенг шуи се проучуваат 5 елементи - огин, земја, метал, вода и дрво. Во правилно уреден дом, според фенг шуи, има постигнато хармонија помеѓу елементите. Со други зборови, потребно е сите елементи да бидат застапени (ниту еден да не изостанува), но и ниту еден да не доминира. Секој елемент се поврзува со одредено животно подрачје.



Елементот земја е елемент на односите, а кристалите припаѓаат токму на овој елемент. Затоа кристалите честопати се користат за подобрување на односите – тука спаѓаат семејните, љубовните, пријателските, деловните, вклучувајќи го и односот со самите себе.



Најпожелни подрачја за поставување на кристалите се северозападните, средишните и југозападните делови на домот.


gorski_kristal.jpg
Горскиот кристал е најчесто користен кристал во фенг шуи. Поседува балансирано поле, па се употребува за постигнување на хармонија. Одличен е за намалување на штетните ефекти од зрачењата на електронските апарати, како и за прочистување на физичкиот, менталниот и духовниот аспект на телото.



rozov_kvarc.jpg
Розoвиот кварц во фенг шуи се нарекува кристал на љубовта. Тој ги лечи емоционалните рани, ја поттикнува моќта на самоисцелување, љубовта кон себе и кон другите.



ametist.jpg
Аметистот е исклучително спиритуален кристал и има исклучителна моќ на прочистување. Особено поволен за медитации бидејќи го поттикнува мирот, рамнотежа, мудроста и проширената свесност. Исто така е добар за чистење на аурата.



hematit.jpg
Хематитот дава одлична заштита на домот доколку го сместиме до главниот влез. Тој е кристал на стабилизација и на менталните способности, влијае на подобрување на меморијата, логичното размислување, како и за рушење на менталните бариери кои сами сме си ги поставиле. Го зголемува оптимизмот, силата на волјата и храброста.



citrin.jpg
Цитринот ја зголемува креативност, интуицијата, и помага во совладување на стравовите. Пружа утеха и исполнува со оптимизам. Особено е поволен за луѓе кои се многу чувствителни на надворешни влијанија и енергии. Овој кристал го привлекува изобилието.



pirit.jpg
Пиритот пружа одлична заштита од негативни енергии. Ја засилува силата на волјата, емоционално го засилува телото и го поттикнува оптимизмот. Поволен е за работни простории бидејќи помага во јакнењето на способноста за работа и соработување со другите во хармонични односи.



lazurit.jpg
Лапислацули (лазурит, лапис) ослободува од напнатост и стегнатост. Особено е поволен за јакнење на комуникациските и менталните способности, ја зголемува виталноста и креативноста.



tirkiz.jpg
Тиркизот е кристал кој ја поттикнува храброста и одважноста. Се користи за привлекување на добра среќа, добро расположение и нови пријатели. Ја поттикнува искреноста, добронамерноста и комуникациските вештини.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Привлечете богатство во својот дом (фенг шуи)


Древното кинеско учење фенг шуи има за цел привлекување на позитивната енергија, а тоа се однесува и на привлекување на благосостојбата, богатството и личниот напредок. Неговиот концептот вклучува радост, мир и хармонија која ќе го привлече богатството кое ви е потребно во животот. Југоисток е правецот во фенг шуи кој се однесува на благосостојбата, а владеjaчки елемент е дрвото.



Исчистете го нередот

Според фенг шуи, доколку почуствувате дека не ви оди најдобро на финансиски план, можеби треба да направите само мала промена на предметите во домот, за да привлечете богатство.




Уреден дом - предуслов за благосостојба

Еден од начините да се постигне оваа е да се расчисти физичкиот неред во вашата околина, што ќе доведе до помал ментален неред во вашиот живот. Ако влезете во соба која е чиста и уредна, ќе забележите дека вашиот ум ќе биде поопуштен и посмирен, што е предуслов за проектирање на позитивна енергија. Оваа позитiвна енергија ќе привлече уште повеќе позитивна енергија, што е една од главните цели на фен шуи.



Значи, една од првите работи која треба да се направи е да се исчисти просторот во домот. Фрлете ги сите расипани и неупотребливи предмети, оние кои не сте ги употребувале со години, за кои се поставува прашањето дали некогаш повторно ќе ги користите. Југоисточниот агол на куќата или станот треба да биде исклучително чист и уреден. Совет е тоа место да биде осветлено преку целиот ден.





Поставете фонтана или аквариум


Вие и вашата околина треба да бидете канали низ кои ќе се создава позитивна енергија. Според фенг шуи, постојат многубројни техники кои може да ви помогнат да создадете позитивна енергија. Една од нив е водата која тече. Таа го зголемува ефектот на дрвото. Водената фонтана претставува едноставен начин за креирање на позитивна енергија, а истовремено и помага во создавање на опуштена атмосфера.




Фонтаната го привлекува богатството

Наместо фонтаната, во југоисточниот дел може да се постави и аквариум кој треба редовно да се одржува. Треба да се изберат поенергични риби со живи бои, кои би ја стимулирале позитивната енергија (на пример, златни рипки). Би било добро бројот на рибите да биде девет, кој според фенг шуи е среќен број. Не е добро да се има истовремено и фонтана и аквариум бидејќи ефектот би бил пресилен.



Бидејќи водата е поврзана со богатството, истекувањето на водата симболизира расипување на богатството. Славините кои прокапуваат, според фенг шуи, претставуваат бегање на богатството од нас, додека затнатите доводи симболизираат забавен проток на парите. Затоа е битно редовно да се одржуваат славините и водоводните цевки во домот.



Симболи на богатството

Постојат многу симболи во фенг шуи кои привлекуваат богатство. Употребувајте ги оние кои најмногу ви се допаѓаат или пак најмногу ве асоцираат на богатство и благосостојба.





feng_shuii_i_blagosostojba3.jpg
Кинески парички

Кинеските парички поврзани со црвена врвка се смета дека се среќни кога станува збор за внесување на богатство во домот. Овие парички може да ги ставите на место каде што ќе бидат во постојан контакт со вашите пари.



Фигура на Буда кој седи на куп од пари


Тронога жаба и желка, фигурана Буда кој седи на куп од пари, како и макета на трговски брод натоварен со богатство исто така симболизираат и привлекуваат богатство. Пар од кинески Фу песови, мажјак и женка, кои се поставени пред влезот во деловниот простор, според фенг шуи, помагаат да се донесат финансии во тој простор.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Совети за новогодишно уредување (фенг шуи)


Земајќи предвид дека фенг шуи има за цел креирање на смирен и хармоничен простор, следат неколку фенг шуи совети за намалување на стресот и уживање во новодишните празници!


Пред сè, треба да се знае дека простор кој е закрчен со многубројни украси и мебел за многумина делува клаустрофобично, што предизвикува нервоза. Затоа, пред внесувањето на новогодишната елка и останатите декорации, отстранете ги помалите парчиња мебел и максимално растеретете го просторот, со што ќе ја намалите напнатоста. Дрвото, се разбира, со својата големина треба да одговара на големината на просторот.


Зимзеленото дрво симболизира долговечност и пријателство. Според фенг шуи не е сеедно во кој дел од домот, односно дневната соба ќе се постави елката. Поволни места за ова се исток, југоисток и југ.


Во случај елката да е поставена на север, украсете ја со стаклени декорации со сина, бела, сребрена и златна боја.



Кога дрвото е поставено на западната или на северозападната страна на домот, поволни декорации се оние во жолти и црвени тонови, додека белата и сребрената боја не се препорачуваат.



За поквалитетна поврзаност на семејството, пожелно е секој член на семејството да постави барем еден украс на елката бидејќи со овој чин тој внесува и сопствена енергија.

novogodishen_feng_shui2.jpg

Иако црвената и златната боја се меѓу најзастапените бои кај новогодишното украсување, треба да се обрне внимание на нивната застапеност. Заедно со останатите сјајни предмети, свеќи и благи крем-нијанси, преголемото присуство на овие бои може да допринесе до претерана јанг енергија, која исто така создава раздразливост.



Фенг шуи советува и употреба на ароматични масла, со кои освен освежување на воздухот се постигнува и балансирање на енергијата во просторот.


Доколку имате во домот камин, поставување на свеќи покрај каминот овозможува зајакнување на енергетските центри.
 
Последна промена од модератор: