1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Фенг шуи

Дискусија во форумот 'Дом' започната од JaMi, 4 март 2012.

  1. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Подобро е прво да се објасни методот LO-SHU бидејќи е поедноставен.
    Значи, имаме осум надворешни сегменти и едно внатрешно енергетско поле TAI CHI.
    Мрежата едноставно треба да се нацрта преку планот на вашиот стан, потоа поделете го планот на станот на девет еднакви енергетски полиња, кои ги симболизираат различните аспекти на вашиот живот. Секоја зона претставува едно поле: кариера, знаење (мудрост), фамилија (претци), богатство (благосостојба), углед (иднината), партнерство (односи, брак), деца (креативност), пријатели (помош) и животна енергија (здравје).
    Значи, Ви треба планот на Вашиот стан и на него треба точно да се обележат (со фломастер) влезот во станот, дневниот престој, спалната соба, детската соба, кујната и така натаму...., а потоа преку планот се исцртува мрежата (магичниот квадрат), односно се дели планот на девет еднакви енергетски полиња, така што основните линии со полињата „Знаење (8) – Кариера (1) – Пријатели (6)“ треба да лежи на ѕидот од влезната врата. (Мрежата се прилагодува према планот, така што може да се растегнува во секаков правоаголен облик).
    [​IMG]
    ЗНАЧЕЊЕ НА ПОЛИЊАТА:

    1. Кариера KAN
    2. Односи (партнерство,брак) KUN
    3. Фамилија (предци) CHEN
    4. Богатство (благосостојба) SUN
    5. Здравје (животна енергија) TAI CHI (центар)
    6. Помош (пријатели) CHIEN
    7. Деца (креативност) TUI
    8. Мудрост (знаење) KEN
    9. Углед (иднина) LI

    Вселување во нов дом
    Кинезите при вселувањето во нов дом прво го одбираат поволниот датум и час на вселување. Во главно, како поволни се сметаат сите денови кога има млада или полна месечина, а најдобро е вселувањето да биде помеѓу 9 и 11 часот наутро.
    При влегување во новиот дом како прво треба да се отворат сите прозори за да влезе чист воздух, односно потребно е да проструи воздухот во просторот околу три часа.Истовремено треба да се пуштат сите чешми во куќата или станот и да се остави водата да тече, а потребно е да се вклучат и сите светилки.Така ќе се исчисти просторот од застојаната енергија и ќе навлезе свежа позитивна енергија. Покрај тоа потребно е да се вклучи и радио или може и сами да направите некој вид на бука, со пеење или плескање со рацете. Пожелно е и пред вселувањето во куќата или станот просториите да ги варосате или бојадисате и да ги променат тапетите, доколку ги има во просториите.
    Потоа, сварете си чај и земете парче чоколада или кекс. Конечно, можете да го внесете својот кревет и да внесете едно парче мебел (пример шкаф), а останатиот мебел може да го донесете и другиот ден или веднаш, како ви е подобро, но важно е да после вселувањето се преспие ноќта во новиот дом.
     
  2. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Фенг шуи: овошје во домот


    Овошјето е симбол на добра среќа и носител на енергијата на уживање. Фенг шуи препорачува да се постави свежо во домот, но може да биде и прикажано на слики или во вид на фигури.

    Различно овошје има различно значење и влијание. Најпопуларна употреба во фенг шуи имаа праската, јаболката, калинката, грозјето, ананасот и портокалот.

    Јаболкото е симбол на мир, здравје, долговечност и внесува хармонија во домот. Црвените јаболка се сметаат за најдобри, но и зелените и жолтите се поволни.


    Калинката поради своите црвени плодови е симбол на плодноста и семејната среќа. Според фенг шуи, се препорачува тукушто венчаните брачни парови да закачат слика со приказ на калинка за да ја привлечат среќата и благословот за многу здрави и добри деца.

    Грозјето го симболизира материјалното богатство и изобилие, било да станува збор на веќе стекнато или за она што допрва треба да се оствари.

    Ананасот е исклучително популарен симбол на богатство и просперитет. Популарноста на портокалот во фенг шуи му се припишува на освежителниот мирис и на јанг карактеристиката на бојата.
     
  3. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Фенг шуи: коњот - симбол кој штити



    [​IMG]Фигура или слика на коњ кој што стои веднаш до главната влезна врата може да обезбеди заштита од негативни влијанија, создавајќи убава јанг енергија.

    Притоа, треба да се избере соодветен
    приказ - на пример, неповолно е кога коњот е дигнат на задните нозе бидејќи укажува на тенденција за доминирање со просторот.

    Постојат неколку негативни елементи и појави кои може да гледаат на вашата влезна врата, однадвор или однатре, а кои може да допринесат за нерамнотежа и ширење на негативна енергија во вашиот дом. Тоа се: разни предмети кои имаат облик сличен на задгробни споменици, кои може да донесат болест, предмети во форма на оган кои поттикнуваат раздор, мртво дрво од другата страна на улицата од домот. Исто така, неповолни се и разни вертикални столбови, како и шилести предмети кои се насочени кон домот, како на пример клацкалки кои наликуваат на стрели кои создаваат остар Чи кој го повредува домот.

    [​IMG]За да се спротивставите на овие непогодности, доволно е да земете пример од боречките вештини – цврстиот став на нозете спречува да се сопнеме. Статуата на коњот идеално ја прикажува оваа положба.

    Затоа поставете фигура или слика на силен коњ во близина на својата главна влезна врата. Според фенг шуи, коњот како цврст темел и симбол на среќата, ќе донесе чест и признание на семејството.
     
  4. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Фенг шуи: претсобје


    [​IMG]


    Претсобјето е просторија во која прва стапнуваме при влегувањето во домот. Кинезите го нарекуваат уста на домот. Неговото поволно уредување обезбедува енергија за станарите и добредојде на гостите. Доколку пак претсобјето е неповолно уредено, може неповолно да влијае на енергијата кој влегува, а со тоа и на фенг шуи на домот.

    Прво што треба да се знае дека претсобјето, со правилен избор на мебел треба да биде што е можно попространо, и исто така и добро осветлено. Во зависност од големината треба да се одбере колку и каков мебел ќе се постави. Доколку имате доволно простор на располагање, може да се постави масичка на која ќе бидат изложени фенг шуи симболи и помагала. Доколку немате доволно простор, орманче за чевли и закачалка ќе биде доволно.

    Претсобјето треба секогаш да биде чисто и уредно. Било кое катче кое собира прашина, чевли кои се оставени на подот или зимски јакни кои седат на закачалка преку цела година, неповолно ќе влијаат на фенг шуи. Сите овие работи создаваат застоена енергија, која ја валка свежата која влегува во домот, што според фенг шуи што може да донесе болест, несреќа или загуба.

    [​IMG]


    Осветлувањето е од големо значење за зголемување на енергијата во домот. Најдобро е да има два лустери или ламби - еден пред влезната врата и еден во самото претсобје. Надворешниот треба да свети во вечерните часови, за да укажува на почетокот на вашиот животен простор и да создава Јанг енергија. Обата или барем надворешниот пожелно е да имаат некој кристален дел на себе. Светлината треба да биде умерена и млечна, но и доволно силна за да има Јанг дејство.

    [​IMG]
     
  5. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Фенг шуи: ходник


    [​IMG]Ходниците имаат силно влијание на протокот на енергија низ домот. Долгите ходници треба да имаат повеќе украсни предмети, за да се спречи праволиниското движење на Чи енергијата, со цел таа да се забави и да се акумулира. Ова е особено важно кога на крајот на ходникот е врата која води во друга просторија.

    Пожелно е во долгите ходници да се стави нешто што визуелно ќе ја пресече нивната должина, а истовремено и ќе изгледа убаво. За оваа намена може да се употреби саксија со цвеќе, слики или ниска комода.

    Важен фактор за поволен фенг шуи во ходникот е и осветлувањето. Најголем проблем кај долгите и тесни ходници е лошото осветлувањето кое ја заробува јин енергијата или доведува до устојување на Чи.

    При планирате осветлувањето на ходникот, треба да се има во предвид дека не треба да има темни агли во кои енергијата би стагнирала и би станала безживотна. Тоа предизвикува лош фенг шуи кој може да се манифестира во безволност, замор и болест.

    Секогаш кога е можно, во ходникот треба да се пушти природна светлина. Затоа прозорците во близина на ходникот не треба да се затвораат со ролетни или завеси. Таму каде што вештачкото осветлување го заменува природното, светлината треба да биде блага и индиректна.
     
  6. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Фенг шуи: двојна риба


    [​IMG]Во фенг шуи рибата има чудесен симболизам, претставувајќи го изобилието, богатството, складноста и брачната среќа.

    Доколку симболот е риби во пар, тој не означува само удвоена среќа, туку и задоволство од заедничкиот живот на сопружниците.

    Симболот на двојна риба е еден од осумте среќни будистички предмети. Toj во будизмот се употребува како амајлија, па затоа во многу земји на Истокот го носат како превезок.

    Поради сето ова, според фенг шуи двојната риба се смета за исклучително добар симбол, кој треба да го најде своето место во домот на младите брачни парови.
     
  7. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Фенг шуи: отстранете ги блокадите на ѕидовите


    Според фенг шуи, правилно поставените ѕидови може да го поттикнат протокот на енергија и позитивна атмосфера во домот. Неправилно поставените ѕидови може да го направат спротивното – да го блокираат или целосно да го запрат токот на енергијата, создавајќи стагнирачки простор каде ништо не се случува.

    Но како да се отстранат овие ѕидови без рушење. Решението лежи доколку нив ги направите носители на квалитетна енергија.

    Првиот важен ѕид е оној кој го гледате пред да легнете, односно првиот кога ќе се разбудите. Фокусот треба да биде ставен на предмети, слики и бои на ѕидот кои ќе рефлектирааат квалитетна енергија која одговара на вашите соништа, желби и карактер. Треба да се знае дека илустрации на вода, големи огледала свртени кон креветот, како и слики кои имаат агресивни, тажни и депресивни призори не се поволни.


    [​IMG]


    Другиот важен ѕид е оној кој ќе го видите кога влегувате во вашиот дом. Според фенг шуи е неповолно кога при влегување гледаме во ѕид, а уште понеповолно е доколку има поставено огледало коe ја одвраќа енергијата, односно Чи. Овој ѕид треба да се разубави со уметнички дела или мурал, со раскошни високи растенија, или со комбинација од претходните.


    [​IMG]
     
  8. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Фенг шуи: место за часовникот


    [​IMG]Часовниците се неизбежни предмети во секој дом кои ни помагаат да го усогласиме нашето темпо во согласност со времето. Според фенг шуи, постојат некои места за поставување на часовникот кои се поповолни од други, а постојат и места кои не се препорачуваат.

    Поволни простории за поставување на часовници се кујните, дневните соби и работните соби.

    Доколку часовник е мал, поволен е и во детската соба бидејќи им помага на децата подобро да го разберат токот на времето.

    Исто така, будилник во спалната соба практично е потреба, но сепак треба да биде мал и лесно подвижен. Одберете будилници кои работат на батерии, а не на струја, за да се заштитите од електромагнетните бранови кои може да делуваат неповолно на здравјето. Не поставувајте големи будилници во спалната соба, а уште понеповолно би било ако во спалната соба ставите повеќе различни часовници. Спалната соба е место за потполна релаксација, место каде што времето “забавува” и со него треба да владее еден поинаков часовник – часовникот на вашето тело.

    Ако имате збирка на ѕидни часовници кои сакате да ги изложите, може да ги поставите во дневната соба, или како во некоја галерија, изложете ги во ходникот.


    Уште неколку совети:

    • Не го поставувајте часовникот така што прво него би го здогледале кога влегувате дома;

    • Не поставувајте метален часовник на источниот дел од домот, каде што е делот на здравјето и семејството;
     
  9. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Фенг шуи: ѕвончиња против негативната енергија


    [​IMG]Употребата на ѕвончиња е многу ефикасен и моќен лек во фенг шуи. Се користат за да се пренасочи енергијата, односно да се промени нејзиниот тек. За да најдат своја примена во фенг шуи, треба да се знае како правилно да се употребуваат.

    Ѕвончињата се еден од најдобрите лекови за ублажување на негативната енергија која предизвикува лоша среќа, незгоди и хаос. Најсилно делуваат кога се поставени во градината или на балконот, но и во станот се делотворни бидејќи ја раздвижуваат енергијата. Ѕвончињата може да се разликуваат по обликот, материјалот, големината и бројот на цевчиња. Поради тоа постои и разлика во звукот којшто го произведуваат.

    [​IMG]Ѕвончињата од дрво најдобро е да се постават на исток или на југоисток, додека металните повеќе одговараат на север, северозапад и запад. Кога се поставени пред остри рабови, ѕвончињата го ублажуваат нивното штетно влијание, а закачени на влезната ја прочистуваат аурата на лицата кои влегуваат. Ѕвончињата можат да се закачат, како стражари, во мирните агли и на тој начин штитат од налетот на штетното Чи.

    [​IMG]



    При користењето на ѕвончињата треба да се имаат во предвид следните правила:

    • немојте да седите веднаш под ѕвончињата;
    • не ги закачувајте веднаш над вратата или прагот;
    • закачете ги таму каде што има воздушно струење – најдобро покрај прозорец.


    Ѕвончињата се добри за некои корекции на неповолни ситуации:

    • истакнати агли и носечки тавански греди;
    • две или три врати во права линија;
    • врата која се наоѓа спроти скали, тоалет или балкон.
     
  10. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Фенг шуи: елементот воздух во вашиот дом



    [​IMG]Од сите четири елементи, единствено воздухот е невидлив. Доколку нема провев или непријатен мирис, за него често не сме ни свесни.

    Квалитетот на воздухот во домот влијае силно на целокупната енергија во домот.

    Денес воздухот во градовите е загаден, некогаш и до таа мера што тешко се апсорбира кислородот и “праната”.
    Прана е животна енергија и затоа во јогата ја истакнуваат важноста од правилното дишење бидејќи тоа ни овозможува внесување на животната енергија која се наоѓа околу нас.

    Честопати и воздухот во становите не е квалитетен поради присуство на чад од цигари, испарување на бои, различни лепила. Загадениот воздух е преполно со позитиви јони кои може да доведат до:

    • умор и поспаност;

    • депресија;

    • зевање;

    • чести главоболки ...


    Што може да се направи за да имаме поквалитетен возух во домот?

    • редовно проветрувајте го домот;

    • не пушете дома бидејќи чадот од цигарите драстично го уништува Чи на просторот;

    • сведете ги на минимум предметите кои емитираат неповолно зрачење;

    • чувајте растенија во домот.
     

Сподели: