Фенг шуи

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг Шуи е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата.Зборовите фенг шуи буквално би се превеле како „воздух-вода“ на македонски.Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи е праксата на аранжирање на предметите (како мебелот) со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели. Но, традиционално, фенг шуи се користи првенствено за да се одбере местото на живеење, за работа и за гробни места.Се смета дека некои техники на фенг шуи се користени уште во време на династиите Хан, Танг, Сонг и Минг.

Би сакала да наведете примери според Фенг Шуи и вашето мислење ?Дали го уредувате домот според Фенг Шуи и дали има ефект?
 
Последна промена од модератор:

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Иначе ти го сменив фонтот не сме старци одлично гледаме сите и нека иде во Дом и Семејство нема мистерија тука.. :D

Jас би сакал, има во Македонија стручни луѓе што се бават со тоа, ја фалеле техникава многу луѓе така да верувам во нејзината ефикасност. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka and JaMi

Yellow Submarine

Нов член
3 март 2012
4
3
3
Всушност, овие пролет/лето што идат, планирав да ја преуредам собата во Фенг-Шуи стил. Верувам дека ќе помогне, а и да не помогне барем ќе биде просторот искористен подобро, повеќе одговара така за собата моја. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Иначе ти го сменив фонтот не сме старци одлично гледаме сите и нека иде во Дом и Семејство нема мистерија тука.. :D

Jас би сакал, има во Македонија стручни луѓе што се бават со тоа, ја фалеле техникава многу луѓе така да верувам во нејзината ефикасност. :)
хаха ме изнасмеаа...нема гајле затоа и ти си тука да помогнеш кај да оди темава ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka and Hip.Hop_MKD

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Огледалата спаѓаат во најпопуларниот лек според Фенк Шуи.Се користат да се пренасочи,одбие или да се додава енергија, а одлични се кога постои потреба од ослободување на блокадата на некој животен сегмент.За разлика од многу други лекови ,во врска со огледалата постојат некои потреби кои мораат да се почитуваат.Тоа што е важно да се знае за огледалата е следното:
-секогаш треба да бидат потполно чисти
-скршени,оштетени и затемнети огледала имаат несакан ефект и затоа потребно е да се тргнат.
-отсликани огледала не ја задоволуваат целтта според Фенг Шуи
-мораат да бидат доволно големи за да може да се види комплетниот израз на секој член од семејството.
-не се препорачуваат нерамни огледала затоа што ја сечат енергијата на просторот со нивните ивици.
-одгледалата во спалната соба не би требало да ја одразуваат личноста додека спие или лежи...
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Не сум бил запознат со фенг шуи...фина работа :)
покасно ќе напишам уште информации во врска со Фенк Шуи.....па бисакала кого го интересира и доколку најде информации нека ги сподели со нас...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Кревет според фенг шуи
Познато е дека квалитетот на душекот и положбата на креветот директно влијаат на здравјето на човекот.Еве неколку фенг шуи совети поврзани со оваа тематика:
За овозможување на добар сон според фенг шуи се советува под креветот да има воздушен простор, како и празен ѕид над креветот.

Покрај изборот на квалитетен кревет, важно е и да се избере квалитетен душек. Впрочем, во креветот минуваме приближно една третина од животот. Денес на пазарот може да се најдат голем број квалитетни душеци произведени по најсовремена технологија, во согласност со сознанијата добиени од опсежни научни истражувања.

Според фенг шуи креветот за две лица задолжително треба да има едноделен душек – два душека на еден кревет доведуваат до раздвојување на партнерите (и можен прекин на емоционалната врска). Подниците може да бидат одвоени, што е особено практично ако едниот партнер е значително потежок од другиот или ако немирно спие. Големината на креветот истотака е важна – креветот не треба да биде ни премал (доведува до намален потенцијал за успех во животот), а ни преголем (што може да доведе до одлив на приходите).
feng_shui_krevet.jpg

Се препорачува креветот да има полно заглавје, додека шупливото, решеткасто или заглавјето од летви се непожелни. Потполно чувство на сигурност се постигнува со прилепување на креветот со заглавјето до ѕид. За рамноправен однос меѓу партнерите фенг шуи советува да се овозможи приод до креветот од двете страни – затоа немојте да го прилепувате креветот по должина до ѕид. Ова правило не важи доколку креветот е за едно лице.

Најповолно е просторот под креветот да биде празен. Ако под креветот се наоѓаат фиоки, тие треба да бидат уредни. Не е добро да бидат натрупани со разни работи бидејќи во тој случај се спречува циркулација на енергијата. Во фенг шуи многу низок кревет или само душек на подот е непожелно.

За добар сон фенг шуи препорачува празен ѕид над креветот. Полиците или ормар-мост го пристискаат лицето кое спие и може да предизвикаат проблеми со спиењето, па и здравствени проблеми. Истотака треба да се избегнува спиење под кос кров односно греда.
feng_shui_krevet2.jpg
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Според фенг шуи, во домот подобро е да има нов мебел отколку старински мебел од антикварница. Ова особено важи доколку не сте експерт за старински мебел, бидејќи со внесување на стари предмети во домот може да се внесе лоша енергија. Овој мебел може да има застоена енергија која може да не се вклопи добро со енергијата на останатиот мебел.

При изборот на комода, фенг шуи препорачува таа да нема остри рабови, туку заоблени и на тој начин да не изгледа заканувачки. Од истата причина, поповолни се и комоди кои имаат врати кои ги сокриваат отворените полици. Всушност, воопштено правило според фенг шуи е дека добро парче мебел е она парче кое нема остри, "заканувачки" ивици.

Избегнувајте комоди кои се работени во резба која отсликува опасни животни. Енергијата на таквите тешки парчиња мебел може да го преплави домот. Комодите кои во дизајнот имаат крстови, дијаманти и било какви врвови, не им носат среќа на сопствениците.

Кружна, овална и октагонална маса поставена во трпезаријата е многу посоодветна отколку квадратна или правоаголна, бидејќи нема остри ивици кои ги раздвојуваат луѓето.

Плакарите вградени во ѕидот делуваaт позитивно бидејќи ги пополнуваат аглите на собата.

При избор на гарнитура за седење треба да се знае дека добар распоред на елементите е постигнат кога тие формираат правилен облик: правоаголник, квадрат, или осмоаголник кој се смета за исклучително поволен за распоред на мебелот во дневната соба, како и за дизајнот на прекривката на трпезариската маса.

Избегнувајте распоред на елементите од гарнитура за седење во облик на буквата L или U, бидејќи на тој начин сугерирате дека нешто не е потполно или дека нешто недостасува.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
ФЕНГ ШУИ е еден вид уметност и наука за живеењето и работењето во правилно уредено опкружување.
Таа се занимава со протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи која е зависна од Јинот (позитивната енергија) и Јангот (негативната енергија). Вселената е едно огромно енергетско поле. Фенг шуи ја проучува оваа енергија, нејзиното движење и како таа делува на нас директно или индиректно.
Модерната електро-физика почнува да го прифаќа фактот за интеракцијата помеѓу енергијата на земјата и луѓето. Овие електромагнетни енергии се Чи линии кои се движат во внатрешноста на земјата, и на тој начин создаваат енергија за земјата и за луѓето кои живеат на неа.
Добрата контрола на енергијата во вашиот дом, ќе допринесе вашиот живот да се подобри и вие ќе привлекувате повеќе среќа и богатство. Поради ова се поголем број луѓе ги прифаќаат советите на фенг шуи за уредување на просториите.

8505_meditationfengshui_1259619513.jpg


ФЕНК ШУИ И БОИТЕ ВО ДОМОТ
ФЕНГ ШУИ му придава големо значење на правилниот избор на боите. Не постојат добри и лоши бои, туку поволни и неповолни бои за одреден дел од домот. При изборот на боите основен водич е теоријата на петте елементи. Освен самата нијанса, важен е и интензитетот. Во просторијата со поголема динамика (како дневна соба или кујна) се внесуваат поинтензивни, додека во просториите за одмор (како спалната соба) се користат поблаги нијанси. Не се препорачува користење на силни бои за големи површини (ѕидови, големи теписи и прекривки). Таквите бои во просторот се внесуваат со помали парчиња мебел, декор и украсни предмети. При изборот на боите, нивниот интензитет и карактеристики, обрнете внимание на вашата реакција на одредена боја. Важно е да се постигне хармонија во просторот и да се усогласи уредувањето по сопствен вкус.
БЕЛАТА БОЈА е добра подлога која помага при истакнувањето на други бои и предмети. Во Кина тоа е боја на жалоста, но истотака симболизира и цврстина. Светло белата боја е погодна за предсобја. Кај простории во кои подолго се престојува се препорачува нијансирана бела (крем, нечиста бела, беж, седефесто бела и сл). Поволна е и за кујните.
ЦРНАТА БОЈА, ако правилно се употребува, може да создаде импресивна атмосфера или квалитетна позадина за други бои. Во спротивно може да делува депресивно. Се препорачува умерено да се употребува. Не е поволна за детски соби, трпезарии, како и за простории за рехабилитација.
СИВАТА БОЈА е боја на компромис и рамнотежа, но исто така може да делува депресивно. Потребно е сивите премази да се одржуваат свежи за да не доведат до малодушност. Често создаваат службена, формална атмосфера. не се поволни за кујни, додека во работната соба и просторот за учење имаат поволно влијание.
СИНАТА БОЈА го намалува стресот и напнатоста, ја поттикнува мудроста, па често се користи и во спалните каде луѓето знаат често да се караат. Исто така симболизира самоувереност и трајност. Не се препорачуваат големи површини со сина боја во дневната соба и кујната.
ВИОЛЕТОВАТА БОЈА се поврзува со интроспекција и медитација, како и со чесноста. Потемна нијанса е поволна за спалните соби и за просториите за одмор, додека посветлата виолетова (во која има прилично црвена) се употребува за поттикнување на динамиката.
ЦРВЕНАТА БОЈА е силна, поттикнувачка боја која се употребува за зголемување на активностите. Ако се чувствувате доволно исцрпено и ви недостасува енергија, внесете во својот дом црвена боја – ќе ви биде потребно неколку црвени цвеќиња, декоративно перниче или некој друг украсен предмет. Со црвената треба внимателно да се постапува и не смее да се внесува во големи количини како не би предизвикала раздразливост и хиперактивност. Не се препорачува во работната и спалната соба (освен во по некој детал заради зголемување на страста).
ПОРТОКАЛОВАТА БОЈА се поврзува со здравје, виталност, ентузијазам и оптимизам. Може да се употребува во простории кои се свртени кон север. Поволно влијае за потикнување на комуникација. Не се препорачува во работната или во спалната соба, додека е поволна во трпезаријата и дневната соба.
РОЗЕВАТА БОЈА е смирувачка нијанса на црвена боја и е ислучиво женствена боја. Ја зголемува романтиката и детската разиграност, па затоа е поволна за спални и детски соби.
ЖОЛТАТА БОЈА исклучително стимулира, а се поврзува со интелектот, долговечноста и доброто расположение. Ја симболизира енергијата на сонцето. Добра е за стимулирање на комуникациите, менталната енергија и бистрината на мислите. Поволна е за сите семејни и дневни простории. Силната нијанса е неповолна за спалната соба.
ЗЕЛЕНАТА БОЈА го поттикнува чувството на хармонија и мир. Тоа е смирувачка боја која се наоѓа помеѓу ладниот и топлиот дел на спектарот. Поволна е за работни и спални соби, а во светли нијанси и за кујните, додека не се препорачува за просториите во кои е пожелна голема динамика. Светлите тонови симболизираат раст, додека потемните тонови во големи количини можат да делуваат смирувачки.
КАФЕНАТА БОЈА има стабилизирачки ефект, но премногу кафена боја може да делува уморно. Не е поволна за постарите луѓе бидејќи се поврзува со есента. Прикладна е за работни простории.

ДОМОТ КАКО ТЕЛО - ФЕНГ ШУИ

Метафорично кажано домот е вашето “второ тело”. Начинот на кој се однесувате кон домот остава големо влијание врз вашето физичко тело како и врз случувањата во вашиот живот.
Секој дел од домот има своја приказна и одредена улога во нашиот живот, како што секој дел од домот има своја намена и функција. Не би требало ниеден дел да е запоставен, запуштен или надвор од функција, затоа што тоа може да се одрази и врз одреден сегмент од животот. Хигиената на умот, духот и телото е битен сегмент во одржувањето на човекот, а исто е и со домот.......

ОГЛЕДАЛОТО И ФЕНГ ШУИ
Во Фенг шуи огледалото се користи за исправување на неправилностите во просторот, но исто така и за активирање на текот на позитивната енергија.

Основно правило кое треба да се земи во предвид при одбирање на местото за огледалото е да тоа го дуплира се она што во него се одразува, со тоа што доколку се стави огледалото наспроти некој неуреден простор и неред ќе дуплира негативна енергија, но доколку во огледалото се одразува нешто убаво и вредно (украси, слики и убаво уредена маса) ќе дуплира позитивна енергија.

Доколку поставувате огледало на внатрешната страна од плакарот, внимавајте во плакарот да биде се средено. За зголемување на благосостојбата се препорачува спроти огледалото да се стави вазна со цвеќе или кутија со накит или пак некој уметнички предмет.

Освен положбата, битен е и изгледот на огледалото. Пожелно е огледалото да биде направено од еден дел, огледалата направени од повеќе дела не се препорачуваат. Во Фенг шуи не е добро кога огледалната слика на човекот се крши во повеќе делови. Затоа одберете убаво и големо огледало составено од еден дел, финоизбрусено или пак ставено во украсна рамка.

Не се препорачува поставување на огледалото спроти влезот во домот, бидејќи цела енергија ќе се одбие од него и ќе излегува надвор. Освен тоа пожелно е да се избегнува поставување на огледало во кујната за да несе дуплира огнот од електричниот шпорет, бидејќи премногу елементи на оган можат негативно да делуваат на станарите, не се поставува и во спалната соба директно наспроти креветот, бидејќи огледалото може да влијае негативно на сонот.

Пронајдете добра позиција за своето огледало, одржувајте ги чисти огледалата и уживајте во благотворното струење и дуплирање на позитивната енергија во вашиот дом.

Симболи на добра среќа
„...Во фенг-шуи се користат многу поволни симболи кои можат да се употребат за да се потикне добрата среќа во сите области на својот живот.....Добрата среќа може да се потикне со употреба на некои популарни симболи на добра среќа од списокот кој следи: .....„

Фенг–Шуи анализа на просторот

За одредување на секторот на некој простор некои автори го практикуваат методот LO-SHU за кој се користи мрежа (магичен квадрат), а некои PA KUA кој претставува компасна метода.
loshu.jpg

Компасниот Фенг-шуи е попрецизен бидејќи осумте сектори на PA KUA ги покриваат сите осум сектори на компасот и вистинските правци.
pakua1.jpg
 
Последна промена од модератор: