Фамилијарно дрво

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Гуглајќи без везе, онака колку време да ти помине и повкусно да ти биде кафето:kafe листаш и само летимично прелетуваш преку пишаните зборови( не оти нешто ми влага во умот):^) и очиве ми застанаа на наслов-Како да си направите фамилијарно дрво(think).
Можеби има ваква тема, но искрено да си признам дека јас ништо не знам за моите предци, за мојата фамилија и нејзината историја..па дури и криво ми падна .
Почнав таму да пополнувам информации, но останав само до баба ми и дедо ми, понатаму ништо. :(
Навистина ме интересира дали некој од луѓево, од младиве генерации ги интересира кои биле нивните предци, од кого потекнуваат, кои им биле нивните гени, болести, какви карактери...мошне занимливо ми дојде ова прашање...барем на десет поколенија да им ја знаев историјата (think)
Младиве само селфи си прават сами на себе, многу -многу не сакаат да се сликаат со нивните родители..заклучок од тоа..кога ќе остарат нема да имаат слика ни да се подсетат за нив а за баба и прабаба, да не правиме моабет.(worried)
Толку работи не интересираат во животот а она најважното што би требало да го знаеме и чии корени влечеме воопшто не не интересира:(

Колку Вие ја познавате историјата на вашето семејство??
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Ја познавам многу добро. Си ги знам прабабите и прадедовците, а моите ги знаат нивните и може да се направи огромно фамилијарно дрво.
Презимето го носиме по прапрадедо кој животот го загубил во Првата Светска Војна. Јас им викам да го смениме и да го носиме на мојог покоен дедо. Тој беше голем човек, неуморен, препаметен и ја зафркавав баба ми дека во младоста исто како со Елвис Присли да одела. Многу згоден дедо си имав.
Жално е што тие луѓе веќе не се со нас, ни недостигаат премногу и премногу се чувствува нивното отсуство.
Ќе ми недостигаат засекогаш :) (star)
 
misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
@Ѕвездичка
Убаво, навистина убаво(y) Можеш да си направиш едно семејно дрво, има премногу идеи на интернетов...на жалост јас немам и ниту знам од каде би можела да изнајдам било какви информации за моите прапрабаби и дедовци...би сакала да знам што луѓе или нелуѓе биле, што работеле, од што боледувале, дали носам некој нивен белег или не..многу работи ме заинтересираа:(
 
corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Едно време многу се замарав со тоа фамилијарното дрво,но кога сватив дека од пра дедо(второ колено)повеќе неможев ништо да најдам,се откажав од копање информации од минатото,камоли десето колено!:)
Проблемот е во тоа што нема кој да ти даде таква информација!
Инаку многу би сакал да знам за моите претци!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misti.diva orhideja

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Едно време многу се замарав со тоа фамилијарното дрво,но кога сватив дека од пра дедо(второ колено)повеќе неможев ништо да најдам,се откажав од копање информации од минатото,камоли десето колено!:)
Проблемот е во тоа што нема кој да ти даде таква информација!
Инаку многу би сакал да знам за моите претци!
Денес, сосема случајно налетав на една страна и читам- Сакате ли да дознаете за своето минато!?

Почнав да пополнувам, име, презиме, година на старост, мое и на моите родители, ама застанав кај моминското презиме на баба ми..баталив, но ете сега ми е шубе што оставив точни мои информации и срам малку ме фати што незнам ништо за баба ми.
(се надевам дека нема да имам некој проблем)
Убаво е да се поткопа малку по минатото, да видиме чие презиме носиме, од каде ни потекнува, што значи...:) ај можеби ќе ни каже некој од каде можеме тие информации да ги добиеме.
Мене посебно ме интересира минатото оти мајка ми потекнува од друга држава, друга вера е итн.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
На мајка ми мајка и нејзината мајка татко и загинал во војна. Нејзината мајка се превенчала и со новиот маж (очув на мајка ми мајка, мајката) имале севкупно околу 5-6 деца со се мајката на мајката на мајка ми. :)
Значи ако тргнам од тоа колено од таа страна, знам до 4 то колено така нешто ќе дојде
А од другава страна.
Мајката на таткото на мајка ми, нејзината мајка имала вкупно 12 деца од кои 6 и умреле, едното и единствено машко после смртта на мајка му се самоубил, другото мајката на таткото на мајка ми несакајќи го убила (била мала, а другово било бебе и за да го заспие го мавала од ѕид мислејќи дека ја лула) и една била заклана на 20 и некоја година од животот од страна на вереникот затоа што бил болен од туберколоза (тогаш немало лек изгледа) и за да не се превенча ја заклал а тој се обесил.

Од страна на татко ми знам до некаде трето колено ама толку многу се имаат размножено што и да сакам не можам да ги запамтам.
Дури презимето што сега го имаме абер немам од кај ни е, толку многу деца биле па морале да ги менуваат презимињата за да немаат некакви си проблеми во училиштата, па пола од роднините се останати со тоа првото презиме, а другата половина со новото (најверојатно по некој дедо земено).
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Турли тава, во прав смисол.
Од домашната страна (двајцата дедовци) имам некои скромни информации до 4то колено наназад (нивните родители). Прилепско-битолска страна воглавно.
Од „странскиот фактор“ (двете баби) имам далеку повеќе информации. Едната родена во Скопје кај еврејско маало близу чаршијата по татко русинка, по мајка србинка. Ептен криво ми е што не сум го знаел прадедо ми. Жива енергија бил, изгледал 3 мали девојчиња, воено лице на солунски фронт, руска боемчина.
Со другата (од на татко ми страната) многу интересни приказни има, прво од прадедо ми кој бил капетан на брод и активен учесник во првата светска војна. Има цела една книга за повлекувањето низ Крф, како и подоцна кога ја запознава прабаба ми (швајцарски имигрант) во Одеса.Со сите од роднините сме во одлични односи, со некои не пропуштаме да се гледаме барем еднаш годишно, земено фактот дека во дадениов момент сите сме раштркани по белиов свет.
 
Што мислиш, дали постојат некои опции да се дознае за цело едно семејство, генерации уназад и тоа само по презиме!?
Жал ми е што незнам многу, но и кај мене е права турлитава...имам и грчко потекло, имам и плава крв..од на мајка ми страната, значи нејзините баба и дедо биле многу богати, имале слуги, со пајтони ги носеле во школо..ама сето тоа не е ни една капка од морето што го знам.
Повеќе ме интересира карактерно какви биле, дали мојот шашлив карактер е наследен од некој прапрапра!?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Што мислиш, дали постојат некои опции да се дознае за цело едно семејство, генерации уназад и тоа само по презиме!?
Жал ми е што незнам многу, но и кај мене е права турлитава...имам и грчко потекло, имам и плава крв..од на мајка ми страната, значи нејзините баба и дедо биле многу богати, имале слуги, со пајтони ги носеле во школо..ама сето тоа не е ни една капка од морето што го знам.
Повеќе ме интересира карактерно какви биле, дали мојот шашлив карактер е наследен од некој прапрапра!?
Првиот болд - многу тешко. Посебно ако се работи за семејство родено во тогашна Македонија, шансите се скоро никакви. Големиот дел од архивите отоманците ги собирале во Солун, а добро знаеме сегашнава ситуација со Грчка на тоа поле.
За карактер, тој не се наследува туку се гради со тек на време и околности.