Факултет по желба на родителите

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Никогаш не ме контролирале или пак ми наметнувале став во врска со образование... Сега кога ќе размислам не знам колку е таа слобода добра или лоша. Изгледа би требало да има некој баланс. Средно се запишав туризам од свои лични причини, се плашев од (математики и физики), башка во тоа време се отворија повеќе хотели па си направив филм дека демек може полесно да се вработам како менаџер или слично (па да напредувам), синки така оди тоа ќе одиш и право на фотеља ќе те стават. Убаво ми беше првите три години се додека да ми скурчи. Едноставно се заситив од материјалот и сфатив дека ми треба нешто ново. Со тек на време почнуваш да отркиваш шо уствари те влече, те интересира, нешто што со ќејф планираш да го работиш нели. Мене изгледа касно ми дојде тој флеш-лајт ама шо е тоа е. Ете ме сега прва година на финки, маки мачам со математики и физики (предмети со кои последен пат се сретнав во 8мо и мислев дека никогаш во живот веќе нема да ги учам). Помизерно и подепресивно се немам чувствувано никогаш во животот како во првите 2-3 месеци се додека конечно не поминав 2-3 предмети. Од дома ниту ме притискаа ни ништо, изборот беше лично мој и ако се заебам барем самиот ќе се заебам. Одев на картата дека ако не пробаш нема никогаш да дознаеш ќе видиме до кај ке тера работава.
Има еден цитат кој го прочитав од некој рандом човек по интернетов во врска со ова кој вика: Не бирај ја секогаш работата во која си најдобар, избери ја онаа работа која вистински сакаш да ја работиш без да ги гледаш препреките пред неа. Клише е мислава ама сепак доста проста и јасна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

Viktoia

Нов член
9 март 2014
11
11
3
30
Татко ми ден пред да се запишам на факс ( и тоа во 23 часот навечер) ми рече дека не може да одам во Скопје, да си останам во Струмица. Ретко кога се противеше за некоја работа, бев изненадена кога тоа ми го рече. Не го очекував. А отсекогаш сакав да дојдам и да се запишам нешто што понатаму ќе имам повеќе можности. Кога и го реков тоа на мајка ми (што порано секогаш беше на моја страна, дури и бараше смештај со мене) ми рече "Незнам тоа јас. Тоа е помеѓу тебе и татко ти" Наредниот ден сабајлето, станав, се спремав и заминав да се запишам. Сама се снајдов, сама се сместив во студенски. И не се каам. А сега брат ми сто е во Струмица ги троши истите пари што и јас ги трошам овде..
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Како да не..нема шанса тие да ми кажват. Ова е мој живот и ќе продолжам каде јас сакам, нормално ќе ги ислушам што ќе речат, но одлуката ќе ја донесам јас.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Мојот факултет моите го избраа им оставив на нив да бираат пошто мене веќе ништо не ме интересираше (само сум благодарна што на Правен немаше место иначе таму ќе бев сега :) ). Иначе ја cакав на електро да се запишам, ама од кога паднав математика на матура и електро и се што беше поврзано со електро ојде у вода и едноставно не знаев, а и немаше некој голем избор пошто нели втор рок. А вториов пат не ми се почнуваше нешто ново па си продолжив на истиот факултет на друг универзитет и сега ми е каде каде полесно и појасно дури и почна да ме интересира што за разлика од предходно не ни можев да се замислам во таа професија не па да ја учам.
Така да и да ви изберат факултет вашите не откажувајте одма, а размислете :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Според мене многу логично е родителот што не си ја исполнил својата желба во своето време потајно да посакува да го види своето дете токму на таква позиција. Сепак доколку детето не го сака тоа, не треба да се врши притисок. Родителите се должни да си го искажат своето мислење, но сепак треба да се испочитува желбата и одлуката на детето.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Мој живот, мое решение.
Законски до 18 години и не е баш твој живот. Да бидам поконкретен, тие имаат право како ќе те издржуваат тебе и на кој правец би те усмериле. Големата грешка е што многу родители го „злоупотребуваат“ овој закон и ги усмеруваат своите деца на сосема погрешен пат. Чисто од игнорантни сфаќања, тие или го прават детето премногу претенциозно, или па го внесуваат во свет кој не му лежи доволно добро.
Но дека твојот живот е твое право ама баш како што ти самиот ќе си ја наредиш, може да збориш тек кога и самиот ти ќе се издржуваш и ќе си ги плаќаш давачките.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Мој живот, мое решение.
Но дека твојот живот е твое право ама баш како што ти самиот ќе си ја наредиш, може да збориш тек кога и самиот ти ќе се издржуваш и ќе си ги плаќаш давачките.
Сал доволно кажа. Се додека друг ти плаќа, не е баш тоа :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
@Saladin, абе сето тоа убаво, дека тие ме издржуваат и такви ствари .. ама мајке му треба и самите да бидат свесни дека не можат тие да ти кажат што да правиш понатаму со твојот живот .. не може да ти кажат на што да одиш, доколку тебе ни малку во главата не ти штракнало за тоа, воопшто ни на крај памет не ти дошло да одиш на тој факултет. Да, тие ми плаќаат, ама не треба да ми го одредуваат животот натаму.