Факултет по желба на родителите

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Дали го знаете она кога например мајката не успеала да стане докторка туку уште од 3 година средно се омажила и сега на ќерка и сака да ја пренесе нејзината неостварена животна желба и и вели дека мора да учи факултет за докторка иако незнае што е желбата на ќерка и. Јас познавам многу такви примери. Но знам и такви каде децата си учеле што сакаат. Некои лични искуства или од некој да сте слушнале и како се справиле со овој проблем?
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
И мене мајка ми ме тераше да имам професија како нејзината,ама мене тоа не ме влечеше и си се запишав на сосема трет факултет.
Се расправав што се расправав со неа и на крај си се откажа,мој живот бре што сакам ќе правам :svirka
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
сакав да студирам психологија, поради моите се запишав на правен... ми рекоа дека немале пари да ме пуштат во скопје, а за на приватен имаат :banghead и покрај тоа што имаше невидени кавги дома, и покрај сите мои напори, на крајот им успеа целта, ми рекоа или тука или нема факултет а ако сакаш таму работи си, спречали си и оди, од нас нема ништо... многу се каам и воопшто што се запишав на факс... ама ајде, ќе дојде ден кога и на психологија ќе се запишам, па тогаш ќе излезе пак по мое :D
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
И мене мајка ми ме тераше да имам професија како нејзината,ама мене тоа не ме влечеше и си се запишав на сосема трет факултет.
Се расправав што се расправав со неа и на крај си се откажа,мој живот бре што сакам ќе правам :svirka
Логично мислам пред се...ако тие не завришиле факс не значи дека мораш да одиш на факс
или па мораш да го одиш тоа што тие сакаат...е сеа ако интересот ти е таа гранка зошто да не ке имаш помош и + некој искусен до тебе....ама викаме ако ( те интересира ) ако не те интересира мислам дека треба да бидат до тебе
и да те подржат во оној пат кој сакаш да го одиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah and Весна1992

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Родителите секогаш го посакуваат најдоброто за своето дете, затоа и го препорачуваат најдоброто ... реално кое дете на 18 год (колку и да се лупате во гради, на 18 год се уште ништо не знаете, а мислите дека се знаете) знае што точно сака во живото. Секој си лета со паметот и си замислува како ке стане доктор, адвокат, судија, пеач, глумец и што уште не ... Верувам дека преку 70% од лугето денес кај нас работат нешто што е спротивно од нивната професија - па затоа и родителите се тие кој "напнуваат" да ги послушате и да се запишете на тој факултет за кој што мислат дека е соодветен за во блиска иднина !
Јас немав таков проблем, мене од дома ме тераа да се запишам на било каков факултет, само за да учам нешто ... после 2 години ха-ху, се запишав, видов, искусив и напуштив :svirka
Факултетот не ме научи ништо повеќе од тоа што го научив со работа, работата и комуникацијата со луѓето ти дава искуство, а искуството со текот на времето ти враќа со плод од вработеното !

заклучок
баталете факултет, идете во Авганистан ( ако идете таму, немојте во некоја америчка база... идете кај терористите, повеќе плаќаат, а се што треба да правиш е да пукаш во вис во ниедно време и да галамиш како индијанец алалалала)(bandit)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

apple-girl

Полноправен Член
6 декември 2012
46
73
18
Битола
здраво јас сум новааа .. па ја прочитав темата и баш се пронајдов во неа .. хмм .. кај нас тоа е со татко ми .. не баш за факултетот но за средно.. по секоја цена сакаше да имам средно образование како тој во тоа и успеа .. економско .. потоа сакаше да се запишам на економски но цели 4ри години тоа го учев буквално на сила, со сепак заминав на природните науки кои повеќе ми лежеа .. и мислам тоа не е во ред, ако детето нема желба за некоја одредена работа мислам дека треба да биде оставено да решава само за идната професија .. секако дека би требало да му се дадат некои сугестии но не да се влијае целосно на одлуките на детето.. сепак треба да се научи да биде самостоен човек понатаму во животот .. а одлучувањето за образованието е само првиот чекор кон тоа ... позз :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and Весна1992

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Прво, треба да ти остават родителите избор дали воопшто ќе се запишеш на факултет. Јас сепак мислам дека секој треба да се запише и да се обиде барем прва година, да види дали ќе му се допадне.

Второ, мислам дека повеќето 18 годишни знаат на кој факултет сакаат да се запишат. Има исклучоци, но повеќето се заинтересирани за одредени конкретни предмети и области и со тоа, знаат што сакаат да продолжат да учат.

Мене моите никогаш не ме терале против моја воља, ниту во средно, ниту на факултет. Сепак, не е мала работа да потрошиш 4 години од твојот живот на нешто што не сакаш. Прашање е дали воопшто ќе ти иде. Ај сега да те тераат да се запишеш на електро или машински, а ти си немаш појма од математика и физика.
Јас знам и случаи каде што индивидуите почнале втор па дури и трет факултет, затоа што се премислувале или пак не им идело на тој факултет кој првенствено се запишале. И на крајот, се нашле себе си и продолжиле со еден. Да, ќе потрошиш некоја година плус, но важно е да студираш и потоа да работиш тоа што ќе сакаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Весна1992 and Caci

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
story of my life... не само за средно, туку и за факултет и за постдипломски истиот случај ми е... ама конечно и се исполни желбата и сега сум невработен туризмолог што има право да си отвори сопствена агенција и бај д веј има лиценца за туристички водич и големо искуство а воедно сум и магистер економист без искуство ама битно магистрирав тоа што сакаше она!!! :mad
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Весна1992

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Па дел се пронајдов.Причина- сакав јас на економски да се запишам,ама тоа го мислев се` до крајот на трета година. Им реков јас на моиве јас на економски ќе одам и тука на сцена настапи татко ми, ми рече немат шанса на економски, демек многу економисти ова-она, ама се инаетев а и рано беше уште една година средно имав. Дојде 4 година за прв пат учевме бизнис, дојде на ред тест да правиме, јас не можев ништо да научам многу ми беше тешко, ништо не разбирав и ќе пробубав на памет и тоа со тешки маки. И тогаш му велам на татко ми не одам економски, јас то 40 страни бизнис за тест не можам да учам а камоли и друго нешто. После им реков фармација ќе одам и тогаш татко ми ми велит оди си економски ова другово многу потешко е.:giggleАма се одлучив на фармација, по сопствен избор..да можев да поднесам крв и сл. уште од старт ќе одев општа медицина.
Мислам дека нешто најтешко е кога се учи за родителите, сепак еден ден јас ќе ја имам таа диплома и јас ќе треба да работам одредена работа. Тешко е кога нешто правиш со ''сила'' само за да задоволиш туѓи желби. Дипломата претставува еден вид на пасош за во иднина, јасно тоа дека најголем процент во нашава држава не важи, ама сепак годините помината во учење на нешто што не те интересира важат.

Уште ова да го кажам, имам еден другар т.е. сегашен колега, сакаше упте на 18 години да се запише на фармација ама неговите не го оставаа дека Скопје па немал да се снајди и така се запиша во Битола го заврши факултетот и годинава се запиша на фармација да се ја оствари желбата.:D Него сега ќе му дојдат некаде 8 и пол години студирање, ако го заврши на време овој вториов.