не знам дали си сериозен или не ама ја најозбилно ја разбирам темава па ќе ти кажам што да правиш. Кога ќе го завршиш факултетот можеш да се вработиш и во хотел и во агенција. За да бидеш водич не ти треба факултет, ти треба само курс кој кошта 200е отприлика. А кога ќе завршиш факс каде и да сакаш да се вработиш ќе ти бараат искуство... Така да, од мое искуство оди на приватниот туризам во Скопје и ќе одиш таму на пракси и ќе знаеш што точно треба да работиш секаде каде што ќе сакаш да се вработиш. Можеш дури и сам бизнис да си почнеш пошто има и такви предмети. Иначе јас ич не си го сакам мојот факултет пошто мене ме заебаа, не ми дадоа стипендија мадрфакерс ама за се останато е многу добар факултет и ќе се здобиеш со мноооогу знаење и со мнооогу пракса и кога ќе излезеш ќе бидеш спремен за све. И тоа се АКО сакаш да го учиш тоа... Ако не, ништо нема да знаеш и ќе си ја платиш дипломата било каде и ќе имаш завршено било што. Поздрав